TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Топалов израмни, Крамник ќе ја тужи ФИДЕ

Дневник - 07.10.2006

Со црни фигури Веселин Топалов го победи Владимир Крамник во 8. партија од мечот за светската шаховска круна и го израмни резултатот на 4-4 Со црни фигури Веселин Топалов го победи Владимир Крамник во 8. партија од мечот за светската шаховска круна и го израмни резултатот на 4-4.

Војна на нерви и провокации надвор од таблата

Дневник - 06.10.2006

Четврто реми во серија, не сметајќи го казнениот поен поради аферата „тоалет“, е епилогот на седмата партија во мечот за светската титула меѓу Владимир Крамник и Веселин Топалов. Сега резултатот е 4-3 за Крамник, но неговата жалба да му се врати одземениот поен од 5. партија се' уште е активна.

Крамник и Топалов продолжија со реми

Утрински - 04.10.2006

Шестата партија од мечот за обединување на титулата светски шампион во шах меѓу Владимир Крамник и Веселин Топалов во Елиста, прва по прекинот предизвикан од протестот на Бугаринот за (пре)честото користење на тоалетот од Русинот, заврши нерешено, така што првата половина од мечот Крамник ја доби ...

Каспаров предвидува прекин на мечот

Дневник - 04.10.2006

Мечот продолжи со шестата партија, која заврши реми Шестата партија меѓу Владимир Крамник и Веселин Топалов во мечот за обединување на светската шаховска круна конечно се одигра и заврши со реми во 31. потег. По дводневно одлагање поради случајот „Тоалет“, двајцата шахисти се вратија на шаховската ...

Мечот за титулата продолжи со резултат 3:2 за Крамник

Утрински - 03.10.2006

Прекинатиот меч за обединување на титулата светски шампион во шах меѓу Русинот Владимир Крамник и Бугаринот Веселин Топалов требаше да продолжи синоќа во Елиста при резултат 3:2 за Крамник. Ова е епилогот од повеќето рунди преговори меѓу штабовите на двајцата шахисти и претседателот на ФИДЕ, Кирсан ...

Крамник сепак прифати службен пораз

Дневник - 03.10.2006

Со резултат 3-2 вчера попладне требаше да продолжи мечот за светски шаховски првак меѓу Владимир Крамник и Веселин Топалов. Руската страна, според официјалното соопштение на ФИДЕ, ја прифати казната со која без игра му беше доделен поен на Топалов во петтата партија.

Прекинат мечот Крамник - Топалов

Утрински - 02.10.2006

Бугаринот вложи протест за честата посета на тоалетот од Русинот, кој одби да ја игра петтата партија и ја загуби службено Мечот за обединување на титулата светски шампион во шах меѓу Русинот Владимир Крамник и Бугаринот Веселин Топалов што се одржува во рускиот град Елиста е во прекин и најдоцна ...

Потребата за тоалет на Крамник може да го прекине мечот?

Дневник - 02.10.2006

Проблемот со користењето на тоалетот поради кој Владимир Крамник без игра ја загуби 5. партија од мечот за светски првак против Веселин Топалов е надминат Проблемот со користењето на тоалетот поради кој Владимир Крамник без игра ја загуби 5.