TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Реал го брка 100 милиони евра вредниот Роналдо

Вест - 04.07.2002

"КРАЛСКИОТ КЛУБ" ПОДГОТВУВА НОВ ТРАНСФЕР НА СЕЗОНАТА Роден за Реал?.- Роналдо Раководството на актуелниот европски првак Реал Мадрид за летово подготвува нов трансферен удар на светскиот фудбалски пазар. Очигледно веќе заборавајќи на Креспо, Шевченко и Овен, најновата желба на Флорентино Перес е ...

На улиците на Бразилија 300.000 луѓе

Утрински - 04.07.2002

Бразилците еуфорично ги пречекаа петкратните светски фудбалски шампиони Ерупција! Така најкратко може да се опише она што се случуваше во главниот град на Бразил, Бразилија, а нешто подоцна и во Рио де Женеиро за време на дочекот на петкратниот светски првак.

Повеќе од еден милион луѓе ги пречекаа шампионите во Рио

Дневник - 04.07.2002

ФУДБАЛ - ВЕЛИЧЕСТВЕН ПРЕЧЕК НА БРАЗИЛЦИТЕ Големи улични забави, проследени со играње на традиционалната самба, огномети и сирени, имаше во главниот град на Бразил, Бразилија, како и во Рио де Жанеиро. Повеќе од еден милион луѓе го прославија триумфалното враќање на својата фудбалска репрезентација, ...

Роналду ќе преговара со Реал ако Интер не му ја покачи платата

Дневник - 04.07.2002

БРАЗИЛЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ ШТО Е ПОМАЛКУ ПЛАТЕН ОД ВИЕРИ Претседателот на Интер пред СП најавуваше дека Роналду може да биде продаден, но сега знае дека тој можеби е човекот што би му ја донел титулата Најдобриот стрелец на неодамна завршеното 17.

Четврти ден Бразил живее во самба ритамот

А1 - 03.07.2002

Државата е се уште целосно опиена од петтата светска шампионска титула во фудбал. Стотици илјади бразилци во жолто и во сино ги дочекаа великаните од далечниот исток. Четири воени авиони на небото во бразилскиот воздушен простор го придружуваа леталото со кое бразилската селекција пристигна во Рио.

Еден атрактивен потег и тотален анонимус ќе го претвори во милионер

Вест - 03.07.2002

СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО КАКО НАЈГОЛЕМА СВЕТСКА БЕРЗА НА ФУДБАЛЕРИ Кој е толку храбар сега да ја процени неговата вредност? - Роналдо Секое светско првенство, а никаков исклучок не беше и во неделата завршениот Мундијал во Јапонија и Јужна Кореја, истовремено е и најголемата берза на фудбалери.

"Златната топка" за Оливер Кан

Утрински - 03.07.2002

Избран најдобриот фудбалер на 17. Светско првенство во Јапонија и во Јужна Кореја Капитенот на германската фудбалска репезентација, Оливер Кан, кој со своите одбрани даде огромен придонес во враќањето на германскиот фудбал во светската елита со освојувањето на вицешампионската титула на 17.

Најлоша фризура - Умит Давала

Дневник - 03.07.2002

СИТЕ "НАЈ" СПОРЕД РОЈТЕРС Новинската агенција "Ројтерс" веднаш по завршувањето на Мундијалот го одреди тимот на првенството и "најпотези" на 30-дневниот турнир во Јужна Кореја и Јапонија. Бразил како светски првак е најдобар тим, Роналду - најдобар играчи и стрелец, а Хус Хидинк - најдобар тренер.

Оливер Кан - прв голман со "Златната топка"

Дневник - 03.07.2002

ФУДБАЛ - ИЗБРАН НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР НА МУНДИЈАЛОТ Тој освои 25 отсто од гласовите на медиумите, а два отсто помалку од него доби Бразилецот Роналду Германецот Оливер Кан (33) е избран за најдобар фудбалер на 17. Светско првенство во Јужна Кореја и Јапонија, со што стана првиот голман во историјата ...

Талентот, тимскиот дух и железната дисциплина - формула на успехот

Дневник - 03.07.2002

БРАЗИЛ ПЕТТИ ПАТ СВЕТСКИ ШАМПИОН Фудбалот во Бразил беше пред распад, но стратегијата, дисциплинираната работа и повратениот морал и враќањето на Роналду го искачија на врвот на светот Талентот на бразилските фудбалери, тимскиот дух и железната дисциплина наметната од селекторот Луис Фелипе Сколари ...

Оливер Кан е прогласен за најдобар фудбалер на СП

А1 - 02.07.2002

Голманот на германсклата репрезентација Оливер Кан е добитник на златната топка. Капитенот на второпласираната селекција на мундијалот Оливер Кан доби најмногу гласови од новинарите и за прв пат во историјата на светските првенства еден голман е прогласен за најдобар фудбалер.

Фудбалот на Копакабана ги обедини богатите, сиромашните, политичарите и криминалците

Вест - 02.07.2002

ПО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ТРИУМФ НА БРАЗИЛ НА 17. СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА Река од милиони луѓе ги потопи улиците на Бразил по големиот триумф Во Бразил се случи експлозија од национална радост. Улиците на неговите градови, неговите плажи се претворија во еден огромен подиум ...

"Карневалска" ерупција го тресе Бразил

Утрински - 02.07.2002

Двата гола на Роналдо и петтата шампионска титула придонесоа за невидена еуфорија ширум земјата Море од жолто-зелени бои го прелеа Бразил по освојувањето на петтата шампионска круна, светски прваци, што за првпат и успеало на една фудбалска нација на планетата.

Бразилската самба мамка и за ладнокрвните Германци

Утрински - 02.07.2002

Пред, за време и по финалниот натпревар во Јокохама меѓу Бразил и Германија Финалниот натпревар на светското фудбалско првенство меѓу Бразил и Германија се одигра на распродадениот стадион во јапонскиот град Јокохама пред точно 72.370 гледачи, од кои 66.000 со платени влезни билети.

"Феноменот" како Феникс

Утрински - 02.07.2002

Роналдо од "старо железо" до голгетер на СП Кога Роналдо го повреди коленото пред две години, повредата претставуваше огромен удар за неговиот клуб Интер, како и за Бразил, а целиот свет ја почувствува неговата болка. Како играч што двапати беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, популарниот ...

Самбата повторно во мода

Утрински - 02.07.2002

Со финалето меѓу Бразил и Германија, заврши 17. Светско првенство во Јапонија и Јужна Кореја Крај за декадентните фудбалски системи Бразил е новиот светски фудбалски првак, по петти пат и така Мундијалот во земјите на чудата, Светското првенство на изненадувања во Јужна Кореја и во Јапонија доби ...

Бразил во фудбалски транс и карневалско расположение

Дневник - 02.07.2002

ФУДБАЛ - СВЕТОТ ЈА ПРОСЛАВИ ТИТУЛАТА НА КАРИОКИТЕ Се славеше со неизбежната самба, петарди, точење пиво, со знамиња, а автомобилите беа бојадисани во сино-жолта комбинација Цел Бразил е во транс откако "кариоките" ја освоија петтата рекордна титула светски фудбалски првак на штотуку завршеното ...

Да се биде втор, во Бразил значи да си последен

Дневник - 02.07.2002

СКОЛАРИ ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА МУНДИЈАЛОТ Разликата помеѓу Германија и Бразил, меѓу другото, е тоа што Германија нема играч како Роналду, изјави легендарниот Бекенбауер Бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари рече дека во менталитетот на Бразилците е да се биде прв.

Бразил ја слави шампионската титула од СП во Ј. Кореја и Јапонија

А1 - 01.07.2002

Бразил е повторно на фудбалскиот Монт Еверест. Петти пат досега. Години ќе минат додека не биде достигнат од најблиските ривали Германија и Италија. Во земјата на фудбалот, на кафето и на прекрасните жени, очекувањата на нацијата се секогаш исти. Само титула.

Петта шампионска титула за Бразил

Вест - 01.07.2002

ЗАВРШИ 17. СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА Бразил по петти пат го крена волшебниот пехар на светски шампион, откако во вчерашното прекрасно финале во Јокохама со двата гола на најдобриот стрелец на Мундијалот, Роналдо, ја совлада цврстата Германија.

Роналдо ја врати титулата во Бразил

Утрински - 01.07.2002

Со победата од 2:0 над Германија во финалето на 17. СП, Бразилците по петти пат светски шампиони За Бразилецот и златната копачка и, најверојатно, златната топка Бразил ја освои својата петта титула светски шампион во фудбал со двата гола на Роналдо, кој во финалето против Германија сосема ги ...

Наградата за фер плеј за Белгија

Дневник - 01.07.2002

ФИФА-НАГРАДИ Бразилскиот напаѓач Роналду е најдобар стрелец на 17 СП., во Јужна Кореја и воЈапонија, репрезентацијата на Белгија е добитник на наградата за фер плеј, а германскиот голман Оливер Кан ја доби "титулата Јав Јашин" за најдобар голман на турнирот.

Роналдо се чувствува како победник што воопшто игра повторно

Дневник - 01.07.2002

ПО КРИЗИТЕ СО ПОВРЕДИТЕ Најдобриот стрелец на СП, Роналду (осум гола), стрелец на двата гола во финалето против Германија и на единствениот гол во полуфиналето против Турција, изјави дека негова вистинска победа е тоа што повторно игра фудбал. - Моја голема победа е што повторно играм.

Бразил ја освои петтата титула светски првак

Дневник - 01.07.2002

ФУДБАЛ - 17. СП ВО ЈУЖНА КОРЕЈА И ВО ЈАПОНИЈА, ФИНАЛЕ: ГЕРМАНИЈА - БРАЗИЛ 0-2 (0-0) Роналду за десет минути постигна два гола и стана прв стрелец на првенството со осум постигнати гола Бразил ја освои рекордната петта светска титула, откако предводен од Роналду, кој за десет минути постигна два ...