TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Урбаната мафија ги разбуди градоначалниците

Време - 09.11.2006

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Градоначалниците на повеќе општини во изминатиов период ја обвинија централната власт дека бесправно им се меша во работата, односно во ингеренциите што ги добиле со децентрализацијата. Овие реакции главно дојдоа по повиците на Владата општините да ги уриваат дивоградбите и по ...

Без дозвола изградил неколку илјади квадрати

Време - 09.11.2006

ДИВОГРАДБА ВО ПРЖИНО Зграда од неколку илјади квадратни метри била изградена на улицата Банско во населбата Пржино, иако инвеститорот имал градежна дозвола за објект од нешто над 1.000 квадрати, велат од општината Кисела Вода. - Тој објект многу отстапува и во габаритот и во висината.

Почна уривањето дивоградби според динамичниот план

Дневник - 09.11.2006

Падна дивиот потпокрив на индивидуална куќа на улицата Пиринска. Општината Центар од завчера почна да спроведува акција за уривање на дивоградбите според динамичниот план што пред три дена беше претставен во Министерството за транспорт и врски, кога министерот Миле Јанакиески ги повика на средба ...

Аларова кажа што ќе урива во Центар

Време - 08.11.2006

НА СРЕДБАТА СО ЈАНАКИЕСКИ Општините веднаш да ги урнат дивоградбите за кои има решенија за уривање, им порача Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, на градоначалниците што завчера ги собра во својот кабинет. Дознаваме дека Јанакиески имал најголеми забелешки за скопските општини, во кои и ...

Продолжи уривањето зад стадионот

Време - 08.11.2006

ЦЕНТАР ГИ РАСЧИСТУВА ДИВОГРАДБИТЕ Екипи на општината Центар вчера продолжија да го уриваат спорниот потпокрив на зградата зад стадионот, а ги расчистуваа и летните тераси на кејот „13 Ноември“. Од општината информираа дека го урнале дивоизградениот потпокрив на зграда на улицата Пиринска.

Најголем дел од дивоградбите ќе се легализираат

Утрински - 08.11.2006

СТРУМИЦА - Една година по средувањето на урбанистичкиот хаос во Струмица, градоначалникот Зоран Заев одлучи наместо да ги урива дивоградбите најголем дел од нив да ги легализира, градежните инспектори строго да ги контролираат новите градби за да не се дозволи појава на нови дивоградби.

Владата и општините се договараат за уривање на дивоградбите

Утрински - 08.11.2006

ЗЕЛС реагира дека министрите се мешаат во ингеренциите на локалната самоуправа ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Сите градоначалници веднаш да пристапат кон спроведување на решенијата за уривање на дивоградбите, а истовремено да почнат и да ги применуваат соодветните законски регулативи во сферата на урбанизмот.

Дивоградбите да се урнат веднаш

Дневник - 08.11.2006

Градоначалниците веднаш да почнат да ги уриваат дивоградбите за кои донесле решенија за рушење, одлучила Владата завчера. Одлуката на градоначалниците на сите 85 општини им ја пренесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на вчерашната средба во Скопје, на која присуствуваа министерот за ...

И „шпанско село“ мора да се урне

Дневник - 08.11.2006

Градоначалникот на Карпош Андреј Петров вели дека веднаш ќе се качи со багери на Водно, доколку државата му даде 10 милиони денари колку што чини уривањето Министерството за транспорт и врски нема да ја помилува дивата населба на падините на Водно, таканареченото шпанско село.

Само две фирми рушат дивоградби

Време - 07.11.2006

СИТЕ ГРАДАТ, НИКОЈ НЕ УРИВА Неколкуте илјади дивоградби низ земјава најверојатно ќе ги рушат само две фирми, кои и досега се пријавуваа на тендерите што ги распишуваат општините, велат локалните власти и градежни инспектори што подолго време работат во урбанистичките одделенија.

Во Кичево нема дивоградби?!

Вечер Прес - 07.11.2006

Министерството за транспорт и врски се сомнева во вистинитоста на извештаите кои Општините ги доставија како одговор на владиното барање за регистрација на дивоградбите во Македонија. Државната инспекција ќе оди на терен за да ја утврди реалната состојба со станбените згради и да увиди дали ...

Новиот објект на кајакарскиот клуб е дивоградба

Време - 06.11.2006

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ ТВРДИ Новиот објект што се гради во Градскиот парк, а во кој треба да се смести кајакарскиот клуб Илинден е дивоградба и ќе го урнеме, најави Андреј Петров, градоначалникот на општината Карпош.

Градоначалниците на отчет за неурнатите дивоградби

Дневник - 06.11.2006

Петнаесет до дваесет згради во Скопје, најмногу во Центар и во Кисела Вода, се дивоградби, но нивниот број од ден во ден ќе се зголемува, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во интервју за Радио Слободна Европа.

Справување со дивоградбите - градоначалниците кај министерот Јанакиевски

Канал5 - 06.11.2006

Скопските градоначалници на средба кај министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Заедно ќе кројат стратегија како да се справат со дивоградбите во нивните општини. Дојдоа градоначалниците на Гази Баба, Петровец, Ѓорче Петров како и на општините кои се најозлогласени по бројот на ...

Секоја дивоградба на тапет

Вечер Прес - 06.11.2006

Јавно ќе биде кажана секоја фирма која има и за која има решение за уривање, тврди министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според него на подрачјето на Скопје постојат над 15 до 20 станбени згради кои се дивоградби, а таа бројка од ден на ден се зголемува.