TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-Македонска: „Да се расчистат дилемите околу референдумот“

А1 - 17.10.2004

Членот на Извршниот одбор на ВМРО-Македонска Илија Псалтиров на денешната прес-конференција рече дека претседателот на Република Македонија не треба да биде нем посматрач на настаните и час поскоро да ги собере потписниците на Рамковниот договор за да се расчистат одредени дилеми.

Паси: „Референдумот ќе ја забави имплементацијата на Рамковниот“

А1 - 17.10.2004

Спроведувањето на референдумот е демократско право на граѓаните на Македонија, кое ние целосно го признаваме. Но, организирањето на референдумот доведе до забавување на целосното имплементирање на Рамковниот договор, вели во интервјуто за МИА бугарскиот министер за надворешни работи Соломон Паси.

ВМРО Македонска: Референдумот и имплементацијата на рамковниот договор се две одвоени прашања

Канал5 - 17.10.2004

Референдумот е граѓанска иницијатива, а спроведувањето на Охридскиот договор е исклучиво политичко прашање... Обврска за имплементација на договорот имаат единствено потписниците на истиот, вели Псалтиров и одговорноста за негово неисполнување не смее Референдумот е граѓанска иницијатива, а ...

Петров: „Кампањата е скромна, но ефектна“

А1 - 16.10.2004

Караваните на опозицијата веќе една недела ја водат референдумската кампања - скромно. Со ваквата оценка за кампањата се согласува и иницијаторот на референдумот Светскиот македонски конгрес кој вели дека ваквата мирна кампања, без остри вербални дуели е дел од тактиката на опозицијата.

Референдумскиот караван во Дебар

А1 - 16.10.2004

Ние не сме против никого, ниту против Албанците, ниту против Рамковниот договор и зачленувањето на Македонија во ЕУ, туку сме против радикалните структури без оглед на тоа од каде се. Ние сме за соживот со сите граѓани со кои со векови сме живееле.

Груевски: „Граѓаните ќе го поддржат референдумот и покрај притисокот“

А1 - 16.10.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за бугарскиот политички магазин „Тема“ оценува дека Македонија е во длабока политичка криза, а континуирано се влошува и нејзината економската состојба. Според Груевски, македонските граѓани ќе го поддржат претстојниот референдум и покрај, како ...

ЛДП против референдумот, Поповска ЗА

А1 - 16.10.2004

Либералдемократите повикуваат на бојкот - потпретседателката на партија, Лилана Поповска е за референдумот. Лути на Поповска денеска нејзините сопартијци ја повикаа таа лично да почувствува одговорност бидејќи со својот став работи против партиската платформа врз која била избрана од граѓаните.

Македонците веруваат дека референдумот ќе успее

Време - 16.10.2004

АНКЕТА НА „БРИМА ГАЛУП“ Александра М. Митевска Добар одѕив на референдумот и потврда на прашањето за враќање на територијалната организација од 1996 година - се прогнозите од најновата телефонска анкета на реномираната агенција „Брима Галуп“.

ДПА ќе митингува против референдумот и ќе дебатира против законот

Време - 16.10.2004

ПОЧНУВА КАМПАЊАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Со јавна дебата во Гостивар ДПА денеска ќе почне кампања против референдумот. Кампањата ќе се води под мотото „ДПА против сите“, а во неа ќе се повикува гласачкото тело на бојкот на референдумот, рече портпаролот на партијата Сулејман Рушити на вчерашната ...

Твојот глас - нивно право

Време - 16.10.2004

Александра М. Митевска Ако се решите на 7 ноември да излезете од дома, понесете некој денар доброволен прилог што ќе го оставите покрај референдумските екипи. Само така ќе се документира дека се случил референдум, зашто власта не виде потреба да изработи спот со кој ќе ве повика да го дадете својот ...

Граѓаните ќе излезат на гласање, но половината сметаат на успех

Утрински - 16.10.2004

Телефонска анкета на агенцијата "БРИМА-Галуп" за ефектите од референдумот во Македонија Над 60 отсто од граѓаните се подготвуваат да излезат на претстојниот референдум во Македонија, а помалку од половината сметаат дека тој ќе биде успешен, односно ќе ја врати во сила старата територијална поделба ...

Бучковски: Нашето членство нема да излезе на референдум

Утрински - 16.10.2004

Трибини на СДСМ во Тетово и во Штип "Оваа власт ја прифати опцијата за европска Македонија до чие семејство води патот трасиран со Ох ридскиот рамковен договор. Новата територијална организација и децентрализацијата се обврска прифатена со овој договор и ние сме цврсто решени, и покрај сите ...

Неопределените ќе го решат референдумот

Утрински - 16.10.2004

Анкета на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за референдумското изјаснување СаШко Димевски Невработеноста е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија, а децентрализацијата, територијалната полеба и референдумот се наоѓаат на осмото место на листата на проблемите што ги ...

Сликање со прашалникот и дупка

Дневник - 16.10.2004

Павле ТраЈанов Во НАТО ќе не примат како унитарна, а не како поделена држава, од ЕУ сме многу далеку (приемот на нови членки ќе биде суспендиран најмалку до 2012 година), војна нема да има, а поддршка за такво сценарио нема. Ете затоа треба да го издржиме притисокот и јасно и гласно да кажеме дека ...

Успешен референдум со исполнет цензус

Дневник - 16.10.2004

АНКЕТА НА "БРИМА" На референдумот за територијалната организација на општините ќе излезат 63 отсто од испитаниците, а 74,1 отсто од нив ќе гласаат "за", покажуваат податоците од телефонската анкета на Агенцијата за истражување на јавното мислење и маркетинг - БРИМА, член на "Галуп интернационал".

Европејците повеќе веруваат во Македонија отколку ние самите

Дневник - 16.10.2004

ИНТЕРВЈУ: БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Оценката на американскиот амбасадор ја оценувам како некоректна и контрапродуктивна, бидејќи не е точно дека скопското Кале е единственото безбедно место за Амбасада на САД, вели Црвенковски Пред четири дена наполни 42 години, а ...

ДПА ПРОТИВ СИТЕ

Вечер Прес - 16.10.2004

Ние во нашата кампања што ја започнуваме денес во Гостивар, нема да се занимаваме со квалитативниот исход на референдумот, бидејќи за нас со самото обезбедување на квантитативниот сензус, целта и на референдумот и на законите е иста, тие се на штета на Албанците.

Агенцијата „Брима галуп“ со анкета за референдумот

А1 - 15.10.2004

На три недели пред референдумот, мнозинството од македонските граѓани се подготвени да излезат на гласање. Предупредувањата од НАТО и ЕУ не ги предомислуваат граѓаните, а во формирањето на ставот за референдумот, кај голем дел од Македонците, пресудно е нивното несогласување со ставовите на ...

ДПА со кампања против референдумот

А1 - 15.10.2004

Против организаторите на референдумот, против коруптивните стремења на Владата за елиминација на механизмот консензус и донесувањето закони против интересот на Албанците и против сите оние, кои ги толерираат тие процеси. Со овие точки ДПА ќе ја води својата предреферендумска кампања, која започнува ...

ЛДП смета дека не треба да се излегува на референдумот

А1 - 15.10.2004

Либералдемократите вечерва, по повеќечасовен состанок на Централниот одбор, го изгради ставот дека не треба да се излегува на референдумот. „Централниот одбор на ЛДП донесе став дека референдумското прашање е бесмислено и ја враќа Македонија назад, па поради тоа смета дека членството, симпатизерите ...

И анкетите на СДСМ навестуваат добар одѕив

Време - 15.10.2004

ПРЕДРЕФЕРЕНДУМСКА ПРОВЕРКА НА ПУЛСОТ Александра М. Митевска На референдумот ќе се надмине потребниот цензус од 50 проценти излезени гласачи, а повеќето од нив ќе гласаат за враќање на територијалната организација од 1996 година.

Јорданов: "Владата не може за се да го прашуваат народот"

Вест - 15.10.2004

И БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР НИ ДРЖЕШЕ ЛЕКЦИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Бугарија немала искуство со референдуми, но ќе се подучела од македонското искуство, иако тој смета дека владата е таа која ја води државата и не може за се да го прашува народот Бугарскиот амбасадор во Македонија Александар Јорданов на ...

Референдумот не е заради уривање на власта

Време - 15.10.2004

ОПОЗИЦИОНЕРИТЕ ВО КОЧАНИ И ВО ВЕЛЕС Целта на референдумот не е да се урне актуелната власт, туку да се укаже на штетноста на Законот за територијална организација, а се друго што може да и се замери на власта ќе го оставиме за кампањата за локалните избори.

Сејачите на страв ги повредуваат основните човекови права

Време - 15.10.2004

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ Користењето референдум за сеење страв и нетрпение меѓу припадниците на различни етнички заедници претставува повреда на основните принципи на концептот за човековите права и слободи. Тоа се вели во извештајот 'Во прилог на децентрализацијата и одржливиот развој“, кој вчера го ...

Претседателот и премиерот треба да излезат на гласање

Време - 15.10.2004

КРИЗЕН ШТАБ ЗА ОПСТАНОК НА СТРУГА Претседателот на државата на 7 ноември треба да излезе на гласање и да го даде својот глас „за“ или „против“ референдумското прашање, смета кризниот штаб за опстанок на Струга. „И покрај изјавата на премиерот Костов дека „нема да искочи и да гласа“, очекуваме тој ...

Ова е референдум за спас на Македонија

Време - 15.10.2004

„ТРЕТИОТ ПАТ“ ВО ВЕЛЕС Македонија нема да пропадне ако успее референдумот. Тоа може да и се случи на државата ако референдумот пропадне, одговори на обвинувањата од власта Васил Тупурковски, еден од лидерите на здружената опозиција од коалицијата „Третиот пат“, на завчерашниот митинг за поддршка на ...

ДИК треба да повика да се гласа

Утрински - 15.10.2004

Прес Државната изборна комисија ќе го загуби легитимитетот пред граѓаните и политичките партии доколку не повика на масовен одѕив за референдумот како што тоа го правеше за претседателските избори, сметаат во Либералната партија.

Референдумот не е орудие за разгорување етничка омраза

Утрински - 15.10.2004

Според заклучоците на Хелсиншкиот комитет Мнозинството членови на Комитетот сметаат дека треба да се изработи нов закон Секоја злоупотреба на референдумот, кој е демократски начин на учество на граѓаните во процесите на одлучување, како орудие за разгорување етничка и национална омраза и нетрпение, ...

Власта преку референдумот поттикнува етничка нетрпеливост

Дневник - 15.10.2004

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ Референдумот е демократски начин на учество на граѓаните во процесите на одлучување и секоја негова злоупотреба како орудие за разгорување етничка и национална омраза и нетрпеливост претставува повреда на основните човекови права и слободи и треба да се санкционира, смета ...

Референдумот: Историски момент за Македонија

Дневник - 15.10.2004

Колумна - Никола Груевски Се плашат од излегувањето на гласање на сопствениот народ. Дојде време народот да претставува опасност за власта. Па сега ќе го заплашува, ќе го лаже, ќе му ветува, се со цел да не излегува на референдум Она што е забележително оваа недела е ново затегање на фискалната ...

Струга ги кани Црвенковски и Костов на гласање

Дневник - 15.10.2004

КРИЗЕН ШТАБ Кризниот штаб за опстанок на Струга го повикува претседателот на државата Бранко Црвенкоски да гласа на референдумот и да застане во одбрана на правото на граѓаните што со 180 илјади потписи побараа да се изјаснат за територијалната поделба.

И ВМРО ДПМНЕ по Либералната партија побара ДИК преку телевизиски спот да ги повикува граѓаните да излезат на референдум

Канал5 - 15.10.2004

И ВМРО ДПМНЕ по Либералната партија побара Државната изборна комисија исто како за претседателските избори преку телевизиски спот да ги повикува граѓаните да излезат на референдум. Опозициската партија и понуди пари на ДИК. Во ДИК велат дека се ра И ВМРО ДПМНЕ по Либералната партија побара ...

Анкета Брима Галуп 63 проценти од граѓаните на Македонија се изјасниле дека ќе излезат да гласаат на престојниот ...

Канал5 - 15.10.2004

63 проценти од граѓаните на Македонија се изјасниле дека ќе излезат да гласаат на престојниот референдум, покажува последната телефонска анкета спроведена вчера завчера од Брима Галуп Македонија.. Од 1000 испитаници, скоро 27 отсто нема да излезат на 63 проценти од граѓаните на Македонија се ...

ХЕРОИ НА СТРУГА

Вечер Прес - 15.10.2004

Градоначалникот Ромео Деребан и Кризниот штаб се херои и бранители на Струга и стружани за 2004 година. Ова признание доаѓа од Охридско-струшката асоцијација за Нов Јужен Велс, со седиште во Сиднеј, Австралија. Во образложението, пак, се наведува зошто е направен тој избор: Деребан и кризниот штаб ...

ЛП: „ДИК да повика на масовност за референдумот“

А1 - 14.10.2004

Власта да престане да ги заплашува граѓаните со отпуштање од работните места, а Државната изборна комисија и нејзиниот претседател исто како на претседателските избори да ги повикаат граѓаните масовно да излезат на референдумот, побараа денеска либералите.

Симпатизерите на СДСМ ќе гласаат на референдумот

А1 - 14.10.2004

Само 18% од граѓаните кои гласаа за СДСМ во 2002 сега ги слушаат нивните пораки дека не треба да излезат на референдум. Кај либералдемократите тој процент е уште помал 8,7%. Оваа анкета спроведена од Институтот за политичко правни и социолошки истражувања покажува дека е тешко остварлива целта на ...

Груевски: Референдумот е историска одговорност

Време - 14.10.2004

ОПОЗИЦИЈАТА МИТИНГУВАШЕ ВО СТРУГА Референдумот е историски чин за нашата земја и за сите граѓани и независно од својата партиска припадност, тие масовно ќе излезат и со својот глас ќе ги зацврстат темелите на Македонија. Тоа го порача Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, од прексиноќешниот ...

Референдумот во Македонија е закана за стабилноста на земјата

Утрински - 14.10.2004

Расправа во британскиот Парламент за ситуацијата во Западен Балкан Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Комисијата за надворешна политика во британскиот Парламент ја започна расправата за политиката на Велика Британија спрема Западен Балкан.

Референдумот ќе има импликации за Македонија

Утрински - 14.10.2004

Според потсекретарот на САД, Марк Гросман САД се фокусирани на тоа Македонија да има ефективна и корисна децентрализација, а единствен услов да дојде американската помош од 9,5 милиони долари за оваа намена е таа да се случи.

Груевски: Гласањето е против поделба на Македонија

Утрински - 14.10.2004

Митинг на опозицијата во Струга СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - Граѓаните на Македонија, независно од партиската припадност, на 7 ноември треба да гласаат не за спас на Струга и на Скопје, туку против вештачката поделба на Македонија од страна на радикални структури во земјава.

Власта понуди минато, ние сакаме иднина

Дневник - 14.10.2004

РЕФЕРЕНДУМСКИОТ КАРВАН ВО СТРУГА И ВО ВЕЛЕС Референдумот е избор помеѓу минатото на етничка поделба што ни го понуди власта со новиот закон за територијалната организација и иднината, која ќе не интегрира без поделба, рече Тодор Петров, овластен претставник на референдумот и претседател на ...

Раководството на СДСМ деновиве е растрчано низ општинските организации, меѓу членството и симпатизерите, за да ги ...

Канал5 - 14.10.2004

Раководството на СДСМ деновиве е растрчано низ општинските организации, меѓу членството и симпатизерите, за да ги убедува да не излегуваат на референдумот.. Загриженоста кај елитата на владеачката партија е поради тоа што последните анкети пока Раководството на СДСМ деновиве е растрчано низ ...

И референдумот е обврска на Државната изборна комисија, се огласи денеска Либералната партија

Канал5 - 14.10.2004

Либералната партија бара од ДИК и нејзиниот претседател да повикаат на масовен одзив на референдумот. Законска обврска на Државната изборна комисија е јавно да ги повика граганите да гласаат и тоа ке го стори, велат од ДИК. Комисијата за референдумот п Либералната партија бара од ДИК и нејзиниот ...

РЕФЕРЕНДУМОТ ИМА СЛАБИ ШАНСИ ДА УСПЕЕ

Вечер Прес - 14.10.2004

Претставници на Комисијата за надворешна политика на британскиот Парламент во средината на ноември ќе допатуваат во Македонија, при што ќе се сретнат со претставници на државниот врв, како и со членовите на македонската парламентарна Комисија за надворешна политика.

Здружениот опозициски блок на митинг во Струга

А1 - 13.10.2004

Од градот, симбол на отпорот, против новата територијална организација, ги повикуваме граѓаните да не потклекнуваат на заплашувањето од страна на власта, да го победат стравот, да излезат на референдумот и да ја искористат историската шанса, на идните генерации да им ја оставиме Македонија ...

Карванот на опозицијата не оди во албанските села

Време - 13.10.2004

РЕФЕРЕНДУМСКА КАМПАЊА Карванот на здружената опозиција не планира да оди во селата со доминантно албанско население за да ги убедува жителите да излезат на референдум, оти организаторите се плашат дека нема кој да ги пречека, велат извори на „Време“.

Власта изнудува изјави против референдумот

Време - 13.10.2004

КОАЛИЦИЈА „ТРЕТ ПАТ“ Граѓаните се цврсто решени да излезат на референдум за да ја спречат поделбата на државата, наспроти несериозноста на државниот врв, кој ја користи секоја посета на странски дипломат за да изнуди изјава против референдумот, рече Павле Трајанов од коалицијата „Трет пат“ на ...

Не во тој дрес, претседателе

Време - 13.10.2004

Диана Младеновска Претседателот Бранко Црвенковски едвај го дочека почетокот на кампањата за референдум за да втрча во патеката и вешто преземајќи ја антиреферендумската штафета почна да мавта со неа заборавајќи дека тој веќе не е не списокот на натпреварувачите.

Третиот пат: Власта да не ги кодоши народот и опозицијата кај странците

Вест - 13.10.2004

Коалицијата Третиот пат бара од власта да не ја користи секоја странска дипломатска посета за да пушта пораки против референдумот и притоа да не ги клевети сопствениот народ и опозицијата "Инсистирањето странските државници со изјави да го плашат народот покажува дека власта е исплашена за своите ...

Референдумскиот карван синоќа тргна од Струга

Утрински - 13.10.2004

Кампања СТРУГА - Почетокот на кампањата за претстојниот референдум почна вчеравечер во Струга со граѓански митинг кој беше оценет како поддршка на нивниот неколкумесечен отпор спрема новата територијална организација на Македонија.

Стразбур со внимание ќе го следи референдумот

Утрински - 13.10.2004

Најава Стразбур - При дводневната работна посета на македонскиот заменик-министер за локална самоуправа, Џеват Адеми, на Стразбур, каде што се сретна со претставници на Советот на Европа и Конгресот на локалните и регионалните власти, главна тема беа законите за децентрализација и, се разбира, ...

СДСМ прво ќе ги убедува своите

Дневник - 13.10.2004

план Со посета на повеќе партиски општински организации и настапи по локални телевизиски куќи СДСМ синоќа официјално ја почна референдумската кампања. Координаторот на пратеничката група Јани Макрадули синоќа требаше да замине за Велес, за каде што беше најавено дека по средбата со партиското ...

Кампањи без митинзи и еуфорија

Дневник - 13.10.2004

АЛБАНСКИ БЛОК Владејачката ДУИ, но и опозициските ДПА и ПДП, најверојатно, ќе водат "тивка" референдумска кампања, без митинзи и еуфорија. Тие ќе ја искористат кампањата за непосредни средби со граѓаните, на кои ДУИ ќе ги убедува дека успешниот референдум е враќање назад, а ДПА ќе укажува на ...

Власта изнудува од странците изјави против референдумот

Дневник - 13.10.2004

КАМПАЊА ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија вчера, во Струга ја почнаа кампањата за успех на референдумот против Законот за територијалната организација. Струга е избрана за почеток на кампањата поради тоа што е прв град каде што граѓаните и се спротивставија на власта на новите општински граници и е ...

РЕФЕРЕНДУМОТ Е МАКЕДОНСКА ВНАТРЕШНА РАБОТА

Вечер Прес - 13.10.2004

Американскиот амбасадор во Македонија, Лоренс Батлер, одвреме-навреме предизвикува бурни реакции во македонската јавност, како, на пример, со одлуката за изградба на американска амбасада на скопското Кале, или неодамнеш ната предупредувач ка изјава дека Македонија ќе се соочи со несигурност, ...

СДСМ очекува нејзините симпатизери да не гласаат за референдумот

А1 - 12.10.2004

Владеачката СДСМ со референдумот ќе се бори со математички калкулации на колку свои симпатизери може да смета дека сигурно нема да излезат на гласање. И покрај нискиот рејтинг во владеачката партија и овојпат очекуваат да им успее да ги стават под контрола своите 350.000 членови и симпатизери на ...

„Третиот пат“: Власта да не користи странци против референдумот

А1 - 12.10.2004

Коалицијата „Третиот пат“ бара од државниот врв да не ја користи секоја посета на странски дипломат за, како што рече лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на денешната прес-конференција, извлекување изјави од нив против референдумот, клеветејќи го притоа сопствениот народ и опозицијата.

Опозицијата ја продолжува кампањата во Струга

А1 - 12.10.2004

Во Струга кај паркот на поезијата пред зградата на политичките партии некаде за 20-тина минути треба да започне митингот на здружениот опозициски блок во кампањата за поддршка на референдумот за враќање на старата територијална поделба на општините.

Посакувам да не успее референдумот

Време - 12.10.2004

ДОРИС ПАК ЗА „ДОЈЧЕ ВЕЛЕ“ Референдумот против новата територијална поделба е сопирачка на патот на Македонија кон Европската Унија, рече европратеничката Дорис Пак за радиото „Дојче Веле“, на програмата на албански јазик. „Македонија има побарано членство во Европската Унија и очекува комисијата ...

Македонците од САД ќе дојдат да гласаат на референдумот

Вест - 12.10.2004

Македонците од САД сакаат да се организираат да допатуваат во Македонија за да гласаат на референдумот против предложената територијална поделба на државата закажан за седми ноември. Затоа македонските организации и цркви од Њу Џерси и Њујорк вчера одржале и средба на која донеле и резолуција за ...

Апел за референдум од „местото на злосторот“

Време - 12.10.2004

ОПОЗИЦИСКИОТ БЛОК ВЕЧЕРВА ВО СТРУГА Сунчица Стојановска Учесниците во кампањата на опозициските партии вечерва ќе се сретнат со граѓаните на Струга за да ги повикаат да гласаат за опстанок на постојните општински граници на референдумот на 7 ноември.

“ТРЕТИОТ ПАТ” БАРА ВЛАСТА ДА НЕ ГИ КОРИСТИ СТРАНСКИТЕ ДРЖАВНИЦИ ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ

Канал5 - 12.10.2004

Коалицијата “Третиот пат” бара од државниот врв да не ја користи секоја посета на странски дипломат за, како што рече лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на денешната прес-конференција, извлекување изјави од нив против референдумот, клеветејќ Коалицијата “Третиот пат” бара од државниот ...