Боби Христов <> Срамота. Скандал. Само така може да се оквалификува непримерниот потег на македонските челници, кои не најдоа потреба да отидат на комеморацијата во Аушвиц пред паметникот на најголемите злодела што воопшто му се случиле на човештвото.
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Ќути, трај до 9 мај 1 Вчера пристигна објаснувањето од кабинетот на Бранко Црвенковски зошто државникот не бил на одбележувањето на 60-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Затоа што Бранко решил да оди на 9 мај на прославата на победата против фашизмот во ...
ПО СКАНДАЛОТ СО МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО АУШВИЦ Боби Христов Министерството за надворешни работи и кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски се оградија од одговорноста за одлуката Македонија на комеморативниот собир на водечките светски лидери да ја претставува заменик-министерот за ...
СРАМОТА - МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕСПА СВЕТСКИТЕ НАСТАНИ Македонија не испрати свои високи претставници на најголемите светски собири минативе две недели - ниту на Светскиот економски форум во Давос ниту на церемонијата по повод 60-годишнината од ослободувањет Претседателот Бранко Црвенковски не отиде на ...
По игнорирањето на македонските високи претставници на комеморацијата за холокаустот во Полска Црвенковски оценил дека не било упатно да оди во Аушвиц кога веќе на 9 Мај ќе оди во Москва ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Претседателот Бранко Црвенковски не можел да добие лична покана од полскиот шеф на државата ...
КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОБЈАСНУВА Поканата за присуство на одбележувањето на 60-годишнината од ослободувањето на Аушвиц не беше адресирана на конкретна личност или носител на функција, одговараат од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски по обвинувањата дека не присуствувал на ...
ПИШУВА: Владимир Тулевски Конечно, во некои средини кај нас на луѓето им влегува ангел во срцето: прочитав добра вест дека во Сарај ќе се гради плоштад кој ќе го разубави местото на живеење, ќе има голем плочник, канделабри, фонтана, клупи и други содржини.
Бранко Црвенковски не присуствуваше на Комеморацијата во Аушвиц, зашто на 9 мај ќе оди во Москва, на прославата по повод 60-годишнината од победата над фашизмот?! Вака во Кабинетот го објаснија неговото отсуство од настанот, кој во Полска ги собра лидерите на земјите од целиот свет.
Судир меѓу кабинетот на Претседателот и Министерството за надворешни работи. Кој е виновен што македонскиот државен врв го игнорираше одбележувањето на 60-годишнината од холокаустот? Тимот на Црвенковски синоќа експресно реагираше, префрлајќи ја одговорноста на МНР - нивна била одлуката кој ќе ...
НА ГОДИШНИНАТА ОД ХОЛОКАУСТОТ На комеморацијата во Аушвиц по повод шеесетгодишнината од ослободувањето на овој концентрационен логор, Македонија ја претставуваше заменик-министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ. Тој е гостин со најнизок ранг според списокот на официјални гости, на кој има ...
СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 60-ГОДИШНИНАТА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЛОГОРОТ НА СМРТТА КРАКОВ, 28 јануари (АП) - Лидерите од 30 држави се собраа вчера за да им оддадат почит на жртвите на холокаустот на 60-годишницата од ослободувањето на озлогласениот логор на смртта Аушвиц.
СКОПЈЕ Да им оддадеме почит на жртвите на холокаустот и особено да се потсетиме на 7.144 македонски Евреи, кои ги загубија животите, со надеж на светот да не му се повтори Аушвиц. Со овие зборови Климе Коробар, директор на Музејот на град Скопје, го почна одбележувањето на 60-годишнината од ...
60 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОЗЛОГЛАСЕНИОТ НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР Ова не смее да се случи повторно, им порача на сите луѓе во светот командирот на советските војници што пред 60 години го ослободија нацистичкиот логор Аушвиц, говорејќи на комеморативниот собир на светски лидери, поранешни затвореници и ...
"Не натоварија во вагони за добиток и не испратија во Полска, во местото Биркенау. Ги одвоија способните за работа, а другите ги ставија во одделни соби. Никој не знаеше што ги очекува. Јас, по едно време, седнав до една фурна за да прочитам нешто, на светлоста од она што гореше од неа.
ВАРШАВА, 28 ЈАНУАРИ (МАКФАКС). - Главниот настан неделава, во која светот го одбележува сеќавањето на околу шест милиони жртви на холокаустот, се одржа вчера со пригодни комеморации по повод 60-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот "логор на смртта" Аушвиц - Биркенау.
Со звукот на возот, со кој во фабрикаата на смртта биле донесени над 1 милион луѓе, започна церемонијата за одбележување на 60-годишнината од ослободување на логорот Аушвиц. Најголемата светска гробница денеска беше место, на кое светските лидери и преживеаните се потсетија на хоророт на ...
Централниот настан неделава, во која светот го одбележува сеќавањето на околу 6 милиони жртви на холокаустот, ќе се одржи денеска со пригодни комеморации по повод 60 годишнината од ослободувањето на нацистичкиот „логор на смртта“ Аушвиц - Биркенау.
ЦЕРЕМОНИЈА ВО СПОМЕН НА ЖРТВИТЕ НА КОНЦ-ЛОГОРИТЕ На местото на поранешниот концентрационен логор Аушвиц во јужна Полска денеска ќе почне големата церемонија за одбележување на 60-годишнината од ослободувањето на логорот. На одбележувањето се очекуваат водачите на земјите што во Втората светска ...
Денес во Музејот на град Скопје ќе биде промовиран пригоден коверт со кој Музејот на град Скопје во соработка со Еврејската заедница од Македонија се приклучуваат кон одбележувањето на 60 години од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц Биркенау.
ПОЛСКА (АП) - На фотографијата снимена откако Советската армија го ослободила Аушвиц во 1945 година снимена е група деца во униформи, меѓу кои е и Марта Вајс, која тогаш имала 10 години (шеста од десно). Марта денеска живее во Ерусалим и е една од преживеаните од Аушвиц која решила да ги раскаже ...
Денеска се одбележува 60-годишнината од ослободувањето на најозлогласениот концлогор Во полскиот град Освјенцим денеска ќе се соберат повеќе од 40 светски лидери ПАРИЗ - Пред светот да го одбележи ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор "Аушвицци, германските и француските лидери во ...
Герхард Шредер зборуваше за специјалната одговорност на Германците за холокаустот Германскиот канцелар Герхард Шредер повика на внимателност во борбата против антисемитизмот, додека светот се сеќава на нацистичките злосторства направени во Аушвиц.
СПРОТИ 60-ГОДИШНИНАТА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА АУШВИЦ На церемонијата ќе присуствуваат делегации од 40 држави и околу 10.000 гости, преживеани затвореници и ветерани на Црвената армија, кои на 27 јануари 1945 година влегоа во Аушвиц Повеќе од 3.500 полски полицајци и агенти ја засилија безбедноста во ...
На поменот на над милион и сто илјади убиени, главно евреи, во нацистичката ,,фабриката на смртта,, во јужна Полска присуствуваа поранешни затвореници, ослободители од советската црвена армија и 50-на светски државници. Кога пристигнавме еден од чува На поменот на над милион и сто илјади убиени, ...
Годинава се навршуваат 60 години од ослободувањето на логорот на смртта во полскиот град Освјенцим, или во светот попознат под германскиот назив- Аушвиц. Освјенцим е град во Полска, на горниот дел на реката Висла. Во текот на Втората светска војна Аушвиц станува синоним на логор за уништување на ...
БЕРЛИН, 26 јануари (АП) - Германија ќе ја одржи својата "морална обврска" да го одржи во живот сеќавањето на нацистичките злосторства, изјави вчера канцеларот Герхард Шредер додека им оддаваше почит на жртвите на логорот на смртта Аушвиц, од чие ослободување неделава се навршуваат 60 години.
Прва сесија на Генералното собрание на ОН за холокаустот во Втората светска војна Ели Визел: Ако светот послушаше, можеби ќе можевме да ги спречиме Дарфур, Камбоџа, Босна и, секако, Руанда ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Доколку светот ги слушнеше ужасите од холокаустот, можеби масовните убиства во Камбоџа, ...
САМОКРИТИКИ И РАСПРАВИ ВО ОН, НА специЈАЛНА КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА Ако светот слушаше внимателно за стравотиите во нацистичките логори на смртта во Втората светска војна, веројатно ќе беа спречени геноцидите во Дарфур, Камбоџа, Босна и во Руанда, истакнаа светските лидери на комеморативната седница ...
НЕДЕЛАВА НИЗ ЕВРОПА Со низа комеморации светот почна да ја одбележува 60-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц - Биркенау, јави Макфакс. Одбележувањата почна вчера со специјална сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
СЕСИЈА ВО ЊУЈОРК Шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева денеска во Њујорк ќе учествува на специјална сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, по повод 60-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц - Биркенау.