TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕВН отвори наплатен пункт во џамијата во Света Петка

Дневник - 29.03.2008

ЕСМ-ЕВН вчера отвори наплатен пункт во селската џамија во Света Петка за да ја подобри наплатата на сметките за струја. Пункт за наплата е отворен и во скопското село Грушино. Овие две села во средата беа целосно исклучени директно од далноводите, бидејќи жителите досега воопшто не ја плаќаа ...

ЕВН ја тужи антимонополската комисија

Вечер Прес - 29.03.2008

Не постои законски основ за изрекување на глобата бидејќи наплатата на манипулативниот трошок е во согласност со одлука на Уставниот суд, соопштуваат од ЕВН-Македонија Дистрибутивната компанија ЕВН- Македонија вчера поднесе тужба против Комисијата за заштита на конкуренцијата, која неодамна и ...

Жителите на Света Петка ги измируваат долговите кон ЕВН

А1 - 28.03.2008

Во импровизиран наплатен пункт во просторија веднаш до џамијата во Света Петка, инкасаторите на ЕВН ги прибираа парите од жителите кои должат за струја. Се собираше сметка по сметка, се пресметуваше кој колку пари должи. За секоја кука имаше по најмалку десетина заостанати сметки, се правеа ...

ЕВН исклучи 15 водоводни претпријатија

Време - 28.03.2008

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА Австријците од ЕВН продолжија со исклучувањата на електрична енергија. Вчера на удар беа јавните комунални и водоводни претпријатија што имаат неплатени сметки. Без електрична енергија, два часа, како предупредување, останаа јавните комунални водоводни претпријатија: Градско, ...

Влада: Болниците мора редовно да плаќаат струја

Вест - 28.03.2008

Мора да биде изнајдено решение за намирување на долгот на болниците кон ЕВН - Македонија, и тоа да се наплаќа редовно, изјави вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски. "Во секоја пристојна земја не постои дилема дали треба или не треба да се плаќа струја. Тоа е дилема што не треба да постои.

ЕВН - ЕСМ вчера им ја исклучи струјата на повеќе јавни претпријатија

Утрински - 28.03.2008

ЕВН - ЕСМ во текот на вчерашниот ден им ја исклучи струјата на повеќе јавни водоводни и комунални претпријатија во целата држава, како што беше најавено од оваа компанија пред два дена. Исклучувањето беше предупредувачко и траеше од 12 до 14 часот.

Два часа без струја 18 јавни претпријатија

Дневник - 28.03.2008

ЕСМ-ЕВН вчера како предупредување два часа ја исклучи струјата во 18 јавни претпријатија во повеќе општини што ги немаат платено сметките. Повеќе јавни претпријатија и установи во последен момент го платија долгот и избегнаа исклучување на електричната енергија.Според портпаролката на ЕСМ-ЕВН, ...

ЕВН и Проаква да се договорат

Вечер Прес - 28.03.2008

Владата верува дека јавното претпријатие Проаква и ЕВН ќе најдат решение за проблемот со заостанатиот долг за струја. - Владата не е дел од овој проблем. Таму каде што државата има удел, ќе имаме причина да бидиме дел од решението на проблемот - вели вицепремиерот, Зоран Ставрески.

ЕВН исклучи 18 јавни претпријатија

А1 - 27.03.2008

18 јавни водоводни и комунални претпријатија низ земјава останаа без струја поради неплатени сметки. Предупредувачки, ЕВН два часа го секна дотокот. Акцијата на ЕВН започна од скопските села. Жителите на Света Петка по два дена мрак добија струја. Во Грушино се водат преговори.

Нема платени сметки, нема струја

Време - 27.03.2008

НА ЕВН И ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА Наташа Стојановска Арачиново, Мојанце и Орланце вчера добија електрична енергија откако ЕВН предупредувачки ги исклучи по 18 часа. Без електрична енергија и натаму останаа скопските села Света Петка и Грушино.

Ставрески: Немаме решение за ОХИС

Вест - 27.03.2008

ЕВН-ЕСМ ГО ОДЛОЖИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА ДРЖАВНИТЕ ДОЛЖНИЦИ ЕВН - ЕСМ вчера не им ја исклучи струјата на ОХИС и Проаква, бидејќи постигнале договор за наплата на долговите. ОХИС се обврзал до крајот на следната недела да го исплати целиот долг од 600 илјади евра.

Арачиновци побрзаа да ги платат сметките и добија струја

Утрински - 27.03.2008

Охридска „Проаква“ плати дел од долгот, а ОХИС доби уште еден рок за плаќање Маја Томиќ Александар Пешев Жителите на пет скопски села, меѓу кои и Арачиново, на кои завчера им беше исклучена струјата, од вчера повторно имаат електрична енергија.

Нема с(о)вест за плаќање струја

Утрински - 27.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Маја Томиќ Неплаќањето на сметките за струја, заедно со крадењето или дивото приклучување, е дамнешна практика во земјава со која никако на крај не може да излезе ЕВН - ЕСМ, исто како и некогашното ЕСМ. Не плаќаат ниту државните институции, ниту граѓаните.

Кој има струја, нека не му ја мисли!

Капитал - 27.03.2008

Кој има струја, нека не му ја мисли! Кога на една телевизиска дебата една новинарка го запраша еден од експертите кои по секоја цена ги бранеше измените во Законот за енергетика кои ги предложи власта, зошто се носат одлуки со кои & се наштетува на македонската индустрија доби против прашање.

Правобранителот против клештите на ЕСМ-ЕВН

Дневник - 27.03.2008

Во компанијата потврдија дека завчера предупредувачки по еден час ја исклучиле струјата во десетина здравствени установи, кои имаат неплатени сметки за електрична енергија Народниот правобранител Иџет Мемети, по барање на граѓаните, вчера упати порака до ЕСМ-ЕВН „веднаш да престане со против ...

ЕВН денеска исклучи од мрежата 18 јавни комунални претпријатија

Канал5 - 27.03.2008

Предупредувачки 2 часа без струја останаа комуналните претпријатија од повеќе градови, долгогодишни должници кон ЕСМ-ЕВН. По исклучувањето десетина веднаш ги подмириле долговите. ЕВН денеска исклучи од мрежата 18 јавни комунални претпријатија.

Охис и Проаква куртулија

Вечер Прес - 27.03.2008

Дел од долгот за струја на хемиската фабрика Охис најверојатно ќе го плати Владата, бидејќи државата е мнозински акционер во компанијата Скопската хемиска фабрика Охис и меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква од Охрид вчера кутрулија оти дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија не им ја исклучи ...

ЕВН продолжува со исклучувања

А1 - 26.03.2008

Три села куртулија, а двете, Света Петка и Грушино и натаму, втор ден се без струја. Жителите на Света Петка ги изгубиле сметките што ЕВН им доставувала, па се изготвуваат нови. Од Грушино нема желба за плаќање на долгот. ЕВН нема да прави компромис, овие две села каде процентот на наплата е нула, ...

Акцијата „Македонија во мрак“ почна во Арачиново

Време - 26.03.2008

СЕЛА ВО СКОПСКО ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ИСКЛУЧЕНИ ОД СТРУЈА Мишко Иванов Наташа Стојановска ЕВН вчера ја исклучи електричната енергија во повеќе села и објекти низ Македонија. Со тоа оваа компанија ги реализираше најавите од пред неколку дена.

Арачиново и четири други села останаа без струја

Утрински - 26.03.2008

Без напојување со електрична енергија останаа селата Арачиново, Мојанци, Орланци, Света Петка и Грушино Пет скопски села вчера останаа без струја како предупредување од страна на ЕВН - ЕСМ поради колективно неплаќање на сметките.

Владата порачува да се плаќаат сметките за струја

Утрински - 26.03.2008

Портпаролот на Владата Ивица Боцевски вчера од името на Владата им порача на сите што не плаќаат за струја, да го сторат тоа. Во спротивно, ќе бидат преземени соодветни санкции. „Како што јас плаќам струја и како што генералниот секретар на Владата го прави тоа за работењето на оваа институција, ...

Исклучена струјата и во Арачиново

Дневник - 26.03.2008

Арачиново, Мојанци, Орланци, Грушино и Света Петка се исклучени од електричната мрежа директно од околните трафостаници и ќе останат без струја до седум часот денеска Екипи на ЕСМ-ЕВН вчера во 13 часот ги исклучија скопските села Арачиново, Мојанци, Орланци, Грушино и Света Петка од електричната ...

ЕВН се договори со Проаква и ОХИС, Арачиново исклучено незаконски

Канал5 - 26.03.2008

ЕВН не смеела да ја исклучи струјата во сите куќи во Арачиново. Народниот правобранител тврди дека противзаконско е вчерашното 18- часовно исклучување на целото село од дистрибутивната мрежа на ЕВН. Со тоа се дозволило без електрична енергија да останат и оние корисници кои редовно ги плаќале ...

ЕВН му ја секна струјата на Арачиново

Вечер Прес - 26.03.2008

Жителите на скопското село вчера револтирано реагираа на акцијата на ЕВН сите жители да останат во мрак, бидејќи дел од нив редовно си ги плаќале сметките во последните пет месеци Екипи на дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија вчера им ја исклучија струјата на жителите во пет скопски села оти ...

ЕВН без струја остави пет скопски села

А1 - 25.03.2008

Цели села попладнево останаа без струја. Екипите на ЕВН директно од далноводите го секнаа напојувањето во пет скопски села, оти струјата се трошела, а никој не плаќал. Едно од селата е Света Петка. Се наоѓа на само неколку километри од Скопје.

На удар јавни претпријатија

Време - 25.03.2008

ЕВН ПРОДОЛЖИ ДА ИСКЛУЧУВА Мишко Иванов И покрај тоа што централите на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Институтот за судска медицина во Скопје вчера си ги намириле долговите, сепак административните згради на подрачните единици на Министерството и на Фондот за ...

ЕВН казнета со 1,35 милиони евра

Време - 25.03.2008

ПОРАДИ ДВОЈНО НАПЛАТУВАЊЕ Комисијата за заштита на конкуренцијата ја казни ЕВН со 83 милиони денари, односно со 1,35 милиони евра поради двојното наплатување на манипулативниот трошок во сметките за електрична енергија. Во донесувањето на одлуката како олеснителна околност беше земено тоа што ЕВН ...

Ако остане без струја, Фондот ќе тужи

Вест - 25.03.2008

ЗДРАВСТВОТО НА РЕД ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЕСМ-ЕВН Фондот за здравство објаснува дека ЕСМ ЕВН незаконски се заканува со исклучување, зашто долговите се на болниците и тие треба од својот буџет да ги платат Административните згради на подрачните единици на Министерството и Фондот за здравство денеска еден ...

Локални шерифи не даваат да се читаат струјомерите

Време - 25.03.2008

И ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ЕВН Наташа Стојановска Со закани со оружје, со вербални и физички напади и со тренирани кучиња се соочуваат инкасаторите на ЕВН кои одат на терен во обид да ја наплатат струјата. Оттаму и најавите на ЕВН дека од далновод ќе ги исклучува селата во кои жителите ...

Со владини пари ќе се зајакнува струјата во училиштата

Утрински - 25.03.2008

Општините треба да ја информираат Владата за состојбата на струјата во училиштата Жаклина Хаџи-Зафирова Владата ќе издвои дополнително пари од буџетот за да ја засили струјата во основните училишта, со што очекуваат да се заокружи реализацијата на проектот „Компјутер за секое дете“.

ЕВН може да ја секне водата во Штип

Дневник - 25.03.2008

Јавното комунално претпријатие „Исар“ од Штип добило предупредување да си ги плати долговите кон ЕВН Македонија, бидејќи би можело да остане без струја, со што ќе се наруши и водоснабдувањето на 50.000 жители на општината. Се работи за долг од околу еден милион евра, направен во последната деценија.

Арачиново без струја 18 часа

Канал5 - 25.03.2008

Арачиново е без струја. ЕВН предупредувачки 18 часа ја исклучи електричната енергија во цело село директно од околните трафостаници. Без струја до утревечер ќе останат и соседните села Мојанци, Орланци, Грушино и Света Петка. Во последните две наплатата на електрична енергија е нула.

Од среда исклучување ако не се плати долгот

Вечер Прес - 25.03.2008

Општината бара и Владата да учествува во отплатата на долгот од еден милион евра затоа што колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро троши најмногу струја и е во надлежност на државата Претставниците на ЕВН-Македонија и на Проаква вчера не седнаа на преговарачка маса за да се реши ...

За улично осветлување плаќаме по трипати

Време - 24.03.2008

ЖИТЕЛИТЕ ОД НОВО ЛИСИЧЕ ЛУТИ НА ОПШТИНАТА И НА ЕВН Жителите од населбата Ново Лисиче реагираат затоа што по трипати плаќаат за улично осветлување. Како што велат граѓаните, и во сметките за електрична енергија и за куќен совет што ги добиваат од ЕСМ - ЕВН им се тарифира оваа услуга.

Охриѓани се плашат, надлежните ќе мозгаат

Време - 24.03.2008

ЕВН НА СРЕДБА СО „ПРОАКВА“ Австријците од ЕВН денеска во Охрид со градската власт и раководството на водостопанството „Проаква“, ќе бараат решение за наплата на долгот од еден милион евра. Поради тоа, во петокот „Проаква“ пет часа остана без електрична енергија.

Арачиново ќе се тепа, струјата не ја дава

Време - 24.03.2008

РЕАКЦИИ ПО НАЈАВАТА НА ЕВН ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА 15 СЕЛА Директно од далноводите, екипите на е ЕСМ - ЕВН ќе ја секнат струјата во 15 села низ Македонија. Акцијата ќе биде преземена во оние региони во кои процентот на наплата е нула, затоа што никој не ги плаќа сметките.

Исклучувањето на струјата ќе го загрози Охридското Езеро

Утрински - 24.03.2008

ОХРИД - ЕВН-ЕСМ не може и не смее да ги исклучи пумпните станици на колекторскиот систем затоа што тоа ќе предизвика еколошка катастрофа во Охридското Езеро, предупреди градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Охридската локална власт пред средбата со претставници на ЕВН-ЕСМ, што треба да се ...

Граѓани што ги сменија броилата реагираат на сметките за струја

Утрински - 24.03.2008

Поплаките најчесто се поради повисоки сметки, а кај дел од граѓаните сметките се без евтината и скапата тарифа Маја Томиќ Дел од граѓаните кои минатиот месец направија замена на старите струјомери со нови дигитални броила се збунети и реагираат по добиените последни сметки за потрошена електрична ...

Неделава ЕСМ со нова акција за исклучување должници

Утрински - 24.03.2008

Повеќе општини, домаќинства, улично осветление во Тетово, Гостивар и Скопје неделава ќе останат без напојување со електрична енергија. Оваа акција на ЕВН-ЕСМ ќе опфати вкупно 15 села низ Македонија. Станува збор за места каде што процентот на наплата е низок или нула, оти никој не ги плаќал ...

ЕВН и Проаква на преговори

Вечер Прес - 24.03.2008

Менаџерите на дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија и на охридското јавно претпријатие Проаква, денеска, на преговори треба да решат како ќе се плаќа заостанатиот долг за струја од околу еден милион евра. Ако ЕВН повторно ја исклучи Проаква од електричната мрежа, претставници на Општината Охрид ...