TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судењето на Милошевиќ почнува во вторник

А1 - 01.07.2001

Судењето на Милошевиќ во Хаг ќе започне во вторник, а директно ќе биде пренесувано и на интернет на веб адресата www.icty.org/milosevic . Пари, облека и книги се нештата што Милошевиќ ги бара за да му биде полесно во затворската ќелија.

Aлбанија го поздрави испорачувањето на Mилошевиќ во Хаг

А1 - 30.06.2001

Oфицијална Tирана го поздрави испорачувањето на Mилошевиќ на судот во Хаг, оценувајќи дека тоа е голем успех на Владата на премиерот Ѓинѓиќ со што на Србија и се отвора патот кон Европа. Претседателот Реџеп Мејдани испорачувањето на Милошевиќ на Хаг го оцени како висок гест на Владата во Белград и ...

Милошевиќ ќе сведочи пред судот во Хаг во вторник

Вест - 30.06.2001

СРПСКИОТ "ВОЖД" ПРЕДАДЕН НА ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Пред судијата ќе биде донесен околу 10 часот, ќе му бидат прочитани обвиненијата и ќе биде прашан да се изјасни - "дали се чувствува виновен или не". Ако судскиот совет го прогласи за виновен, почнува судски процес кој може да трае ...

Коштуница: Предавањето на Милошевиќ не е и законско ни уставно

Вест - 30.06.2001

Белград, 30 јуни - Југословенскиот претседател Воислав Коштуница прексиноќа изјави дека екстрадицијата на Милошевиќ во Хаг не може да се смета за законска и уставна. Неговата Демократска партија вчера рече дека ќе ја напушти коалициијата ДОС во српскиот и во југословенскиот парламент и побара ...

Во хашкиот затвор по 12 години власт, 4 загубени војни и илјадници жртви

Вест - 30.06.2001

БЕЛГРАД, (АП) -Пред точно 12 години, Слободан Милошевиќ искористи еден протест во Косово за да се закани со сила ако несрпското население во пореанешна Југославија се попречи на патот на неговите националистички идеи. По четири изгубени војни, поранешниот претседател се соочува со правдата во ...

Распад на ДОС, а можеби и на Југославија

Дневник - 30.06.2001

РЕАКЦИИ ОД БАЛКАНОТ Демократската странка на Србија, партија на југословенскиот претседател Воислав Коштуница, вчера се повлече од коалицијата ДОС, јави Ројтерс. Пратениците на ДОС ќе се повлечат од коалицијата како во српскиот така и во југословенскиот Парламент.

Милошевиќ екстрадиран во Хаг

Дневник - 30.06.2001

завЧера во белград Ако биде прогласен за виновен, Милошевиќ може да биде осуден на максимална казна доживотен затвор Поранешниот претседател на Србија и на Југославија Слободан Милошевиќ прексиноќа бил одведен во Хаг, каде што треба да се појави пред Хашкиот трибунал за воени злосторства, јави ...

Крвавата одисеја на Милошевиќ(Видовден 1989 - 2001)

Дневник - 30.06.2001

Коментар-Митко Билјаноски Раката на правдата е бавна, ама е сурова и неизбежна, па и за српскиот вожд Слободан Милошевиќ, кој е префрлен во притворниот центар на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Белград го положи испитот на САД и на Европа

Дневник - 30.06.2001

ПО ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА МИЛОШЕВИЌ Службеник во американскиот Стејт департмент вчера изјави дека по екстрадицијата на Милошевиќ, можно е Вашингтон да реши идната помош за Југославија да биде безусловна, односно да не се условува со нови југословенски отстапки.

Милошевиќ го преселија во Хаг

Дневник - 30.06.2001

БЕЛГРАД Точно 12 години по неговиот спектакуларен говор на Газиместан, кога го најави распаѓањето на Југославија, Слободан Милошевиќ беше екстрадиран во Хашкиот трибунал. Екстрадицијата на Милошевиќ предизвика раскол во Демократската опозиција на Србија, како и во југословенската владејачка ...

Kоштуница не го одобрува испорачувањето на Милошевиќ во Хаг

А1 - 29.06.2001

Во обраќањето до нацијата југословенскиот претседател Воислав Коштуница изјави дека предавањето на Милошевиќ било илегално и противуставно. „Оние кои што со огромно задоволство го поздравија предавањето на Милошевиќ на меѓународноиот суд беа етничките албанци од српската провинција Косово.

Милошевиќ испорачан во Хаг

А1 - 29.06.2001

Доцна синоќа поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ беше испорачан во затворот на Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија. Со хеликоптер на југословенската армија, Милошевиќ бил префрлен до американската база во Тузла, а оттаму во Хаг, каде в понеделник се ...

Сторија - Милошевиќ во Хаг

А1 - 29.06.2001

Слободан Милошевиќ од ноќеска е во затворот на хашкиот трибунал во Шевинген. Точно 12 години по говорот на Газиместан од каде Милошевиќ на останатите ЈУ републики им се закани дека србите и тој се подготвени со сите средства, ако треба и со оружје, да ги бранат нивните интереси, на Видовден 2001 ...

Неизвесно предавањето на Милошевиќ во Хаг

Вест - 29.06.2001

БЕЛГРАД, 29 јуни, (Ројтерс) - Предавањето на Слободан Милошевиќ на воениот трибунал на ОН во Хаг е неизвесно зашто југословенскиот уставен суд нареди процесот да се замрзне, но политичарите велат дека ќе вршат натамошен притисок.

Уставниот суд ја оспори уредбата за екстрадиција на Милошевиќ

Дневник - 29.06.2001

ХАОС ВО БЕЛГРАД Претседавачот на Уставниот суд Милутин Срдиќ поднесе оставка на функцијата непосредно пред седницата на судот, но другите пет судии едногласно гласале против уредбата за соработка со Хаг Југословенскиот Уставен суд вчера ја суспендираше владината уредба со која се дозволуваше ...

Во Хаг го очекуваат и српскиот претседател Милутиновиќ

Дневник - 29.06.2001

ТРИБУНАЛ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Флоранс Хартман, портпаролка на Хашкиот трибунал, вчера изјави дека се уште актуелниот српски претседател Милан Милутиновиќ исто така е на списокот на лица што треба да бидат екстрадирани во Хаг, јави Бета.

Руската Дума ја повика Југославија да не го испорача Милошевиќ во Хаг

А1 - 28.06.2001

Руската Дума денеска ја повикаа Југославија да го одбие предавањето на поранешниот претседател, Слободан Милошевиќ, на меѓународниот суд за воени злосторства, предупредувајќи дека до колку се спроведе екстрадицијата тоа би предизвикало нестабилност во Европа.

Милошевиќ во Хаг

А1 - 28.06.2001

Портпаролот на српската Влада Немања Колеша изјавил дека поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ е предаден на претставниците на Трибуналот за воени злосторства. Тој го потврдил извештајот на белградското радио Б-92 во кој било објавено дека Милошевиќ е предаден на претставниците на ...

20 илјади приврзаници на Милошевиќ демонстрираа против предавање во Хаг

Вест - 28.06.2001

Белград, 28 јуни - Околу 20 илјади приврзаници на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ прексиноќа пред Палатата на федерацијата во Белград одржаа протест на кој беше побарано тој да не биде предаден на Хашкиот трибунал за воени злосторства.

Адвокатите на Милошевиќ бијат битка со часовникот

Дневник - 28.06.2001

ПРЕВИРАЊА ВО БЕЛГРАД Југословенскиот Уставен суд денеска на пладне треба да се изјасни за барањето на адвокатите на Слободан Милошевиќ да ја поништи уредбата на југословенската Влада за соработка со Хашкиот трибунал. Тоа е последниот обид на адвокатите на Милошевиќ да ја спречат најавената ...

Милошевиќ на суд во Хаг најверојатно в петок

Вест - 27.06.2001

Белград, 27 јуни - Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ може да биде екстрадиран во Хаг најрано в петок, изјави вчера еден од неговите адвокати Веселин Церовиќ. Белград, 27 јуни - Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ може да биде екстрадиран во Хаг најрано в ...

Милошевиќ в петок во Хаг?

Дневник - 27.06.2001

БЕЛГРАД ОЧЕКУВА Југословенскиот министер за правда Момчило Грубач завчера го испратил барањето на Хашкиот трибунал за воени злосторства за израчување на Слободан Милошевиќ до локален суд Југословенскиот министер за правда Момчило Грубач завчера го испратил барањето на Хашкиот трибунал за воени ...

Барање на адвокатите на Милошевиќ до Врховниот суд во Белград

А1 - 25.06.2001

Адвокатите на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ поднеле барање до Врховниот суд во Белград за да го спречат евентуалното испорачување на Милошевиќ во Хаг. "Поднесовме барање до судот за преиспитување на легитимноста на донесениот декрет на сојузната Влада да одлучува за ...

ЈУ-владата усвои уредба за соработка со судот во Хаг, адвокатот на Милошевиќ ќе тужи

Вест - 25.06.2001

Белград, 25 јуни - Југословенската влада усвои Уредба за регулирање на односите меѓу Белград и Хашкиот трибунал. Со Уредбата се утврдува процедурата за соработка на СР Југославија со Судот во Хаг за кривично гонење на лица одговорни за тешки прекршувања на меѓународното хуманитарно право, сторени ...