TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

1Kinterested
590going
428invited

Details


МАСИМО САВИЌ СО ДВА ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТА ВО СКОПЈЕ!!!

Почитувани,
Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот прв проект кој ќе се одржи во 2017 година.
Имено, сигурно најквалитетниот машки вокал на просторот на цела поранешна Југославија, Масимо Савиќ, по пауза од неколку години ќе одржи два суперексклузивни концерта на 17 и 18 февруари 2017 година, во Македонската опера и балет.
Масимо доаѓа повторно во Скопје, на концерти на кои ќе бидат претставени песните од неговиот последен албум, неговите најголеми хитови, како и дел од сега веќе антологистките албуми „Вјештина“ 1 и 2.
Бидејќи трет концерт со сигурност нема да има, влезниците за двата концерта одеднаш ќе бидат пуштени во продажба од четврток (08.12.2016), во 9 часот наутро, по цена од 990 денари.
Важно: Бидејќи се работи за навистина мал капацитет на сега веќе ексклузивниот простор на МОБ, побрзајте со набавување на вашите влезници.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција