НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ Актуелниот европски првак Хипо Нидерестерајх на нашите репрезентативки Тарчуловска и Ферзалиева е на најдобар пат во силна конкуренција со АКВА и Будуќност да обезбеди пласман во втората, четвртфинална рунда од годинешнава сезона во Лигата на шампионките.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5. КОЛО Екипите на Виборг, Ларвик и Крим Електа се првите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионките во ракомет на едно коло пред завршување на натпреварите по групи. Последното коло се игра следниот викенд, кога ќе бидат познати и сите осум учесници.