TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонците преферираат Chrome наместо Internet Explorer
Интересна работа која ја забележав, а воедно е и класичен пример зошто ЕУ го казни Микрософт, е дека корисниците на TIME.mk на домашните компјутери користат далеку повеќе Chrome одколку Internet Exporer. Ги споредив статистиките во работни денови и во неработни денови и разликата е огромна. За Firefox нема некоја разлика.

Еве на пример во периодот од 21-24 Мај, нели имавме продолжен викенд, 4 неработни денови, статистиките се следните:
FF 50.99%, Chrome 23.55%, IE 18.54%,
додека за следните 4 работни денови 25-28 Мај, статистиките се следните:
FF 50.09%, IE 24.08%, Chrome 20.49%.
[Google Analytics PDF]

исто,
во периодот од 5-6 Јуни, викенд, статистиките се следните:
FF 51.50%, Chrome 23.62%, IE 17.67%,
додека во следните 2 работни денови 7-8 Јуни, статистиките се следните:
FF 50.54%, IE 23.08%, Chrome 21.00%.
[Google Analytics PDF]

Ова може да се објасни со фактот дека преинсталираните службени компјутери доаѓаат со инсталиран IE (и евентуално FF), а вработените најчесто немаат можност за инсталација на нови програми па мораат да го користат IE. Доколку во домашна средина повеќе преферираат да користат Chrome одколку IE.

Игор Трајковски
9 Јуни 2010


Останати текстови: