TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фондот ги "замрзна" новите договори

Вечер Прес - 23.07.2005

Фондот за здравство го "замрзна" склучувањето нови договори со приватните здравствени организации, а барањата ќе се преупатуваат до Министерството за здравство кое ја подготвува националната здравствена мапа. Ова е одлука на Управниот одбор на Фондот, а, како што појасни директорот Пановски, во ...

Хотелот "Полин" проработи

Вечер Прес - 23.07.2005

ДОЈРАН.- По повеќегодишна пауза по комплетната ревитализација, деновиве хотелот "Полин" крај брегот на Дојранското Езеро повторно ги пречека првите гости летувачи, ни рече раководителот Милчо Арсовски. Инаку, хотелот "Полин" располага со 60 легла.

"Форд фиеста" игра "долга магарица"

Вечер Прес - 23.07.2005

Објективот на нашиот фоторепортер вчера долови несекојдневна ситуација на скопските улици. Една "форд фиеста" со бела боја се обидела да ја "прескокне" оградата на булеварот "Гоце Делчев", веднаш до поранешната стоковна куќа "Мост".

"Летна убавица" и "Мистер на Македонија"

Вечер Прес - 23.07.2005

Модното студио "Црнокрак" е во фаза на организирање на два избори за убавина- и женска и машка. Изборот на "Летна убавица" ќе се одржува на 29 јули во Струга, 30 јули во Охрид, први август во Отешево, на 13 август во Струмица, и на 14 финалето е во Велес.

Уапсена македонска државјанка "натоварена" со злато

Вечер Прес - 23.07.2005

Македонската државјанка од албанска националност Б.М. е уапсена на граничен премин меѓу Србија и Црна Гора и Хрватска, при обид да прошверцува половина килограм златен накит. Според соопштението на српската полиција, Б.М. е уапсена синоќа на "Батровци", во заедничка акција на Управата на царината и ...

"Ми рекоа да изберам меѓу пратеник и претседател"

Вечер Прес - 23.07.2005

"Висок партиски функционер ми понуди да избирам меѓу пратеник и претседател на општинската органзација", ни потврди пратеникот Иван Анастасовски кој се повлекол од кандидатурата за претседател на општинската организација на СДСМ за Куманово, додека траела изборната конвенција на која за нов локален ...

Му "пакувале" на Пановски

Вечер Прес - 23.07.2005

Првичниот наод за незаконски набавки во вредност од 59 милиони денари на Фонодт за здравство е корегиран и сведен на повеќе од скромни девет милиони денари. Државната ревизија ги прифатила укажувањата на Фондот за здравствено осигурување на финансискиот извештај за работењето на националната ...

Хјуит се ожени со "сапунската" актерка

Вечер Прес - 23.07.2005

Некогаш најдобриот светски тенисер од Австралија, Лејтон Хјуит (24) и Ребека "Беки" Картрајт (21), австралиската актерка од сапунските ТВ-серии, на кои веќе им ја залепија синтагмата "австралиските Бекс и Пош" (алузија на брачната двојка Бекам), во четвртокот стапиле во брак на свеченост во ...

"Кока кола" со профит од 1,72 млрд. долари

Вечер Прес - 23.07.2005

Најголемиот производител на освежителни пијалоци на светот, американската "Кока кола", во вториот квартал од годинава оствари 1,72 милијарди долари чиста добивка, што е девет насто повеќе во однос на истиот период лани. Приходите во истиот период се зголемени за седум насто на 6,31 милијарди долари.

"Астер Фест" во Куршумли Ан

Вечер Прес - 23.07.2005

Филмови прикажани на "Астер Фест" (филмскиот и видео фестивал на автори од Југоисточна Европа) ќе можеме да видиме и во рамките на "Скопско лето". Куршумли Ан, утревечер (21. ч) ќе биде домаќин на едночасовната проекција на шест кратки играни филмови од програмата на новиот фестивал, кој им дава ...

Трајко од Карерас не ја виде "пирамидата"

Вечер Прес - 23.07.2005

Трајко Славевски по подолгата "аклиматизација" на функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи во јавноста со свое видување за актуелните состојби во нашата државичка. Во својата колумна во еден дневен весник, Славевски, како признат професор од Економскиот факултет во Скопје, даде експертско ...

Првата клапа на "Папокот..." во октомври

Вечер Прес - 23.07.2005

Филмската реализација на "Папокот на светот", од Венко Андоновски, ќе стартува со снимање од средината на октомври. Иако режисерот на филмот Игор Иванов - Изи не можеше да го прецизира кастингот, тој рече дека "филмскиот терен" комплетно ќе биде подготвен до 1 октомври.

Маријан со Гран-при на "Славјански базар 2005"

Вечер Прес - 22.07.2005

Во историјата на најголемиот интернационален фестивал во Источна Европа - "Славјански базар”, Маријан Стојановски влегува како победник на годинашното издание. Тој со изведбата на двете песни од композиторот Григор Копров "Дождовна песна" (текст Агим Јонуз) и "Приспивна песна" (Огнен Неделковски) ...

"По тебе" меѓу обожавателите

Вечер Прес - 22.07.2005

Најсјајната македонска ѕвезда Тоше Проески под отворено небо, во дворот на хотелот Александар Палас го презентираше своето ново, петто по ред остварување, албумот "По тебе", како и спотот за истоимената насловна тема. Спотот е сниман во Софија, а покрај Тоше се појавува и бугарската манекенка Тања ...

Обид за грабеж на "Македонска банка"

Вечер Прес - 22.07.2005

Вчеравечер скопската полиција регистрираше обид за разбојништво врз филијалата на "Македонска банка", лоцирана во трговскиот центар "Скопјанка". Двајца разбојници, заканувајќи се дека ќе ги нападнат вработените, се обиделе да ги земат парите од касата.

"Последниот кинески цар"

Вечер Прес - 22.07.2005

Токму вака е насловена фото-сесијата која неодамна на Монси му ја изработи познатиот белградски фотограф Дејан Миличевиќ. Сесијата не е без основа. Таа треба да послужи за пропагадната кампања пред новата модна ревија на Монси, за наесен, а патем и да ја означи нивната дефинитивна соработка.

"Кодак" отпушта 10 000 вработени

Вечер Прес - 22.07.2005

Водечката американска компанија за фотографска опрема "Истман- Кодак" соопшти дека ќе затвори над десет илјади работни места, во обид да се приспособи на пазарот на кој се повеќе доминира дигиталната фотографија. "Кодак" веќе објави дека до 2007 г.

ТЕЦ "Неготино" на соло продажба

Вечер Прес - 22.07.2005

ТЕЦ "Неготино" нема да се продава во пакет со ЕСМ. Оваа термоцентрала најпрво ќе се издвои во посебно акционерско друштво, а потоа ќе се продава преку тендер. Вака одлучила Владата на седницата во вторникот кога е донесена одлука за натамошно реструктурирање на системот на оваа термоцентрала.

Почна летната школа "Сино небо"

Вечер Прес - 22.07.2005

Вчера во хотелот "Молика" во Крушево почна со работа летната школа "Сино небо", во организација на Британскиот совет во Македонија. Школата ќе трае до 30-ти, овој месец , а ја посетуваат 120 учесници од цела Македонија, како и гости од Велика Британија, Романија, Албанија и од Црна Гора.

"Дојранските ракувања" почнуваат од 27 јули

Вечер Прес - 22.07.2005

ДОЈРАН.- Годинашнава традиционална меѓународна културна манифестација "Дојрански ракувања" ќе се одржи од 27-ми, овој месец и ќе трае до 19 август годинава. Така одлучи Советот на општината Дојран. Програмата опфаќа отворање на ликовни изложби, настапи на културно-уметничките друштва од Струмица, ...

"Гувернерот бара инфлација"

Вечер Прес - 22.07.2005

Почнува нова рунда преговори меѓу ММФ и македонската Влада. Еве дел од разговорите. Прв проговара претставникот на ММФ: -Нашиот став е јасен и цврст. Отстапување нема. Бараме стабилен курс и стабилни цени, и научете се да штедите".

"Балкан Мјузик сквер" со групи од шест земји

Вечер Прес - 22.07.2005

Продуцентската кука Трето Уво годинава го одбележува петгодишниот јубилеј од постоењето на престижниот фестивал на етно музика "Балкан Мјузик сквер" што секој август се одржува во Античкиот Театар во Охрид. Годинешното издание (6 август) е досега најголемото, со учесници на групи од шест држави.

Цути "забниот" туризам!

Вечер Прес - 22.07.2005

Стотици Грци секојдневно ја преминуваат границата на Бугарија за да ги лекуваат забите за значително поевтини цени. Стоматолошките ординации во Петрич и Сандански се преполни со странци. Забарите дури го продолжиле и работното време за два часа за да ги задоволат сите пациенти.

Пред Ребека "падна" и Родман

Вечер Прес - 22.07.2005

Пред април, 2004 година, јавноста немаше претстава која е Ребека Лус. Сето тоа се смени, откако личната секретарка на Дејвид Бекам јавно кажа дека имала четиримесечна љубовна врска со најпосакуваниот фудбалер на планетава. Нормално, Бекс ги демантираше овие изјави, но, ќерката на холандски ...

"Стерилизирано" минато

Вечер Прес - 22.07.2005

Основците од петто до осмо одделение од септември историјата ќе ја учат според нови учебници. Тие ќе бидат отпечатени за еден месец и тоа на македонски, албански, српски и турски јазик. Целта е да се смени пристапот и погледот кон минатото, да не се создаваат недоразбирања, туку да се овозможи ...

Роналдо и "кариоките" се разделуваат по СП 2006

Вечер Прес - 21.07.2005

Ѕвездата на репрезентацијата на Бразил и на Реал (М) Роналдо изјави во интервјуто за тв-канал дека има намера да се раздели со националниот тим по светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија. "Тоа ќе ми биде четврто светско првенство и треба да им дадам можност да се докажат и на ...

"Хари Потер" недостижен и за "Кодот..."

Вечер Прес - 21.07.2005

" Harry Potter and the half blood prince " за само 24 часа во Англија се продаде во повеќе од 2 милиони примероци, што ја става книгата за малиот волшебник во редот на најпродаваните книги во историјата на оваа земја. За споредба, "Кодот на Да Винчи" во исто толку примероци се продава за една ...

"Докторот” има нова девојка-Аријана Матеуци

Вечер Прес - 21.07.2005

Ноторен е фактот дека четирикратниот светски шампион во мотоциклизам, Италијанецот Валентино Роси, нема ни малку трпение и разбирање за работата на фоторепортерите, уште помалку за најекстремните од нивните редови - папараците.

Почетна "4" во Пинтија?!

Вечер Прес - 21.07.2005

Населбата Пинтија има шанси годинава конечно да добие почетно-крајна постојка, преку реализација на иницијативата на нејзините граѓани за продолжување на линијата "4", која досега сообраќаше само до населбата "11 Октомври". Барањето, како што дознаваме, е разгледано од страна на градските власти ...

Отаде Аксиј преку "Јустинијан", "Орфеј", "Богородица"...

Вечер Прес - 21.07.2005

Архитект Вангел Божиноски е еден од оние кои умеат да го читаат немиот говор на просторот и да ги разберат богатите пораки што вековите низ него ги пренесуваат. Што е најважно - ги почитува. Една од нив е дека Вардар заслужува да биде македонски бренд.

"Ако сакаше да ме видиш ќе останеше пратеник"

Вечер Прес - 21.07.2005

"Ако сакаше да ме видиш ќе останеше пратеник". Вака му одговори министерот за образование Азис Положани на неговиот сопартиец од ДУИ, Невзат Бејта, актуелен градоначалник на Гостивар на прашањето каде е во последно време. Дека очи не му гледале на ресорниот министер, поради неговата презафатеност ...

Две третини од поротниците -"криминалци"!

Вечер Прес - 21.07.2005

Московското обвинителство ја обвини завчера поротата за пристрасност на судскиот процес против мафијашкиот бос Вјачеслав Иванков - "Јапончик", кој беше ослободен од обвинувањата за убиство. Според обвинителството, од 12 членови на поротата седум биле со судски досиеја, или се во многу блиски односи ...

"Јовано Јованке" во изведба на "Deep Purple"!!

Вечер Прес - 21.07.2005

"Јовано Јованке" во изведба на "Deep Purple"!!! Токму тоа и се случи на неколкуилјадната публика која, прексиноќа на Скопски саем, дојде од цела Македонија, за да ги доживее Боговите на хард - рокот. Дон Ејри, клавијатуристот кој го замени легендарниот Џон Лорд, на крајот од фантастичниот ...

На "тава Тате" во Пештани

Вечер Прес - 21.07.2005

Додека на Галичица неодамна се снимаше филмот "Караула", актерската екипа беше редовно присутна во пријатниот и тивок ресторан, "Тате" во Пештани. Сопственикот Здравко Ристов е велешанец, но со сопругата живеат во Охрид. Четири години живееле и работеле во Белгија каде ги научиле тајните на ...

На "Доситеј Обрадовиќ" се ора и се копа

Вечер Прес - 21.07.2005

Улицата "Доситеј Обрадовиќ" во Кисела Вода кај Чешма, со години наназад го држи приматот за најраскопана во градов. Движењето по улицата е небезбедно и за автомобилите и за пешаците. Причина за тоа е изградбата на неколкуте висококатници, а потоа нивно поврзување со инфраструктурната мрежа.

"Запечатени" 23 менувачници!

Вечер Прес - 20.07.2005

Во Софија и на Црноморскиот брег завчера биле затворени 23 менувачници, во мослкавичната операција на главната даночна дирекција. Ознаката "Стоп! Запечатено од даночната администрација" - најпрво беше залепена на две менувачници во центарот на Софија.

"Странците" вложија само 43 милиони долари

Вечер Прес - 20.07.2005

Македонија и годинава не може да се пофали со странски инвестиции. Во првите четири месеци од годинава, според последните официјални податоци на НБРМ, светските компании во земјава вложиле само 43,7 милиони долари. Доколку ваквиот тренд продолжи, 2005 година, велат аналитичарите, нема да ја ...

Џилардино на "Сан Сиро"

Вечер Прес - 20.07.2005

Италијанскиот репрезентативец Алберто Џилардино потпиша во понеделникот навечер петгодишен договор со вице-шампионот на Италија и Европа, екипата на Милан. Преговорите меѓу "росонерите", Парма и фудбалерот траеја неколку месеци, а не е соопштено колку миланскиот клуб мора да плати за 23-годишниот ...

Фини ги смени "интригантите"!

Вечер Прес - 20.07.2005

Претседателот на Националниот сојуз, втора партија според моќта во коалицијата на десниот центар, Џанфранко Фини, го смени целиот врв во Партијата и го именува Марко Мартинели за организатор во Партијата. Фини ги смени најблиските соработници затоа што го озборувале во едно кафуле, а сето тоа го ...

Се бара инфузија, за да се "фати" терапијата

Вечер Прес - 20.07.2005

Покрај расчистувањето на натрупаните долгови на здравството кои тежат околу 70 милиони евра, како и редовно покривање на финансиските обврски на државата на националните програми, Министерството за здравство ќе настојува да обезбеди и редовна инфузија од Владата за одржување на објектите и набавка ...

Нема купувачи за "Балкан експрес"!

Вечер Прес - 20.07.2005

За продажба на штипското претпријатие "Балкан експрес" досега беа одржани три лицитации. Сите беа неуспешни. На првата и третата лицитација не се јави ниту еден купувач. Една лицитација не можеше да се одржи бидејќи вработените со автобус ја спречиле.

Само што се отвори, "Созина" се затвори!

Вечер Прес - 20.07.2005

На приодот кон тунелот "Созина" завчера дојде до застој во сообраќајот, што создаде долги колони од возила на наплатните рампи. Причина за застој беше прекин на струјата на наплатната рампа. Но, без електрична енергија не може да функционираат и наплатните рампи а и осветлувањето и комплетната ...

Антитерористи "скенираа" босански џип

Вечер Прес - 20.07.2005

Единицата за антитероризам, полицајци во панцири и припадници на крим-техника, дваесетина на број, вчера претпладне правеа увид во центарот на Скопје, на паркингот спроти зградата на ЕСМ, зад гостилницата "Дестан" од една, детскиот куклен театар од друга и "Орка" од трета страна.

Дебарчанец "изгуби" 100 евра

Вечер Прес - 20.07.2005

Дваесет и петгодишниот Ч.Р. од Дебар остана покус за 100 евра откако завчера им влета во шема на ќибритчиите на Камениот мост во Скопје. Групата измамници против кои има редица пријави, што прекршочни што кривични, го запреле дојденецот. Му рекле да си ја проба среќата.

На "Максим Горки" влез само со картичка

Вечер Прес - 20.07.2005

По десетдневна пробна работа, новото паркиралиште на улицата "Максим Горки" во строгиот центар на градот стартуваше и со официјална работа. Тоа е привилегиран паркинг простор кој ќе можат да го користат само жителите или вработените од улицата.

Ослободен мафијашот "Јапончик"

Вечер Прес - 20.07.2005

Еден од најпознатите руски мафијаши Вјачеслав Иванков - "Јапончик" е ослободен од московскиот надлежен суд по обвинението за двојно убиство. "Јапончик", кој е претпоставен водач на руската мафија во странство, лани беше екстрадиран од САД.

Експлодира израелски "бустер"!?

Вечер Прес - 19.07.2005

Експлозивната направа, која во петокот вечерта експлодира во кругот на ПС Бит пазар е поставена однадвор, на ѕитчето под прозорците каде што се наоѓаат "управните служби", тврдат за "Вечер" извори од увидната група, и е активирана од спротива од кај булеварот Никола Карев.

Алах ги сака чевлите со "потпис"

Вечер Прес - 19.07.2005

Верниците од Емиратите мора да бидат многу претпазливи кога ги оставаат чевлите пред да влезат во џамијата, посебно оние со скап дизајнерски потпис. Имено, постојат големи шанси да останат без нив. Крадците на чевли најчесто ги продаваат во специјализирани продавници во кои се изработуваат нивни ...

Мараја Кери е ѕвезда на "Сан"

Вечер Прес - 19.07.2005

Поранешната оперска пејачка, а денес поп-суперѕвезда со петнаесетгодишен стаж, Мараја Кери, се уште е во топ форма. Наспроти фактот дека има петнаест години повеќе од своите најжестоки конкурентки од светскиот поп, Мараја и понатаму изгледа атрактивно.

"Езерска убавица" за ова лето

Вечер Прес - 19.07.2005

Во организација на хотел "Силекс" и "Макџинс" на 31 јули на терасата во хотелот "Силекс" во Охрид, традиционално, по 12. пат, ќе се избира езерска убавица. За да ја освојат престижната титула, своите женски предиспозиции ќе ги истакнат 15-тина девојки од повеќе градови во Македонија и од СЦГ.

Национални јадења и ѓомлезе во "Струмица на улица"

Вечер Прес - 19.07.2005

Ресторан со јадења од македонската национална кујна на главната улица во Пештани, со име што ги збунува минувачите. "Во Струмица на улица" е на струмичанецот Ице Чалшев, угостител со над 20-годишно искуство, кој имал ресторани во Струмица и во Скопје.

Интернационална банка се "мажи" за кандидат од ЕУ

Вечер Прес - 19.07.2005

Интернационална приватна банка-Скопје се продава. Како што дознаваме од официјални извори, за купување на оваа банка е заинтересирана една реномирана компанија од западна Европа, чие име сега засега не се соопштува се додека не заврши целата законска процедура.

Црквата ги бара парите на Трифун за "Св. Пантелејмон"

Вечер Прес - 19.07.2005

"Бараме 57-те илјади евра од донаторот Трифун Костовски, што пред повеќе од две години, незаконски сакаше да ги присвои расколникот Вранишковски, Основниот суд во Велес да и ги даде на Епархијата Повардарска. Парите ќе се искористат за реконструкција на Соборниот храм "Св.

Маниќ во "Летница" на утринско кафе

Вечер Прес - 18.07.2005

Големиот естраден џентлмен и боем, господинот со "Црвените рози" Томислав Маниќ секое летно утро со сопругата денот го почнува пиејќи кафе во "Летница". Ваква навика е ретка и вредна за почит. - Читам книга, многу јака книга, ха-ха-ха - се смее.

Владо Јаневски го отвори "Планет"

Вечер Прес - 18.07.2005

Владо Јаневски во саботата вечерта беше првиот музички гостин со кого е отворена летно диско "Планет" во Охрид. Млад свет собран на едно место до зори се журкаше со хитовите на Владо. Ден потоа не се оствари доаѓањето на Бојан Маровиќ, заради малата сообраќајка што му се случи патувајќи кон ...

Нападнат таксист на "Старо Водно"

Вечер Прес - 18.07.2005

Таксист од компанијата "Старо Водно" вчеравечер е нападнат на улицата "Салвадор Аљенде" во скопската населба Водно. Двајца насилници кои одбиле да ја платат сметката за превозот го нападнале таксистот, а потоа избегале. Нападнатиот извесно време по настанот, случајот го пријавил во полициска ...

"Вечер" ги наградува победниците

Вечер Прес - 18.07.2005

Летна авантура- за или против, беше прашањето кое морските сирени од "Наше Море“ Марија и Ана им го поставуваа на многубројните гости кои викендов ја посетија втората плажа на Градиште. Верувале или не многумина на ова прашање одговорија дека не би ја изневериле девојката или момчето без разлика ...

Формирана фондацијата "Тиквешки вински пат"

Вечер Прес - 18.07.2005

Општините Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Росоман и Градско во иднина ќе се обидат заеднички да го развијат винскиот туризам. За таа цел е формирана фондацијата "Тиквешки вински пат". Веќе е контактирано со донатори и инвеститори, кои изразиле поддршка за овој проект, во кој е вклучена ...

"ВАН ГОГ" ОСТАНА НЕГИБНАТА

Вечер Прес - 18.07.2005

За жителите на улицата "Ван Гог" лоцирана во скопската населба Лисиче години наназад голем проблем преставува лошата атмосферска канализација која што под итно треба да се санира. -Кога врне дожд се создава вистинско езеро. Деновиве врнежливото време повторно ги актуелизира нашите стари проблеми.