TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

333interested
145going
491invited

Details


CINEDAYS & DESONANZ

Наша голема чест и задоволство е да го најавиме настапот во Скопје на легендарниот електронски волшебник - Drew McDowall, култна фигура во историјата на електронската музика и човекот кој како композитор и продуцент е одговорен за голем дел од психоакустичната магија на Coil, Psychic TV, Current 93, Throbbing Gristle и други проекти од бранот на рана индустриска, електронска и ритуална музика во текот на  културната револуција започната од Genesis P-Orridge, John Balance, David Tibet и нивните соработници. 

Неговиот настап во Скопје е дел од светската турнеа која го промовира неговиот нов албум - Unnatural Channel.

► DREW MCDOWALL (Live / Concert)

Coil / Psychic TV / Time Machines
Dais Records ::: UK

https://en.wikipedia.org/wiki/Drew_McDowall
https://www.daisrecords.com/collections/drew-mcdowall

Низ својата 40 годишна музичка кариера, Drew McDowall стои како една од најзначајните фигури на модерната електронска музика, но неговите проекти несекогаш завршуваат во студиото. Низ текот на 90те, тој е менаџер на култниот денс-поп состав The Shamen, помага на својата сопруга Rose McDowall во продукцијата на Strawberry Switchblade и стои како ремиксер и промотер на многу од индустриските и прото-електронски состави кои се појавуваат на сцената кон крајот на 20век. Неговиот ремикс-каталог е подеднакво импресивен со проекти за Nine Inch Nails, Chris & Cosey, Surgeon и многу други. 

Како прв член регрутиран во Coil од страна на основачите John Balance и Peter 'Sleazy' Christopherson, Drew е одговорен за брзиот раст на композициските и продукциски квалитети во песните на Coil, но и за целосното прифаќање експерименталните и окултни правци на групата наместо мејнстрим поп влијанијата од 80те со поставување на богат мозаик на музички влијанија од сферата на класиката, раната електронска музика и нивно комбинирање со спиритуалните и религиозни традиции присутни во музиката на Coil. Овој процес доаѓа до својата логична завршница со издавањето на "Astral Disaster", "Music to Play in the Dark" и "Time Machines", крунски албуми во дискографијата на Coil и воопшто, дел од најважните носачи на звук за развојот на елетронската музика во 21 век. По издавањето на Time Machines и распадот на Coil, McDowall се сели во Бруклин, каде се посветува на модуларната синтеза и својата композиторска работа, правејќи музика за бројни филмови, инсталации и мултимедијални проекти.  

***
► IMRE KISS (DJ set)
(Lobster Theremin ::: HU)

Вториот гостин за оваа вечер ќе го држи подиумот во акција до раните утрински часови - младата ѕвезда на издавачката куќа Lobster Theremin - унгарскиот диџеј и продуцент Imre Kiss

https://www.residentadvisor.net/dj/imrekiss
https://soundcloud.com/imrekiss

***

Македонската традиција на Darkwave/Industrial/EBM звуците во спој со современата електронска музика ќе биде претставена низ сетовите на локалните артисти:

► Vlad K. (BORG) DJ set

https://www.facebook.com/Borgmkd
https://myspace.com/borgmk
https://www.discogs.com/artist/635926-Vladimir-Kaevski

► Andreas Hz b2b Kronom (DJ set)

https://www.mixcloud.com/andreas-hz/
https://soundcloud.com/kronombass

► VVeltschmerz (Live Act)

https://www.facebook.com/VVeltschmerz-709198205792346/
https://soundcloud.com/vveltschmerz


+ Специјална селекција на рана македонска индустриска, експериментална и пост-панк музика од страна на Desonanz Festival тимот.

Цената на билет ќе чини 200 денари, билети се продаваат преку продажните мрежи на МК Тикетс и Купу Карти за Се' како и на Билетарницата на МКЦ. 

23:00 // 17.ноември.2017 // МКЦ Скопје

Cinedays Film Festival x Desonanz production
www.mkc.mk
www.desonanz.org