TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОПМ ги бара имињата на млекарниците кои употребуваат млеко во прав

А1 - 09.05.2004

Потрошувачите имаат право да знаат кои млекарници ги мамеле производителите. Организацијата на потрошувачите го подржува јавното објавување на млекарниците кои работеле незаконски но според нив, голем дел од млекото се уште се продава во маркетите.

Ветеринарниот институт тврди дека има злоупотреби со млекото во прав

Утрински - 08.05.2004

Не стивнуваат реакциите околу исправноста на млекото и млечните производи Битолската Млекарница најави судска постапка против министерот за економија-Стевче Јакимовски, и до Ветеринарниот институт МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Злоупотребите со млекото во прав во производството на млеко и млечни производи е ...

Млекарите ќе го тужат Јакимовски

Дневник - 08.05.2004

ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА МЛЕКО ВО ВОЈНА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА Ќе побараме оставка од министерот и материјална одговорност ако се докаже дека неговите изјави не се точни - вели директорот на битолската млекарница, Живко Радевски Битолската млекарница ќе ги тужи министерот за економија Стевчо ...

За децата никако млеко од тетрапак!

Дневник - 08.05.2004

ПЕДИЈАТРИТЕ КАТЕГОРИЧНИ Млеката што содржат млеко во прав се штетни за возрасните, а камоли за децата, категорично тврдат лекарите. - Колку организмот е помлад, толку токсичноста на овие млека е поголема. Сега излегува дека ние и не знаеме што пиеме, зашто како да знаеме дека млекото во прав не е ...

ИМБ ќе ги тужи Јакимовски и Ветеринарниот институт

А1 - 07.05.2004

Доколку до вторник не ги добие официјално објавените анализи, битолската млекарница најавува тужба за министерот за економија Стевче Јакимовски. Тие го повикаа да си поднесе оставка ако докажат дека во битолското млеко нема млеко во прав. „Со овие анализи се докажува се што има во млекото.

Матно млеко

Вест - 07.05.2004

СЛУЧАЈ: МЛЕКО ВО ПРАВ - ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА РЕЗУЛАТИТЕ ОД АНАЛИЗИТЕ НА ВЕТЕРИНАРНИОТ ИНСТИТУТ Министерот Јакимовски завчера ги објави во јавноста резултатите од испитувањето на млекото на четирите млекарници за да не се забошотат работите, како што тоа се правело претходно, а зошто ...

Радески: Јакимовски шпекулира за да се уништи домашното производство од кое нема провизија

Вест - 07.05.2004

БИТОЛСКА МЛЕКРНИЦА Директорот на Битолската млекарница Живко Радески ги отфрла обвинувањата и наодите дека во нивните производи има млеко во прав над дозволеното, и најави дека кога ќе го докажат спротивното, случајот ќе има судски епилог бидејќи некој треба да плати за нарушениот углед на ...

Битолската се сомнева во резултатите, „Насто“ бара црно на бело

Време - 07.05.2004

МЛЕКАРНИЦИТЕ РЕАГИРААТ НА АНАЛИЗИТЕ Битолската млекарница се сомнева во резултатите од извршената контрола на Ветеринарниот институт, според која во битолското пресно и во стерилизираното млеко е најдено количество млеко во прав, што е над границата на дозволеното, изјави Живко Радевски, директор ...

РЗЗ: Во Македонија нема метода за утврдување присуство на млеко во прав

Вест - 07.05.2004

"Во Македонија не постои метода за проверка на присуство на млеко во прав во трајното и свежото млеко. Барем таква анализа никогаш не е направена во лабораториите на Републичкиот завод за здравствена заштита", тврди д-р Благоја Алексоски, директор на оваа институција.

Млекарница "Тетово": Министерот Јакимовски пласира неодговорни и неточни изјави

Вест - 07.05.2004

"Изјавата на министерот за економија Стевчо Јакимовски дека во Тетовската млекарница, наводно, во млекото било ставано млеко во прав е неодговорна. Под морална, материјална и кривична одговорност тврдам дека тоа не е точно. Напротив, анализите на Ветеринарниот институт покажуваат дека во млекото ...

Јакимовски: Недозволиво е млекарите да истураат млеко по улиците, а децата да пијат млеко во прав

Вест - 07.05.2004

"Млекопроизводителите недозволиво е да го истураат вистинското млеко по улиците и потоците, а нашите деца да пијат млеко во прав". Вака, министерот за економија, Стевчо Јакимовски, реагираше на изнесени "Млекопроизводителите недозволиво е да го истураат вистинското млеко по улиците и потоците, а ...

ОПМ: Сега нека одлучат потрошувачите

Вест - 07.05.2004

Организацијата на потрошувачите на Македонија ја поздравува одлуката на Министерството за економија да ги објави имињата на производителите во чии производи е утврдено присуство на млеко во прав и особено на скроб. Во ОПМ се задоволни од акцијата за контрола на млекарниците и нивните производи, ...

Млекарниците бараат супервизија на анализите за „крстеното" млеко

Утрински - 07.05.2004

По објавување на фирмите во чии производи е пронајдено недозволено количество млеко во прав Битолската Млекарница предупредува дека ќе го прекине откупот на свежо млеко доколку ги повлече производите од продажба АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Млекарниците кај кои со анализите на Ветеринарниот институт ...

Недозволиво е вистинското млеко да се истура

Утрински - 07.05.2004

Јакимовски ?Млекопроизводителите е недозволиво да го истураат вистинското млеко по улиците и потоците, а нашите деца да пијат млеко во прав". Вака, министерот за економија, Стевчо Јакимовски, реагираше на изнесените оцени од страна на директорот на битолската Млекарница, Живко Радевски, на ...

Јакимовски ни го скисели млекото

Дневник - 07.05.2004

МЛЕКАРИТЕ РЕАГИРААТ НА ОБВИНУВАЊАТА ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА На странските млекари што извезуваат млеко во Македонија им наплаќаат провизија, па сакаат и нам да ни наплатат рекет - обвинува директорот Радевски Обвинувањата за присуство на млеко во прав во нашите производи, кои ги изнесе ...

Матеница

Дневник - 07.05.2004

УВОДНИК Група македонски експерти од Ветеринарниот институт пред повеќе од седум години заминале на пат дури во Франција да бараат спас за кризата со млекото, која континуирано ја тресе Македонија по осамостојувањето, а актуелна е и деновиве.

Пиеме опасна бела вода наместо млеко!

Дневник - 07.05.2004

ФРАПАНТНИ РЕЗУЛТАТИ При производство на стерилизирано, трајно млеко, забрането е да се користи млеко во прав, поради штетноста. Потрошувачот што консумира млеко кое двапати е стерилизирано - еднаш за да се добие млеко во прав, а другпат за да се добие стерилизирано млеко - се доведува во заблуда ...

Млекарите демантираат дека користеле млеко во прав

А1 - 06.05.2004

Млекарниците тврдат дека во нивното млеко нема млеко во прав. Битолската млекарница се сомнева во резултатите на ветеринарниот институт и во методите по кој се вршени испитувањата и затоа ќе побараат испитите примероци повторно да се анализираат и во три странски институции.

Четири млекарници користеле млеко во прав и скроб над дозволеното

Време - 06.05.2004

МИНИСТЕРОТ ЈАКИМОВСКИ ОБЕЛОДЕНИ Млекарниците „Тетово“, „Насто“, „Фридер“ и битолската млекарница во своите производи користат млеко во прав и скроб над дозволеното, обелодени вчера Стевче Јакимовски, министер за економија. Против сопствениците ќе бидат покренати кривични пријави.

Се повлекува млекото на Битолска млекарница, "Насто", Млекарница "Тетово" и "Фридер"

Вест - 06.05.2004

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГИ ОБЈАВИ ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ ШТО КОРИСТАТ МЛЕКО ВО ПРАВ азаришната инспекција до млекарниците чии резулатати не се во согласност со Правилникот за квалитет на млеко и производи од млеко им издала решение да ги повлечат од промет неисправните производи, а ако тоа не Во ...

Млекарниците го „крстеле" млекото над дозволеното

Утрински - 06.05.2004

Министерот за економија ги обелодени фирмите вклучени во аферата со млеко во прав Покрај млеко во прав, кое е осумкратно поевтино, се додавал и скроб што, според Институтот за храна, е строго забрането, тврди министерот Јакимовски ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Битолската млекарница, млекарницата "Тетово", ...

Млеко во прав над дозволеното користеле четири млекарници

Дневник - 06.05.2004

ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА УТВРДИ Ветеринарната управа утврдила присуство на млеко во прав над дозволените количества и на скроб во производите на битолската и на тетовската млекарница, на „Фридерр“ и на „Настоо“ - информираше министерот за економија, Стевчо Јакимовски.

Млекарниците во Битола и Тетово, „Насто“ и „Фридер“ користат млеко во прав

А1 - 05.05.2004

Mлеко во прав во обичните и тетрапак млеката на тетовската, битолската, млекарниците „Насто“ и „Фридер“. Ова го потврдиле анализите на ветеринарниот институт од примероците земени од малопродажбата. „Има констатирано млеко во прав во битолска млекара, кај „Насто“, млекото „Фирдер“, кај тетовската ...