TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пракса во Time.mk

Компанијата ТАЈМ - БОРГ, сопственик на веб страницата Time.mk, ова лето има отворени места за практиканти, и ги поканува сите заинтересирани да аплицираат. Праксите се во времетраење од два до три месеци, почнувајќи од 1.6.2014.

Во текот на изведбата на праксата, практикантите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии за обработка на текстуални податоци (news, twitter, social data) и ќе можат да се стекнат со искуство на тимска работа на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата.

Праксата подразбира флексибилно работно време помеѓу 09:00 и 18:00 часот, 25 часа неделно. Исто така практикантите можат да користат и годишен одмор, една недела доколку праксата е два месеци, и две недели, доколку праксата е три месеци.

Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци за храна и превоз, во висина од 6.000 денари.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и мотивационо писмо преку e-mail на admin@time.mk, со назнака „Апликација за пракса, лето 2014“.

Рок за пријавување е до 25.5.2014 година.




Останати текстови: