TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДА го поддржува Чоревски

Канал5 - 03.07.2005

Не е вистина дека претседателот на Советот на град Скопје Благоја Чоревски го партизира советот и ја блокира неговата работата. Вака денеска членовите на ДА се обидоа да го одбранат својот сопартиец и претседател на советот- Чоревски, нарекувајќи го дрско барањето на социјалдемократите за негова ...

Црвено светло за спортската сала

Време - 02.07.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ЗАПИРА ПРОЕКТОТ Единствениот почнат проект што нема да биде одобрен од градската управа е изградбата на новата спортска сала, поради тоа што таа чини премногу пари, рече градоначалникот Трифун Костовски на завчерашната седница на градскиот совет.

СДСМ бара смена на Чоревски од Советот на Скопје

Вест - 02.07.2005

СДСМ ќе поведе иницијатива за разрешување на Благоја Чоревски, член на ДА, од местото претседавач на Советот на град Скопје. Емилијан Станковиќ, потпретседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, рече дека се незадоволни од Чоревски и неговата работа ја оцени како неефикасна.

Костовски: Ја прифаќам одговорноста ако се случи непогода

Време - 02.07.2005

РЕБАЛАНС НА ГРАДСКИОТ БУЏЕТ Јас ја прифаќам одговорноста ако на Скопје му се случи некоја непредвидена непогода, а во градскиот буџет нема предвидено доволно пари за да ги покриеме штетите, изјави градоначалникот Трифун Костовски на завчерашната седница на Советот, на која се расправаше за ...

Градот колку ќе има приход толку ќе троши

Утрински - 02.07.2005

Костовски нема право да распределува пари за проекти Градските советници на последната седница на Советот на Скопје го усвоија ребалансот на Буџетот за 2005 година во кој се предвидува приход од 1.442.115.000 денари. Според градоначланикот Трифун Костовски, ребалансот се заснова на 14 програми и 33 ...

СДСМ не е задоволен од работата на Костовски

Утрински - 02.07.2005

Социјалдемократите ја потврдија интерпелацијата на Чоревски Градската организација на социјалдемократите од Скопје не е задоволна од работата на скопскиот градоначалник Трифун Костовски во изминативе сто дена, откога е назначен на оваа функција, изјави потпретседателот на Градската организација на ...

Костовски крена раце од спортската сала

Дневник - 02.07.2005

ПРОЕКТОТ МУ Е СКАП НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Повеќенаменската спортска сала кај хотелот "Александар палас" засега нема да се доградува. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски на завчерашната седница на Советот на Град Скопје им рече на советниците дека нема да даде дозвола за проектот за спортската сала.

Скопје нема градоначалник!

Вечер Прес - 02.07.2005

"По изборот на Трифун Костовски во Скопје нема ни резултати сега, ни градоначалник", изјави вчера Емилијан Станковиќ, потпретседател на Градската организација на СДСМ Скопје, за 100 дена од преземањето на локалната власт од коалицијата "За подобра Македонија".

Трифун ќе патува на своја сметка

Вест - 01.07.2005

ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ВЧЕРА РАСПРАВАА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ НА СКОПЈЕ На забелешката зошто прави ребаланс на буџетот на Градот, а го зголемува износот за патни трошоци, градоначалникот Трифун Костовски одговори дека тој лично нема да поднесе ниту една сметка за патни и дневни тр Советот на град ...

СДСМ ќе го урива Чоревски

Време - 01.07.2005

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ СДСМ на следната седница на Советот на Скопје ќе побара интерпелација на претседателот Благоја Чоревски, најави Гоце Митевски, советник од оваа партија, на вчерашната седница. Тој рече дека причините ќе ги образложат на следната седница.

Ќе се бара интерпелација на Чоревски

Утрински - 01.07.2005

По иницијатива на СДСМ Советникот Гоце Митовски од СДСМ, на вчерашната седница на Советот на Град Скопје, најави дека ќе достави иницијатива за покренување интерпелација на претседавачот на Советот, Благоја Чоревски. Митовски не сакаше да ги каже причините за интерпелацијата и нагласи дека ...

Додовски стана советник на Костовски

Утрински - 01.07.2005

Промени во Советот на Скопје На Марјан Додовски од редовите на ВМРО-Народна партија од вчера официјално му престана мандатот советник во Советот на Скопје, бидејќи неодамна е вработен во градската администрација. Додовски во понеделникот беше именуван за советник за животна средина и природа на ...

Буџетот на Скопје тапка во место

Утрински - 01.07.2005

Градските советници повеќе од четири часа расправаа за градската каса Советниците во Град Скопје вчера расправаа по предлогот за изменување и дополнување на градскиот буџет предвиден за до крајот на годинава. Под очигледна пресија, со оглед на стартот на децентрализацијата, предлогот предизвика ...

СДСМ БАРА СМЕНА НА ЧОРЕВСКИ

Канал5 - 01.07.2005

По нивната поддршка на Благоја Чоревски за претседател на Советот на град Скопје, кога предизвикаа бура во советничките редови на мнозинската коалиција која го подржа Костовски за градоначалник, Социјалдемократите го менуваат курсот и бараат смена на актуелниот претседател на Советот.

Непристоен предлог на Костовски

Вечер Прес - 01.07.2005

Голем број фирми на кои Градот Скопје им должи пари за порано завршени работи се изненадени од она што во директни разговори им го бара градоначалникот Трифун Костовски - да ги намалат побарувањата за 30 отсто, што ќе им било гаранција дека и во иднина ќе продолжеле да соработуваат со нив.

Ребалансот на Костовски - нејасен!

Вечер Прес - 01.07.2005

Ребалансот на градскиот буџет кој за 2005 година ќе изнесува 1.442 милијарди денари, вчера во неколку наврати од советниците на Град Скопје беше оценет како непотполн, па дури и нелогичен. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за оваа година, и покрај експозето дадено од ...

Расправа на градскиот совет за ребалансот на буџетот

А1 - 30.06.2005

Не ден пред децентрализацијата, градскиот совет расправаше за ребалансот на буџетот, што треба да одговори на новите надлежности што треба да ги преземе градот. Но не одеше така лесно. Славевски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека премногу пари се издвоени за патни трошоци и за плати за администрацијата.

Ѕинго му се закани на Трифун

Вечер Прес - 30.06.2005

"Водовод и канализација" и ЈСП "Скопје за ВМРО-ДПМНЕ, "Паркови и зеленило" за коалицијата "Третиот пат" , "Комунална хигиена", "Градски паркинзи" и "Улица и патишта" за градоначалникот Трифун Костовски и претседавачкото место за алтернативецот Борис Чоревски.

Марјан Додовски и Зоран Петревски - советници на Костовски

Утрински - 29.06.2005

Именувани советници во тимот на скопскиот градоначалник Марјан Додовски, поранешен министер за животна средина и просторно планирање, е новоименуваниот советник за животна средина и природа во кабинетот на скопскиот градоначалник Костовски.

Костовски да го види Скопје

Дневник - 29.06.2005

митко Јованов Градоначалникот Трифун Костовски забрзано ја троши довербата, кредитот што му го дадоа скопјани на изборите. Тие, имено, се уште не го виделе во акција, во некоја од оние што ги најавуваше, што ги ветуваше пред да стане прв човек на градот.

Советници на Костовски - партиски кадри

Вечер Прес - 29.06.2005

Не дека некој навистина поверувал оти "независниот" скопски градоначелник Трифун Костовски, ќе го советуваат експерти, а не партиски луѓе, туку како потврда дека ова е чиста утопија и мамење на јавноста е и последниот избор на нови пулени во неговиот кабинет.

Граѓаните веруваат во Костовски и чекаат да почне со работа

Дневник - 28.06.2005

пулсот на скопЈани Скопјани главно се согласуваат дека на градоначалникот Трифун Костовски треба да му се даде шанса да се докаже иако досега не покажал конкретни резултати и иницијативи. Жителите на главниот град сметаат дека Костовски не е виновен за неработењето, но му забележуваат на ...

Скопските проекти чекаат на Костовски

Дневник - 28.06.2005

ГЛАВНИОТ ГРАД СО СЃ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ По сто дена од локалните избори Скопје е обраснато со трева, улиците полни со дупки, таксистите го блокираат градот поради огромно незадоволство, а езерото Треска се полни за да не се капе во него никој.

Костовски да не губи време со менување проекти

Дневник - 27.06.2005

ЛДП ПРАШУВА ЗОШТО ДОЦНИ пробивањето на улицата ГОЛОГАНОВ во скопЈе Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски стапи на функцијата и го прекина пробивањето на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов спроти студентскиот дом "Гоце Делчев", обвини Либерално-демократската партија.