Жителите ќе добиваат секојдневни извештаи за загадувањето од „Окта“. Сања Наумовска. Вчера почна да се чисти каналот во селото Миладиновци, во кој се испушташе загадена отпадна вода од рафинеријата „Окта“, за што во октомври таа доби прекршочна пријава. Чистењето на каналот во должина од пет километри треба да биде завршено за неколку дена.
Во амбулантната станица во село Миладиновци од вчера им се вршат беслатни лекарски прегледи на граѓаните што живеат во околината на рафинеријата „Окта“. Од општина Илинден велат дека по прегледите ќе се добие целосна слика за здравстевната состојба на граѓаните. Ќе се утврди на колкав ризик е изложено населението од влијанието отровните гасови од рафинеријата „Окта“.
По кратката нафтена криза има бензин на сите пумпи, откако завчера беше постигнат договор меѓу рафинеријата „Окта“, Владата и населението на околните села, кои ги тргнаа блокадите на кои стоеја осум дена. На некои бензински пумпи велат дека има недостиг од некои деривати, а причина за тоа бил пожарот што ја зафати рафинеријата во петокот вечер, поради што таа престана да работи.
Силвана Јовановска Протестот на жителите од општина Илинден, кои повеќе од една недела ја блокираа рафинеријата „Окта“, е привремено прекинат, по посетата на вицепремиерот Зоран Ставревски, кој им ветил исполнување на нивните суштински барања. Барикадите се тргнати и цистерните почнаа слободно да влегуваат во „Окта“.
Блокадите пред „Окта“ завршија. Проблемите останаа. По осумдневен протест на граѓаните што живеат во околината на скопската рафинерија, цистерните слободно може да ги снабдат пумпите со гориво, а болниците, училиштата, фабриките и граѓаните што се греат на мазут, конечно ќе здивнат.
Жителите од шесте села околу "Окта" вчера доцна попладне ги повлекоа барикадите од пред влезот во рафинеријата и протестите ги ставија во мирување. Тие со владина делегација, предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески, потпишале меморандум, со кој Владата се обврзала во рок од пет дена да почне со исполнување на нивните барања.
Владата вети дека со планот од пет точки ќе стави крај на загадувањето. Сања Наумовска Маја Томиќ Владата, конечно, покажа вознемиреност околу состојбите со „Окта“ и блокадите што траат со денови, поради што може да се доведе во прашање снабденоста со горива на домашниот пазар.
„Нема дизел“, „Не точиме гас“, „Нема евросупер 95“... Со вакви написи бензинските пумпи вчера ги информираа граѓаните за недостигот од горива предизвикан од блокадите на рафинеријата „Окта“ од жителите на околните села поради загадувањето. Многу граѓани исплашени дека може долг период да останат без гориво, побрзаа да ги наполнат резервоарите.
Владата вети дека во рок од пет дена ќе бидат исполнети барањ ата на жителите што протестираат пред „Окта“ и најави казни против рафинеријата ако се утврди дека е виновна. Вицепремиерот Зоран Ставревски вчера беше кај жителите што една недела го блокираат влезот во „Окта“.
Поранешни и сегашни високи функционери и инспектори за животна средина може да добијат прекршочни и кривични пријави затоа што не го третирале сериозно случајот со долгогодишното загадување што го врши рафинеријата „Окта“ врз населението од околните села.
Долга редица цистерни денеска чекаа на влезот во ОКТА. Блокадата на мештаните попушти, но нивните проблеми остануваат. Жителите на Миладиновци, Бујковци, Марино и уште неколку села во регионот се по малку лути што мораа да ја блокираат ОКТА за да добијат внимание од јавноста и поддршка од државата. Тие велат дека загадувањето, кое трае со децении, не може да се реши наеднаш.
„Нема дизел“, „Не точиме гас“, „Нема евросупер 95“... Со вакви написи бензинските пумпи вчера ги информираа граѓаните за недостигот од горива предизвикан од блокадите на рафинеријата „Окта“ од жителите на околните села поради загадувањето. Многу граѓани се исплашени дека може долг период да останат без гориво, побрзаа да ги наполнат резервоарите.
Рафинеријата ОКТА ќе увезе деривати од Грција за целосно да ги покрие потребите на македонскиот нафтен пазар. Иако од вчера протестите се во мирување, поради хаваријата ОКТА не произведува деривати. Цистерните се полнат од резервите на компанијата, но на дистрибутерите и тие им се нудат во ограничени количини. Редукција имало во снабдувањето со дизел и екстра лесното масло за домаќинствата.
Во Министерството за екологија привршуваат административните процедури за распишување на тендерот за изработка на Студија во која ќе бидат содржани сите апекти на загадувањето, како и на тендерот за набавка на двете станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Понудениот пакет-мерки на Владата за решавање на проблемот со загадувањето што го врши Окта врз животната средина, а кои ...
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески денеска се сретна со граѓаните од околината на рафинеријата ОКТА, кои веќе неколку дена протестираат поради неконтролираното и перманентно загадување на воздухот, водата и почвата што го врши рафинеријата.
Блокадите пред рафинеријата ОКТА во Миладиновци се' уште траат, но можно е денеска по состанокот на жителите, да бидат ставени во мирување, вели Миле Станковски, еден од граѓаните кои го блокираа влезот на ОКТА барајќи заштита на еколошките услови во околината на рафинеријата.
Во Македонија, жителите од скопското село Миладиновци се согласија да ги стават протестите пред рафинеријата ОКТА во мирување, но притоа побараа да се потпише договор за реализација на владините мерки. На ова, вицепремиерот Зоран Ставрески се согласи. Тие најавија дека ќе ја следат реализацијата и доколку не се одвива според планираното повторно ќе ги активираат блокадите.
Силвана Јовановска Болниците, училиштата и домаќинствата ќе останат без греење затоа што резервите мазут се при крај поради неработењето на скопската рафинерија. На бензинските пумпи во земјава има бензин само за до крајот на неделава. Ако блокадата на „Окта“ не прекине за неколку дена, ќе има недостиг од гориво и за граѓаните и за индустријата. - Мазут веќе нема.
"Макпетрол" ги потроши залихите на мазут, а бензини на најголемиот синџир на бензинските пумпи во земјава ќе има само до крајот на неделава, ако продолжи блокадата на скопската рафинерија. Од "Макпетрол" вчера се воздржаа да одговорат дали планираат до крајот на неделава сами да увезат мазут и нафтени деривати за нивните клиенти и за нивните бензински пумпи.
Викендов се испорачани последните количества мазут за „Топлификација“ и за неколку болници и училишта. Соња Маџовска Нина Нинеска-Фиданоска Точно е дека граѓаните што живеат во околината на „Окта“ имаат сериозни проблеми со загадувањето од рафинеријата и тие имаат потполно право што протестираат.
Монополот на „Окта“, јасно и свесно даден со контроверзниот купопродажен договор, повторно доаѓа до израз со најновите случувања што ја тресат јавноста. Најмногу се погодени жителите на Миладиновци, најмалку раководството на „Окта“. Речиси десетина години, откако таа стана газда на скопската рафинерија, до денеска тлее проблемот со загадувањето на целата околина поради испуштањето многу големи ...
се предвидува во рок од 5 дена да бидат поставени две мерни станици и да се исчистат сите канали. Истовремено ОКТА се обврзува да изгради одводен канал преку кој ќе се одлеваат отпадните води, а Министерството за здравство ќе организира здравствени прегледи со кои ќе се утврдат евентуалните труења кај жителите.
„Топлификација“ гарантира дека граѓаните нема да останат без парно бидејќи ќе увезат мазут. Во земјава има резерви на мазут за само уште една недела, поради што снабдувањето на училиштата, градинките, болниците и на другите јавни установи е доведено во прашање.
Жителите на селата Бујковци и Миладиновци решија да ја блокираат „Окта“ поради загадувањето на кое се жалат со години. Раководството на „Окта“ ги прифатило барањата на жителите од околните населби и тие најверојатно ќе ги прекинат протести те пред влезот во рафинеријата, кои почнаа пред една недела.
Министерот за екологија, Неџати Јакупи и директорот на ОКТА, Ламброс Зогопулос, денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се надеваат дека ќе заврши седумдневната блокада на скопската рафинерија. Во своето прво појавување во јавноста од почетокот на блокадата, директорот на ОКТА, Зогопулос не одговори на прашањето кога рафинеријата ќе почне да работи.
Без никакви консултации со жителите на селата околу рафинеријата „Окта“ вчера бил потпишан меморандум за соработка во намалувањето на загадувањето меѓу компанијата, општината Илинден и Министерството за животна средина. Челниците на рафинеријата прифатиле да се постави мерна станица за сите загадувачки материи што се испуштаат од неа, да се исчисти каналот во кој се испуштаат отпадните нови и да ...
По постигнатиот договор, цистерните кои осум дена чекаа влез во рафинеријата конечно отидоа да ги натоварат нафтените деривати. Дел од локалните жители беа против прекинот на блокадата, инсистирајќи дека прво треба конкретно да се исплнат петте барања, па тие да се повлечат. „Вечерва не попуштаме. Утре сабајле можеби. Ние повторно треба да се договориме.
По осум дена блокада, цистерните влегоа во рафинеријата. Вицепремиерот Ставревски во име на Владата ги убеди мештаните да ги тргнат барикадите. Тој им вети дека Владата, а не ОКТА, ќе им изгради две мерни станици во околината, за да знаат кога рафинеријата загадува.
, во земјава има резерви на мазут за само уште една недела, поради што снабдувањето на училиштата, градинките, болниците и на другите јавни установи е доведено во прашање. Скопска „Топлификација“ име резерви на мазут само за до петок, но раководството на компанијата категорично тврди дека граѓаните во никој случај нема да останат без парно греење.
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески денеска ќе се сретне со граѓаните од околината на рафинеријата ОКТА, кои веќе неколку дена протестираат поради неконтролираното и перманентно загадување на воздухот, водата и почвата што го врши рафинеријата.
Вицепремиерот Ставрески, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата со граѓаните ќе им ги презентира мерките на Владата за надминување на состојбите кои произлегуваат од работењето на рафинеријата, како и за можноста за евентуален прекин на блокадите.
Пакетот мерки за решавање на проблемот со загадувањето на околината предвидува во рок од пет дена да се постават две мерни станици за испитување на загаденоста на почвата и да се исчистат сите загадени канали. Исто така, ОКТА треба да изгради цевковод преку кој ќе се исфрлаат отпадните материи што ги загадуваат каналите.
ОКТА е деблокирана. Жителите протестите ги ставија во мирување откако Владата им вети решение на проблемот со загадувањето од рафинеријата. Во документот што го потпиша со локалното населени, власта се обврзува дека веднаш ќе почне со чистење на одводните канали, и со бесплатни здравствени прегледи за жителите на Миладиновци.
Македонија може да се соочи со криза за масло за јадење ако во наредниот период целосно не се реши прашањето со блокадите на ОКТА. Рафинеријата засега не испорачува мазут а маслодајната индустрија се соочува со неизвесност дали ќе се продолжи со производство на масло за јадење. Резерви на мазут имаат уште за неколку дена, ако не набават нови велат дека ќе го стопираат производството.
Го потпишаа договорот во кој се набројани петте точки со кои ќе се исполнат нивните барања. Откако го потпишаа договорот, граѓаните се согласија да ги стават блокадите во мирување. Но доколку не се испочитува договореното, тие пак ќе ги активираат протестите. Во рок од два дена Владата ќе испрати експерти за да утврдат колкава е загаденоста од ОКТА.
Недостигот на гориво кои се јави заради граѓанските протести пред ОКТА, повод за дистрибутерите да побараат рамноправен третман на пазарот. Сопствениците на бенизнски станици велат дека во ваквите ситуации не им се исплати самите да увезат гориво, затоа што треба да платат повисоки царински давачки отколку што за тоа плаќаат ОКТА или Лукоил.
Со пакетот мерки за спас од загадувањето на Рафинеријата, власта ја прекина и нафтената криза во земјава, која се јави откако жителите на скопско Миладиновци ја блокираа работата на Окта. Жителите на скопско Миладиновци вчера ги ставија во мирување осумдневните блокади пред Окта откако Владата најави дека ќе го реши проблемот со загадувањето од скопската Рафинерија.
Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска во 14 часот, ќе оствари средба со граѓаните од околината на рафинеријата Окта, кои веќе неколку дена протестираат поради неконтролираното и перманентно загадување на воздухот, водата и почвата што го врши рафинеријата.
Жителите се согласиле да ги стават протестите во мирување, но притоа побарале да се потпише договор за реализација на владините мерки, на што вицепремиерот Ставрески се согласи. Тие најавија дека ќе ја следат реализацијата и доколку не се одвива според планираното повторно ќе ги активираат блокадите.
Три до четири пати е зголемен бројот на заболувањата предизвикани од загадување со сулфур кај децата кои живеат во пошироката околина на рафинеријата ОКТА. Доктор Митко Матеничарски е локалниот педијатар кој со години сам се бори за здравјето на децата што ги дишат отровните честички од рафинеријата.
Блокадите пред скопската рафинерија ОКТА, создадоа недостиг на нафтени деривати. Бензинските пумпи задоволни, граѓаните исплашени дали среде зима ќе останат без греење. Во моментов недостиг на горива има во „Макоил“, но и други помали бензински пумпи во државава, кои директно досега се снабдуваа од ОКТА. „Имаме недостиг од гориво, но можеби за нас овие блокади се и добри.
Новите казни за загадување на животната средина се повеќекратно зголемени и откако ќе се усвојат во Собранието, загадувачите ќе плаќаат глоба од 70 до 150 илјади евра, наместо досегашните максимални 20 илјади евра. Граѓаните на блокадите кај ОКТА велат паричните казни нема да ја спречат ОКТА да загадува. „Казната за ОКТА не претставува ништо.
Постигнат е договор со ОКТА. Рафинеријата ги прифати барањата на министерството за животна средина. Ќе биде поставена мерна станица за регулирање на загадувањето. Граѓаните на блокадите пред ОКТА, сеуште не го прифаќаат договорот. Чекаат да видат што точно содржи. Министерот за животна средина дојде на блокадите.
Сеад Ризвановиќ Три-четири пати е зголемен бројот на заболувањата предизвикани од загадување со сулфур кај децата што живеат во пошироката околина на рафинеријата „Окта“. Доктор Митко Матеничарски е локалниот педијатар кој со години сам се бори за здравјето на децата што ги дишат отровните честички од рафинеријата. - Некои кожни осипи во кругови се појавуваат кај луѓето.
Снемува и мазут за работа на Топлификација, на стопанските објекти, на болниците... Александрија Стевковска Повеќе бензински пумпи од денеска веќе не точат бензин, бидејќи не можат да набават нови количини нафтени деривати поради блокадата на „Окта“ што трае речиси цела недела.
„Окта“ го прекина производството по експлозијата и пожар во одделот за преработка на нафта, што се случи во петокот вечерта. Причините за пожарот се' уште не се познати. И покрај хаваријата, жителите на општината Илинден најавија дека блокадите на влезот од рафинеријата ќе продолжат и денеска, седми ден по ред.
"Окта“ веќе една деценија ја загадува Македонија, нејзината политика, економија и животна средина. Купопродажбениот договор се покажа кобен - за рафинеријата плаќаме сите со пари, а еве, нејзините соседи и со здравје. Жителите на општината Илинден, особено на селото Миладиновци - кое е најзагрозено, решија дека им е доста од сулфур, од тумори, од чудни пликови по телото, од тешкотии при дишење.
Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево со соопштение реагира на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со рафинеријата ОКТА. - Не се точни обвинувањата дека Владата ги штити интересите на ОКТА, напротив, Владата во 2007 година донесе измени и дополнувања на постоечкиот Закон за животна средина со кои воведе високи казни односно глоби за загадувачите на животната ...
Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе барање за посебна собраниска седница за ОКТА. СДСМ ќе бара информации за превземените мерки од Министерството и Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија и Републичкиот завод за здравствена заштита.
Навреди, пцовки и меѓусебни обвинувања меѓу вработени во Окта и жителите на Миладиновци кои протестираат пред рафинеријата. Се скараа за блокадите. Вработените обвинуват дека протестот е политички, жителите враќаат грчките газди се виновни за се. Шести ден жителите од Миладиновци го блокираат влезот на рафинеријата. Бараат Окта да не ги загадува и да го намали сулфурот во воздухот.
Петкратно зголемување на износот на глобите за правни и за физички лица предвидуваат промените на Законот за животната средина, кои вчера ги усвои Владата. Досегашните казни од 8.000 до 20.000 евра ќе бидат заменети со парични казни од 70.000 до 100.000 евра, информира министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
Министрството за животна средина и просторно планирање ги отфрла обвинувањата што во неделата преку Влатко Серафимов ги упати опозицискито СДСМ, дека Валдата ги штоти интересите на грчката фирма. Како потврда за тоа посочуват дека од нивна страна по зголемувањето на казните за еколошките прекршители во 2007 г.
Снемува дизел, екстралесно гориво, безоловен бензин и други деривати на голем број бензински пумпи, затоа што рафинеријата „Окта“ не може да изнесе ништо од својот фабрички двор поради блокадите на миладиновчани. Рафинеријата не произведува нови горива затоа што мора да ги санира дефектите од пожарот што настана во петокот вечер.
Грчките сопственици на состанок со министерот за животна средина Јакупи се согласија да ги прифатат барањата на локалните жители кои инсистираа да се намали загадувањето кое штетно им влијае на здравјето. Заврши драмата на жителите кои живеат во близина на рафинеријата „ОКТА“.
Грчките сопственици на состанок со министерот за животна средина, Јакупи се согласија да ги прифатат барањата на жителите кои инсистираа да се намали загадувањето кое штетно им влијае на здравјето и направија блокади изминативе денови На средбата што ја организираше министерот за животна средина, Неџати Јакупи со првиот човек на Рафинеријата, гркот Ламброс Зогопулос , беа прифатени сите барања на ...
Жителите на селата од општина Миладиновци се надеваат дека Министерството за животна средина ќе изврши притисок врз Рафинеријата и конечно ќе се спроведе трајна еколошка заштита на околината и ќе се набават мерни станици за 24-часовно следење на загадувањето. Шест дена на студ и снег, но со цврста одлука да истраат до крај, жителите на општина Миладиновци особено на селата околу Окта, се решени ...
Со повисока парична казна Владата ќе го решава проблемот со загадувачите како Окта. На денешната седница го прифати предлогот за зголемување на глобата од 20 на 100 илјади евра. Измените на Законот за животна средина ќе се носат на итна собраниска седница. Раководството на ОКТА и понатаму молчи за хаваријата во рафинеријата.
Горивата поевтинуваат, но и ги има се помалку. Блокадите на граѓаните против загадувањето на ОКТА ги исцедија резервоарите на добар дел од бензинските станици во земјава. - Од пет пумпи само уште на оваа имаме гориво, на другите веќе немаме резерви ниту на бензин, ниту на дизел, велат од Макоил. Неколку сопственици на бензински попладнево заминаа за ОКТА.
ОКТА останува под блокада. Жителите ниту вечерва не попуштија пред убедувањата на министерот за екологија дека со меморандумот што министерството го потпиша со ОКТА проблемот со загадувањето на рафинеријата ќе се реши. Жителите најмногу забележуваат што ќе се постави 1 а не 4 мониторинг станици како што бараат.
ОКТА ќе мора да го исчисти каналот по целата должина, да постави нови цевки на прочистителната станица, и најглавно, да постави мониторинг станица, доколку сака да се тргнат блокадите од нејзината врата. Граѓаните на Миладиновци, сепак се скептични околу договорот. Ќе побараат време за детално да ги прегледаат и да проанализираат сите рокови кои тој ќе ги предвидува.
Повеќе приватни бензински пумпи вчера ги точеа последните резерви на гориво, а скопска Топлификација најави дека ќе увезува мазут за да има парно греење ако проблемот не се реши. Блокадите пред Окта продолжуваат и денеска и покрај вчерашниот договор помеѓу претставници на Министерството за екологија и на скопската Рафинерија, со кој треба да се исполнат некои барања на жителите од Миладиновци за ...
Поради блокадите на граѓаните од скопско Миладиновци, на рафинеријата ОКТА, во земјава веќе почна да се јавува недостиг на горива и мазут на некои бензиски пумпи. Незадоволното локално население, во знак на револт поради долгогодишно труење со издувни гасови и испуштање на опасни материи во отпадните води го бликира влезот во рафинаеријата.
“Макпетрол“ ги потроши залихите на мазут. Од компанијата велат дека се испорачани последните количини на мазут за училиштата, за топланите и некои други објекти, со што се исцрпени резервите. Во однос на снабденоста со нафта и бензини, од “Макпетрол“ за Нетпрес изјавија дека имаат количини доволни за наредните седум дена.
На искажаните обвинувања во врска со случајот ОКТА, министерството за животна средина и просторно планирање укажува на фактот дека во времето на владата на СДСМ, министерството донело Закон за заштита на животната средина во 2004 година, во кој беа предвидени многу ниски казни за големите загадувачи.