TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Правилник за рекламирање на Time.mk

После неколку месечни реакции на голем број читатели во врска со рекламите на Time.mk и нивното наводно влијание врз рангирање на вестите, со цел да се избегнат сите шпекулации и со желба за објективно фер информирање, Time.mk на веќе постоечките правила за рекламирање ги додава следните шест нови правила:

  • Политички партии можат да се рекламираат на Time.mk само за време на изборни кампањи, и за нив цените се три пати поголеми од пропишаните без можност за никакви попусти.
  • Телевизии, печатени медиуми, радиа, новински агенции и друг вид портали можат да се рекламираат на Time.mk само со нивното лого и слоган. Не е дозволено рекламирање на никаква содржина, освен во предизборен период под исти услови и цени како и за политичките партии.
  • Забрането е рекламирање на било каква порнографска или сексуална содржина.
  • Забрането е рекламирање на религиозни организации.
  • Забрането е рекламирање на производи од тутунската индустрија.
  • Забрането е рекламирање на секаков вид оружје.

Уште еднаш се извинуваме што досега не ги воведовме овие правила и што дел од читателите ги наведовме да мислат дека рекламите се поврзани со начинот на работа на Time.mk.

Поздрав,
Time.mk

3 Февруари 2011



Останати текстови: