TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Адвокатот на семејството на Тоше незадоволен од изјавата на Ѓорѓиевски

Н.Македонија - 12.11.2008

Изјавата што Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на Тоше Проески, ја даде пред судот беше конфузна, нелогична и спротивна на доказите, изјави вчера Стеван Ацески, адвокат на семејството и вујко на загинатиот пејач. Реакцијата следува по завчерашниот почеток на судењето за сообраќајната несреќа во која загина Проески, каде што возачот Ѓорѓиевски одговара за тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Семејството Проески сeпaк ќе застане зад обвинението на Основното јавно обвинителство

Канал5 - 12.11.2008

По првичната најава дека нема кривично да го гонат Ѓорѓи Ѓорѓиевски, семејството Проески од Крушево сепак ќе застане зад обвинението на Основното јавно обвинителство. Ваквата одлука за Канал 5 ја соопшти адвокатот Стеван Ацевски, вујко на Тоше Проески ден по стартот на судскиот процес против обвинетиот возач на Туарегот. - Нема никакви промени во ставот на семејството по однос на оваа постапка.

Сведочењето на Ѓорѓиевски е контрадикторнo за семејството Проески

А1 - 11.11.2008

Вчерашното сведочење на Ѓорѓи Ѓорѓиевски за сообраќајната несреќа во која загина македонската ѕвезда Тоше, адвокатот на семејството Проески, Стеван Ацески ја оцени како контрадикторна со материјалните докази обезбедени по несреќата. Тој во телефонски разговор за А1 рече дека семејството Проески се откажало од надомест на штета по загинувањето на Тоше, но за кривичното гонење на Ѓорѓиевски не ни ...

Не сум виновен за смртта на Тоше

Време - 11.11.2008

Миле А. Ристески Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги контролира емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот и другар на загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески, вчера во судницата на Основниот суд Скопје 1 одговараше на прашањата како се случи кобната сообраќајна несреќа. - Ве молам да не повторувам се бидејќи тоа го кажав на истражниот судија.

Приколката на камионот скршна и удри во "туарегот" на Тоше

Вест - 11.11.2008

"Не се чувствувам физички и психички здрав и ако може да не одговарам на поставените прашања", побара вчера од Судот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на Тоше Проески, кој е обвинет за тешката сообраќајна несреќа што се случи лани во октомври кај Нова Градишка во Хрватска.

Почнува судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Алфа - 11.11.2008

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.

Започна судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Алфа - 11.11.2008

Се се случи во дел од секундата. Приколката на камионот кој се движеше пред нас цело време одеше лево- десно, чекав да се нормализира за да почам со претекнувањето. Се присети Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, возачот на туарегот во кој беа Тоше Проески и менаџерката Лилјана Петровиќ. Пред судот рече дека претходно имал лошо претчуство оти задниот дел од камионот ќе се придвижи кон предницата на туарегот.

Возачот на Тоше се бранеше пред судот

А1 - 10.11.2008

Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги сокрие емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски во судницата одговараше на прашањата како се случила сообраќајната несреќа во која загина неговиот другар Тоше Проески. „Ве молам да не повторувам се бидејќи тоа го кажав на истражниот судија. Не се чувствувам добро, ниту физички, ниту психички“, изјави Ѓорѓиевски во судот.

Почнува судењето против возачот на Тоше

Време - 10.11.2008

Во Основниот суд Скопје 1 денеска во девет часот почнува судскиот процес против Ѓорѓи Ѓорѓевски, возачот кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која загина македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. Возачот на Тоше се товари за „тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“.

Возачот на Тоше тврди: "возев со 100 км на час"

Телма - 10.11.2008

- Не чувствував потреба за спиење и не бев заморен додоека го возев џипот пред да се случи несреќата, рече на почетокот од рочиштетот Ѓоре Ѓорѓевски, возач и пријател на Тоше Проески. Тој пред судот рече дека останува на исказот кој го дал во текот на истрагата. Видно инземоштен и како што рече, во тешка психичка состојба, едвај можеше да одговара на прашањата на судиката.

Стартува судскиот процес против возачот на Тоше

Форум - 10.11.2008

По едногодишната истрага, денеска во судот во Скопје треба да започне судскиот процес против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на "туарегот" во кој загина нашата поп икона Тоше Проевски. Иако семејството Проески , по несреќата се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски , Обвинителството по службена должност покрена обвинение против него, во кое го товари за предизвикување на сообраќајна несреќа ...

Почнa судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Алсат-М - 10.11.2008

Започна судскиот процес против возачот на Тоше Проевски, Ѓорѓи Ѓорѓевски, за сообраќајката од пред година дена во Хрватска,каде го загуби животот пејачот на поп музиката , Тоше Проески. Пред обвинителката, Ѓорѓиевски рече дека тој го управувал возилото во негова лента, камионот бил тој кој удрил во неговата кола.

Ќе започне судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина Тоше

Кирилица - 10.11.2008

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше.

Почнува судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Канал5 - 10.11.2008

Скопје, 10 ноември (МИА) - Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.

Почна судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Сител - 10.11.2008

- Ве молам да не повторувам се што се случи. Не се чувствувам ниту физички ниту психички добро, рече на почетокот на својот исказ Ѓорѓи Горѓиевски, кој одговара за несреќата во која загина неговиот другар Тоше Проески. Иако се повика на исказот даден пред истражен судија, Ѓорѓиевски полека и детално одговараше на сите прашања. Започна со случувањата непосредно пред несреќата.

Почна судењето на возачот на Тоше, Ѓорѓи Ѓоргиевски

Канал5 - 10.11.2008

Смирен и со изменет изглед, Ѓорѓи Ѓорѓиевски се појави во судница. Одговори на сите прашања за сообраќајната несреќа со Тоше Проески иако претходно без да ги сокрие емоциите замоли да не го прашуваат за трагедијата за која веќе зборувал пред истражен судија.

Имав претчувство и страв за сообраќајката

Вечер Прес - 10.11.2008

Обвинетиот Ѓорѓи Ѓорѓевски тврди дека видел оти задниот лев дел од приколката навлегол во левата сообраќајна лента по која тој се движел, по што настанал страотниот удар. - Не се чувствувам добро ниту психички ниту физички. Останувам на изјавата во истрагата. Вака вчера го започна својот исказ Ѓорѓи Ѓорѓевски, обвинет за кобната несреќа во која загина мега ѕвездата Тоше Проески.

Почнува судењето за загинувањето на Тоше

Макфакс - 10.11.2008

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која 16 октомври 2007 година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.