Ова е куќата на Саше Ѓелевиќ во кумановско Матејче, што ја напуштил за време на воениот конфликт во 2001-та. Тврди дека се уште е во негова сопственост, но оти чека пари од државата за да ја обнови. Неговото семејство е едно од 18-те кои добија писма од Министерството за труд и социјална политика ...
Арачиново е безбедно за живејачка, велат дел од Македонците кои ги реконструираа своите куќи. Арачиново е безбедно за живејачка, велат дел од Македонците кои ги реконструираа своите куќи. Денеска ги сретнавме како ја потсредуваат околината околу црквата Св. Таламеј во Арачиново.
Продолжува штрајкот со глад на раселените од Липковскиот регион. Велат дека овој пат ќе одат до крај, се додека државата не им помогне на вистинскиот начин. Револтирани се, затоа што 18 семејства добиле писма да ги напуштат колективните центри, иако тие луѓе ниту ги реконструирале куќите, ниту пак ...
Околу 400 раселени матејчани од вчера започнаа штрајк со глад. Осумнаесет семејства добиле решенија дека им се укинуваат сите бенифиции и треба да се иселат од колективните центри. Сите раселени се солидаризираат со своите комшии и вчера ги вратија оброците за доручек и ручек и бараат ...
Незадоволни од одлуката на Министерството за труд и социјална политика Со раселените се солидаризираа и пратениците Иван Стоиљковиќ и Иван Атанасовски, кои сметаат дека тие со право се револтирани КУМАНОВО - Откако вчера изутрина беа симнати од списокот за појадок, 17 лица од привремено раселените ...
Владата заглавена Владата сў уште не одлучила како ќе го решава проблемот со раселените Македонци од Арачиново, кои веќе подолг период одбиваат да ги потпишат трипартитните договори за реконструкција на куќите и не сакаат да се вратат во селото, а од вчера повторно и се отвори проблем со раселените ...
АРАЧИНОВЦИ БАРААТ Раселените Македонци од Арачиново што ги потпишале трипартитните договори за обнова на куќите се заканија дека ќе штрајкуваат со глад ако Владата до понеделник не им го обнови статусот на внатрешно раселени лица.
ВО КУМАНОВСКИОТ ХОТЕЛ "КРИСТАЛ" Стотина семејства на раселените Македонци и Срби од Матејче, сместени во четирите колективни центри и во приватни куќи во Куманово, вчера се собраа во хотелот "Кристал" и почнаа штрајк со глад.
Стариот пат Скопје-Куманово што води преку селото Арачиново, повторно, е преплавен од автомобили. Ако по воениот етнички конфликт во 2001 година постоеше страв кај возачите да се минува низ едно од главните жаришта, скапите патарини на автопатот и немаштијата изгледа го победиле стравот.
Отворен судир и спротиставени мислења меѓу власта и раселените. Раселените од Липковско почнаа штрајк со глад. Револтирани се затоа што министерот Јакимовски не стоел на договореното. Ветил, оние што индивидуално купиле станови нема веднаш да ги отпише од списокот на раселени, но токму тоа го ...
КУМАНОВО За 12 семејства од раселените Македонци и Срби од Матејче, сместени во хотелот "Кристал" во Куманово, од денеска нема храна бидејќи тие се избришани од списокот за добивање оброци. Оваа одлука ја донесло Министерството за труд и социјална политика, а во неа се посочува дека овие семејства ...
Разочарани и гневни, бидејќи државата скоро пет години не им го решила нивниот статус, раселените од Кумановско Матејче денеска почнаа штрајк со глад. Деца, стари и болни- гладуваат сите. Ги вратија појадок и ручекот, ја откажаа вечерата.
Владата им двоен аршин за раселените Македонци од Арачиново, обвинуваат 20-те раселени семејства кои ги реконструираа и не ги продадоа куќите. Таман мислевме да се вратиме во селото, кога Владата им вети отштета за домовите на арачиновците од здружението „Зора“ и со тоа не предомисли, велат тие.
ПО СРЕДБАТА СО БУЧКОВСКИ Раселените арачиновци вчера го прекинаа дводневниот штрајк со глад откако се сретнаа со премиерот Владо Бучковски, кој им ветил трајно решение за нивниот проблем. На средбата присуствувале и Владо Поповски, министерот без ресор, и Стојан Андов, претседател на анкетната ...
УЛТИМАТУМОТ ОД ВЛАДАТА НЕ ВАЖИ, РАСЕЛЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ Премиерот Владо Бучковски прифатил на раселените Македонци од Арачиново кои ни под разно не сакаат да се вратат да живеат таму, да им се даде финансиска поддршка, со која тие би почнале нов живот каде сакаат, а која ќе им се ...
Македонците од Арачиново излегоа задоволни од средбата со премиерот Бучковски Раселените Македонци од Арачиново вчера го прекинаа тридневниот штрајк со глад откако премиерот Владо Бучковски ги прифатил нивните барања за исплата на парични средства со кои ќе им биде овозможено да си изградат или да ...
ПО СРЕДБАТА СО ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Раселените Македонци од Арачиново решија да го стават во мирување штрајкот со глад, откако вчера премиерот Владо Бучковски прифатил Владата да ја разгледа можноста на Арачиновци да им исплати пари за тие да ги напуштат колективните домови и потоа сами да решат ...
Раселените Арачиновци го ставија штрајкот со глад во мирување, откако вчера премиерот Владо Бучковски им вети дека најдоцна за една недела ќе биде решен проблемот со бесплатниот јавен превоз и здравствените услуги, што законски им следуваат.
Штрајкот со глад арачиновци го ставија во мирување. Одлука доаѓа по денешната средба во Владата со премиерот Бучковски, министерот Владо Поповски и со претседателот на анкетната комисија за човекови права Стојан Андов. Им било ветено дека за 7 дена ќе бидат готови евиденционите картони, со кои сите ...
ЗОШТО Е ЗАПРЕН СПОРОТ НА АРАЧИНОВЦИ Емил Зафировски На раселените арачиновци не им се назначува нов судија затоа што во моментов нема слободен судија, тврдат во Основниот суд Скопје1, по обвинувањата дека Владата намерно го опструира спорот во кој тие бараат отштета за претрпена материјална и ...
АРАЧИНОВЦИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД И ЧЕКААТ ДА ГИ ПРИМИ ПРЕМИЕРОТ На штрајкувачите во колективниот центар им е најавено дека премиерот ќе ги прими денеска Раселените Македонци од Арачиново денеска треба да се сретнат со премиерот Владо Бучковски и да поразговараат за методите со кои Владата одлучи да ...
РАСЕЛЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД АРАЧИНОВО Раселените Македонци очекуваат денеска да разговараат со премиерот Владо Бучковски и велат дека од прифаќањето на нивните барања зависи дали ќе го продолжат штрајкот со глад. Тие и вчера штрајкуваа одбивајќи ја храната во колективните домови.
Бранко ЃорЃевски Нема човек што може да остане рамнодушен пред сликата во која раселените лица се оставаат без храна, се бркаат од тесните сопчиња на ученичките домови. Во таква ситуација штрајкот со глад на беспомошните им останува како единствено оружје, ако и тој може да смени нешто што со ...
Арачиновци престанаа да штрајкуваат со глад, по барање на премиерот Бучковски. Тој им ветил дека наредните седум дена Владата ќе ја разгледа состојбата во колективните центри, а за нивното обесштетување ќе решел судот. Внатрешно раселените лица од Арачиново рекоа дека се задоволни од тоа што им го ...
Претставници на штрајкувачкиот одбор на раселените арачиновци, вчера извршија увид во листите за пререгистрација во Министерството за труд и социјална политика. "Имаше пријавено лица кои не живеат во колективните центри, а се пријавиле на списоците, поради што мораше да се прецизира кој се се води ...
„Тешко е на 65 години штрајк. По која вина?“, изјави Милена Стојановска, раселено лице од Арачиново. И покрај ваквото признание, арачиновци се решени да истраат во штрајкот со глад, се додека власта не им помогне. На старците им е потешко.
РАСЕЛЕНИТЕ АРАЧИНОВЦИ ПОЧНАА ШТРАЈК СО ГЛАД Емил Зафировски Околу 200 раселени арачиновци вчера почнаа штрајк со глад поради владината одлука да се избркаат од прифатилиштата оние што нема да ги потпишат договорите за обнова на куќите, со обврска потоа да се вратат во селото.
ШУТНАТИ ОД ВЛАСТА, АРАЧИНОВЦИ БАРААТ ПОМОШ ОД ЕВРОПА Раселените Македонци од Арачиново вчера во 11 часот почнаа штрајк со глад, а во попладневните часови застанаа пред зградата на ЕУ во Скопје Неколку десетици раселени Македонци од Арачиново, собрани од повеќе колективни центри, вчера дојдоа пред ...
ВО ПОТРАГА ЗА НОРМАЛЕН ЖИВОТ Раселените Македонци од Арачиново вчера почнаа штрајк со глад за да издејствуваат Владата да им даде нови картони за евидентирање на статусот на внатрешнораселени лица. Тие бараат да продолжи и судскиот процес во скопскиот Основен суд 1, во кој тие ја тужат државата за ...
Веќе втор ден, арачиновци штрајкуваат со глад во колективниот центар Сенич во Автокоманда. Околу 150 луѓе учествуваат во протестот, од него се исклучени само децата и болните. Бараат подобри услови за живот и конечно решавање на нивниот статус.
Неколку стотици раселените Арачиновци по "неуспешната" средба со министрите за финансии и труд и социјална политика, Никола Поповски и Стефчо Јакимовски, вчера почнаа штрајк со глад во колективниот центар "Томе Стефановски - Сениќ". Тие својот револт го изразија и пред седиштето на ЕУ во Скопје.
Претставникот на Министерството за труд и социјала не ги посети раселените арачиновци иако тие го започнаа најавениот штрајк со глад, а тој беше во колективниот центар Томе Стефановски Сениќ. Околу 300 раселени одбиваат да земаат храна се додека не се реши во целост нивниот статус.
Проблемите на реинтегрирањето на внатрешно раселените лица и бегалците, опасноста од експлозивни направи и судбината на исчезнатите лица во регионот се темите на кои расправаат парламентарците од Советот на Европа и ОБСЕ, како и членовите на Европскиот Парламент на дводневниот семинар што почна ...
ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ ОД СПИСОЦИТЕ Околу 150 раселени арачиновци од денеска ќе почнат штрајк со глад во знак на револт од одлуката на Владата да ги избрише од списоците и да им ги одземе бенефициите, најавија вчера во нивното здружение „Зора“.
НЕЗАДОВОЛНИ ОД ВЛАДАТА Над 300 раселени Македонци од Арачиново денеска ќе почнат штрајк со глад во интернатот "Сениќ" во Скопје, каде што се сместени веќе четири години. Тие ќе штрајкуваат без разлика на исходот од закажаната средба за синоќа со министрите Стевче Јакимовски и Владо Поповски, најави ...
Владата сака да не сокрие пред Европската Унија, за да ги подобри оценките од Европската комисија, велат внатрешно раселените лица од Арачиново, кои мирно протестираа пред претставништвото на Унијата во Скопје и пред Основниот суд еден.