Пекинг Кина ќе блокира секакви санкции врз Мјанмар што Советот за безбедност при Обединетите нации (ОН) има намера да ги воведе, соопштија кинеските власти. „Позицијата на Кина кон Мјанмар не е променета – таму очигледно има криза, но ситуацијата не се заканува на стабилноста и безбедноста на ...
Беа уапсени и жени, а кај некои од нив било видливо дека облеката им е натопена со крв од тепање Стотици лица беа уапсени, а имало знаци на сериозни тепања пред портите на манастирот „Нгве Кја Јан“ ЈАНГОН - Хунтата во Мјанмар ослободи 80 свештеници што беа уапсени минатата недела во посериозното ...
Досега Тан Шве распоредуваше војници и полицајци и испрати банди во потрага по свештеници и дисиденти Протести по улиците на Јангон ЈАНГОН - Пратеникот на ОН, Ибрахим Гамбари, вчера се состана со лидерот на хунтата во Мјанмар, Тан Шве, во обид да се оконча крвавата акција за најголемите демократски ...
Многубројните расправи за состојбата на човековите права во Мјанмар не ги спречија светските влади да соработиваат со оваа држава , а меѓу државите кои со години извезуваат оружје во Мјанмар е и Србија, јавуваат српските медиуми.
Женева Светската програма за храна(WFP) при Обединетите нации предупреди дека поради недостаток на пари од следниот месец ќе ја намали доставата на храна во Мјанмар, почнувајќи од училишните оброци. Организацијата истакнува дека проблемот е во високите цени на оризот и горивото.
ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО МЈАНМАР Обединетите нации вчера го испратија Ибрахим Гамбари како специјален пратеник во азиската држава Мјанмар (поранешна Бурма), откако мјанмарскиот воен режим го задуши востанието на граѓаните што бараа демократија.