TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рајс во посета на Москва

А1 - 21.10.2006

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска пристигна во Москва каде што со руското раководство ќе дискутира за кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја, а ќе го покрене и прашањето за нуклеарната програма на Иран, јави ИТАР - ТАСС.

Ким жали за нуклеарната проба

Време - 21.10.2006

КРИЗА НА КОРЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил изразил жалење поради нуклеарната проба што неговата земја ја изврши минатата недела и побарал меѓународни преговори, под услов САД да се откажат од санкциите против неговата земја.

Ким веќе нема да прави нуклеарни пробеи

Вест - 21.10.2006

ПЕКИНГ, 21 октомври (Ројтерс) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил вчера му рекол на кинескиот пратеник Танг Џијахуан, кој е во посета на Северна Кореја, дека Пјонгјанг не планира да прави нови нуклеарни проби, пренесе јужнокорејската новинска агенц ПЕКИНГ, 21 октомври (Ројтерс) - ...

Ким се извинил за нуклеарната проба

Дневник - 21.10.2006

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил му се извинил на кинескиот емисар Танг Ѓиасјуан поради тоа што со тестирањето на нуклеарната бомба Пјонгјанг ја изневерил Кина Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил му се извинил на кинескиот емисар Танг Ѓиасјуан поради тоа што со тестирањето на нуклеарната бомба ...

Рајс пристигна во Москва на разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја

Канал5 - 21.10.2006

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска пристигна во Москва каде што со руското раководство ќе дискутира за кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја, а ќе го покрене и прашањето за нуклеарната програма на Иран, јави ИТАР - ТАСС Москва, 21 октомври (МИА) - Американскиот ...

Буш: Северна Кореја ќе ми одговара

Време - 20.10.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ЗАКАНИ Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера се закани дека нема да и дозволи на Северна Кореја да им даде нуклеарно оружје на Иран и на Ал каеда. - Ќе ми одговараат - изјавил Буш во интервју со телевизијата „Еј-би-си“ на прашањето што ќе прави САД ако Северна Кореја се обиде ...

САД отворени за преговори со Северна Кореја

Вест - 20.10.2006

СЕУЛ, 20 октомври (Ројтерс) - САД вчера соопштија дека се отворени за преговори со Северна Кореја околу нејзините нуклеарни амбиции, додека вниманието се фокусира на тоа дали Кина успеа да го убеди Северот да ја смири кризата.

Рајс вели дека има шанси за преговори со Северна Кореја

Утрински - 20.10.2006

СЕУЛ - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави вчера дека патот за преговори со Северна Кореја за нејзината програма за нуклеарно вооружување се' уште е отворен. „Сакаме патот за преговори да остане отворен. Не сакаме кризата да ескалира“, изјави таа пред новинарите во Сеул по ...

Пјонгјанг ќе „ожнее“ нова тура плутониум

Дневник - 20.10.2006

Опасен знак може да биде и прекинување на работата на нуклеарниот реактор во Јонгбнјон, за да се извадат прачките и да се употребат како материјал за фисија Северна Кореја планира да ја заостри тензијата со втора нуклеарна проба, но и со зголемување на резервите плутониум, од кои може да се направи ...

Рајс: Се уште е отворен патот за преговори со Северна Кореја

А1 - 19.10.2006

„Се уште е отворен патот за преговори со Северна Кореја околу нејзината нуклеарна програма“, изјави шефицата на американската дипломатија. Кондолиза Рајс рече дека Вашингтон не сака ескалација на кризата, изразувајќи надеж дека Пјонг Јанг ќе се врати на преговорите за атомската програма.

Северна Кореја подготвува реприза?

Време - 19.10.2006

СПОРЕД РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ Северна Кореја е нестрплива да спроведе втор тест на атомска бомба со цел да ги отстрани сите сомнежи дека по првиот тест од 9 октомври навистина е способна за производство на нуклеарно оружје, јави новинската агенција АФП.

Рајс во азиска мисија за казнување на Северна Кореја

Вест - 19.10.2006

ТОКИО, 19 октомври (Ројтерс) - Со цел да ја зацврсти решеноста на Азија да ја казни Северна Кореја за нуклеарните проби, американската државна секретарка Кондолиза Рајс вчера доби уверување од Јапонија, но можеби нема да има толкава среќа со Кина и Јужна Кореја.

Москва бара „рационална одлука“ од Северна Кореја

Утрински - 19.10.2006

МОСКВА - Москва се надева дека Северна Кореја ќе донесе „рационална одлука“ за окончување на спорот околу нуклеарните тестирања по пат на преговори, а не конфронтација, истакна вчера руското Министерство за надворешни работи.

Рајс ги предупредува азиските сили за опасноста од Северна Кореја

Утрински - 19.10.2006

Пјонгјанг соопшти дека мала е веројатноста оти сега ќе потклекне, кога стана нуклеарна сила ТОКИО - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера ја почна кратката турнеја во регионот за да ги убеди северноазиските сили да заземат обединет став кон санкциите на ОН, што уследија по ...

Светскиот мир загрозен

Вечер Прес - 19.10.2006

Конфликтот околу иранската нуклеарна програма и нуклеарната проба на Северна Кореја се најголемите закани за светскиот мир, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за списанието "Штерн".

„Предавничкиот“ чин на Јужна Кореја може да предизвика војна

А1 - 18.10.2006

„Предавничкиот“ чин со кој Јужна Кореја се приклучи кон земјите кои воведоа меѓународни санкции против Северна Кореја, може да предизвика војна. Ова го пренесува северно-корејскиот дневен весник „Нодон синмун“, во кој стои дека Пјонгјанг ја повикува Јужна Кореја уште еднаш да размисли, интересите ...

Северна Кореја најави серија нуклеарни проби

А1 - 18.10.2006

Воените власти на Северна Кореја ја известиле Кина за намерата да извршат серија подземни нуклеарни проби. Ова денеска го објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си повикувајќи се на анонимен извор во американската администрација. Повеќе информации не се соопштени.

Северна Кореја спрема нова нуклеарна проба

Вест - 18.10.2006

ВАШИНГТОН, 18 октомври (Ројтерс) - САД нема да се изненадат ако Северна Кореја направи втора нуклеарна проба за да испровоцира, соопшти вчера Белата куќа. Додека стасуваат сознанија за активности во близина на локацијата каде што С.Кореја го направи првото нуклеарно тестирање, портпаролот на Белата ...

Светот може да добие 30 нуклеарни сили

Време - 18.10.2006

МУХАМЕД ЕЛ БАРАДЕЈ ПРЕДУПРЕДУВА Нобеловецот Мухамед ел Барадеј, кој е директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации, предупреди дека 30 земји од светот се во состојба да направат нуклеарно оружје со многу малку труд.

За Пјонгјанг, санкциите значат војна

Дневник - 18.10.2006

Без колебање ќе му зададеме безмилосни удари на секој што ќе се обиде да ги загрози нашиот суверенитет и правото на опстанок - објавија властите Пјонгјанг ги смета за објавување војна санкциите што Обединетите нации и' ги наметнаа на Северна Кореја поради тестирањето атомска бомба, јави Ројтерс.

Русија се надева дека Северна Кореја ќе донесе "рационално решение" за излез од нуклеарната криза

Канал5 - 18.10.2006

Русија изрази надеж дека Северна Кореја ќе донесе одлука за изнаоѓање излез од ситуацијата со нејзината нуклеарна програма преку мирни преговори, а не по пат на конфронтација. Москва, 18 октомври (МИА) - Русија изрази надеж дека Северна Кореја ќе донесе одлука за изнаоѓање излез од ситуацијата со ...

Пјонгјaнг: „Предавничкиот“ чин на Јужна Кореја може да предизвика војна

Канал5 - 18.10.2006

„Предавничкиот“ чин на Јужна Кореја која се приклучи кон меѓународните санкции против нејзиниот северен сосед, ќе ги стави односите меѓу двете држави „пред испитот на силата и војната“, пишува во денешното издание весникот „Нодон синмун“, орган на владејачката партија во Северна Кореја.

Штајнмаер: Нуклеарните програми на Северна Кореја и на Иран се најголема закана за светскиот мир

Канал5 - 18.10.2006

Конфликтот околу иранската нуклеарна програма и нуклеарната проба на Северна Кореја се најголемите закани за светскиот мир, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за списанието „Штерн“.

Пјонгјанг ќе нанесе безмилосен удар

Вечер Прес - 18.10.2006

Оваа прва официјална реакција на Северна Кореја по воведувањето на санкциите е проследена со веста дека Пјонгјанг можеби се подготвува за нова нуклеарна проба Санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја поради извршената нуклеарна проба се еднакви на објавување војна, соопшти ...

За Пјонгјанг санкциите на ОН се исто што и објавување војна

А1 - 17.10.2006

Санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја поради извршената нуклеарна проба се еднакви на објавување војна, соопшти севернокорејската Влада. Северна Кореја ќе нанесе „безмилосен удар“ доколку и биде нарушен суверенитетот, се наведува во декларацијата на севернокорејското МНР, објавено од ...

Хил: Втора проба на Северна Кореја ќе значи војна

А1 - 17.10.2006

Евентуална втора нуклеарна проба од страна на Северна Кореја ќе биде „акт на војна“, изјави американски преговарач за нуклеарната програма на Пјонгјанг, Кристофер Хил. „Сите ние ќе ја сметаме евентуалната втора нуклеарна проба како акт на војна од страна на Северна Кореја против меѓународната ...

Ким има и хидрогенска бомба?

Време - 17.10.2006

ПО ТЕСТИРАЊЕТО НА АТОМСКА БОМБА Северна Кореја испрати закана до светот дека има и хидрогенска бомба, неколкукратно посилна од релативно малата атомска бомба што ја тестираше пред една недела, и дека може да изврши проба и на ова оружје.

Северна Кореја може да ги издржи санкциите

Утрински - 17.10.2006

СЕУЛ - Севернокорејската елита од една од најсиромашните земји во светот можеби наскоро ќе има проблеми со увоз на добар коњак кој, наводно, го фаворизира, но веројатно нема да потклекне на новите санкции на ОН, соопштија вчера аналитичарите.

За официјален Пјонгјанг санкциите на ОН се исто што и објавување војна

Канал5 - 17.10.2006

Санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја поради извршената нуклеарна проба се еднакви на објавување војна, соопшти севернокорејската Влада. Северна Кореја ќе нанесе „безмилосен удар“ доколку и биде нарушен суверенитетот, се наведува во декларацијата на севернокорејското МНР, објавено од ...

Хил: Северна Кореја скапо ќе ја плати нуклеарната проба

Канал5 - 17.10.2006

Северна Кореја „скапо и прескапо“ ќе плати за нуклеарната проба извршена на 9 октомври, изјави американскиот претставник во преговорите за нуклеарната програма на Пјонгјанг Кристофер Хил. Сеул, 17 октомври (МИА) - Северна Кореја скапо и прескапо ќе плати за нуклеарната проба извршена на 9 октомври, ...

Кина се оградува од С. Кореја

Вечер Прес - 17.10.2006

Кинеските власти на еден дел од границата кон Северна Кореја поставија бодлива жица, мерка за која јужнокорејските весници пишуваат дека има за цел спречување евентуален наплив на бегалци од државата што е во изолација, пренесува МИА.

ОН изразија подготвеност за преговори со Пјонг Јанг

А1 - 16.10.2006

Новиот генерален секретар на обединетите нации Бан Ки Мун изрази подготвеност за започнување на преговори со Пјонг Јанг. Откако вчера советот за безбедност на ОН, едногласно ја одобри резолуцијата со која се воведуваат воени и економски санкции против Северна Кореја, поради нејзината нуклеарна ...

Санкциите кон Северна Кореја зависат од Кина

А1 - 16.10.2006

Ефикасноста на новите воени и економски санкции против Северна Кореја зависат од тоа колку ќе ги спроведува Кина, досега најголемиот сојузник на комунистичкиот режим во Пјонг Јанг. Барем на почеток може да се очекува Кина да ги почитува, пред се поради непријатното изненадување што му го приреди ...

Санкции за Северна Кореја

Време - 16.10.2006

СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ РЕШИ Советот за безбедност на Обединетите нации завчера едногласно донесе резолуција за наметнување на меѓународни економски санкции кон Северна Кореја. Одлуката за казнување на комунистичкиот режим поради неговиот неодамнешен тест на нуклеарно оружје ...

Кореја ќе разговара по санкциите на ОН

Вест - 16.10.2006

СЕУЛ, ВАШИНГТОН, 16 октомври (АП-ДПА) - Сеул и Москва се согласија да се обидат да ги обноват меѓународните преговори за нуклеарно разоружување со Северна Кореја, изјави вчера руски претставник. Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Алексејев се состана со главниот нуклеарен ...

ОН изгласаа санкции за Северна Кореја

Утрински - 16.10.2006

Резолуцијата им овозможува на земјите да го стопираат товарот што оди кон и од Северна Кореја за да проверат дали има оружје ТОКИО - Советот за безбедност на ОН едногласно гласаше за воведување финансиски санкции и санкции за оружје за Северна Кореја поради нејзините нуклеарни тестирања, со ...

Воведени санкции против Северна Кореја

Дневник - 16.10.2006

Во документот усвоен од Советот за безбедност на ОН се наредува замрзнување на финансиските средства на функционери од Пјонгјанг што работат на нуклеарната програма и се повикува Северна Кореја да се врати на шестстраните преговори Советот за безбедност на ОН прексиноќа едногласно ја одобри ...

Кина поставува бодликава жица долж границата кон Северна Кореја

Канал5 - 16.10.2006

Кинеските власти долж дел од границата кон Северна Кореја поставија бодликава жица, мерка за која јужнокорејските весници пишуваат дека има за цел спречување евентуален наплив на бегалци од државата што е во изолација. Сеул, 16 октомври (МИА) - Кинеските власти долж дел од границата кон Северна ...