TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

До сите медиуми индексирани на TIME.mk


Во врска со соопштението од група електронски и печатени медиуми ( прочитај тука ), TIME.mk ги известува сите медиуми преку следнивте 6 точки:

  1. TIME.mk е агрегатор на вести од 1 Јули 2008. TIME.mk индексира вести од преку 60 медиуми, вестите автоматски ги групира според нивната содржина, автоматски ги класифицира во предодредени категории, автоматски ја одредува нивната релевантност и според истата ги сортира. Во целиот процес нема никаква човечка интервенција. Начинот на работа на TIME.mk е објавен на научна конференција, печатено од Springer. Статијата можете да ја најдете тука.

  2. Клуч на овој проект е почитувањето на авторските права. TIME.mk никогаш не прикажува повеќе од насловот, еден фрагмент и мала слика од веста. Секогаш јасно е прикажано кој е автор на веста, заедно со времето на нејзиното објавување. Ако посетителите сакаат да ја прочитаат целата вест, тие треба да кликнат на насловот кој ги носи на оргиналниот веб сајт (со само еден клик) и таму ја читаа целата вест. TIME.mk е сличен на Google пребарувачот во кој се собираат сите информации публикувани на интернет, се создава индекс на тие податоци, и се обслужуваат преку едноставен веб интерфејс.

  3. Заедно со прикажување на оргиналната вест, TIME.mk ги прикажува и поврзаните вести со веста која корисникот ја чита, така што со само еден клик може да се префрли на друга поврзана вест со што е овозможен приказ на темата од повеќе перспективи. Рамката која ги прикажува поврзаните вести може со еден клик во секој момент да се затвори, така што корисниците имаат лесен пристап до оргиналната адреса. Исто така, во рамката постои и линк за споделување на приказната од вести на социјалната мрежа Facebook.

  4. Значи да сумираме, TIME.mk не се претставува како автор на вестите кои се појавуваат на неговите страници, туку како алатка која групира поврзани вести и ја одредува нивната релевантност според методите кои се објаснети во гореспоменатата статија. Тоа е главната додадена вредност на вестите кои ги индексираме.

  5. Според соопштението кое е дистрибуирано на неколку медиуми, сметаме дека не ги прекршуваме авторските права на индексираните медиуми, така да TIME.mk ќе продолжи да работи како и досега. Доколку било кој медиум, кој е индексиран на TIME.mk, или ќе биде индексиран во иднина, не се согласува со начинот на работа на TIME.mk, ги молиме да испратат email на следната адреса: info [at] time [dot] mk , со барање да бидат исклучени од TIME.mk . Листата на индексирани медиуми можете да ја видите овде.

  6. Веруваме дека TIME.mk e од вистинската корист и за изворите на вести, бидејќи агрегаторите носат интернет сообраќај на нивните страници. Со собирање на вестите од повеќе извори на едно место и нивна содржинска анализа, TIME.mk читањето на вести го прави попристапно и поинтересно, ги охрабрува луѓето да читаат повеќе, а од тоа корист имаат и сите медиуми во целина.

26 Јануари 2010,
TIME.mk
Останати текстови: