TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пракса во Time.mk

Компанијата ТАЈМ - БОРГ, сопственик на веб страницата Time.mk, оваа година има отворени места за практиканти, и ги поканува сите студенти да аплицираат за едно од трите практикантски места. Праксите се во времетраење од 3 месеци, почнувајќи од 1.10.2012.

Во текот на изведбата на праксата, студентите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии за обработка на текстуални податоци и ќе можат да стекнат искуство во тимска работа, на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата.

Праксата подразбира флексибилно работно време помеѓу 09:00 и 18:00 часот, 30 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци за храна и превоз, во висина од 4.500 денари.

Услови

Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:

  • да ги имаат ислушано сите предмети од 3-та година на 4 годишни студии;
  • да не се вработени или бидат на пракса на друго место;
  • да имаат минимална оценка 8 по предметите "Алгоритми и структури на податоци" и "Вештачка интелигенција".

Кандидатите за пракса кои ги исполнуваат некои од следните услови ќе имаат предност:

  • положен предмет "Машинско учење" и/или "Податочно рударење";
  • солидно познавање на програмскиот јазик Python;
  • освоени награди на републички натпревари по информатика (средношколски или студентски).

Проекти

Кандидатите ќе имаат можност да работат на проекти поврзани со агреагаторот на вести Time.mk или на проект на тема машинско преведување на природни јазици.

Пријава

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и мотивационо писмо преку e-mail на [email protected], со назнака „Апликација за пракса“.

Првиот рок за пријавување е до 16.09.2012 година.




Останати текстови: