TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Расте бројот на заболени од рак на белите дробови

Сител - 15.11.2008

Околу 870 луѓе во земјава годишно заболуваат од рак на белите дробови. Задоцнетото откривање не гарантира продолжување на животот. Оваа болест е со најголема смртност од сите малигни заболувања. Најмногу страдаат мажите на возраст помеѓу 50 и 60 години. - Земајќи ја во предвид високата инциденца и доцното откривање,мал број од заболените лица можат да бидат предмет на хируршка терапија.

Ракот кај пушачите доцни, но не простува

Време - 14.11.2008

Елена Ацевска Триесет години сум активен пушач и пушам по една кутија цигари дневно. Постојано слушав колку е штетно пушењето и дека треба да се откажам, но сето тоа не го сфаќав сериозно. Мислев дека мене нема ништо да ми се случи и дека нема да заболам од некоја болест поради пушењето, се довери 50-годишниот М.С. од Скопје, кој пред еден месец бил опериран од карцином на белите дробови.

Ракот на белите дробови доцна се открива

Утрински - 14.11.2008

Само малку од новооткриените пациенти со белодробен карцином стасуваат да се оперираат. Помалку од 10 отсто од 860 новооткриени пациенти со белодробен карцином во Македонија стасуваат да се оперираат. Ова е многу мала бројка, што значи дека во нашата земја ракот на белите дробови се открива во доцна фаза, кога болеста е напредната и шансите за лекување се мали.

Пушачи се девет од десет болни со рак на бели дробови

Н.Македонија - 14.11.2008

Во Македонија има околу 870 нови дијагностицирани пациенти со рак на бели дробови годишно. Ова е податок кој треба да влијае врз свеста на населението дека навремените прегледи се неопходни за рано откривање и успешно лекување на ова заболување, беше речено на тркалезната маса на тема „Карциномот на белите дробови во регионот“.

Во Македонија годишно се дијагностицираат 800 новозаболени

Сител - 13.11.2008

Белодробниот карцином е карцином со најголема смртност. Треба да се влијае врз свеста на населението дека навремените прегледи се неопходни за рано откривање и успешно лекување на ова заболување, беше речено на денешната прес-конференција пред почетокот на тркалезната маса на тема „Карциномот на белите дробови во регионот“ на која учествуваа еминентни експерти и претставници на релевантни ...

Пушачите имаат 25 пати поголем ризик од појава на рак на белите дробови

Нетпрес - 13.11.2008

Пушачите имаат 25 пати поголем ризик од појава на рак на белите дробови Во Македонија има 870 новодијагностицитани пациенти со рак на бели дробови, задоцнетото откривање на ова заболување не гарантира преживување, рече министерот за здравство на денешната тркалезна маса “Карциномот на белите дробови“ што се одржа во Скопје.Тој посочи дека министерството за здравство презема превентивни мерки со ...