TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Wednesday, Nov 8 at 18:00h - Nov 14 at 21:00h

Already started

GUESTS

53interested
18going
213invited

Details


Семос Академија за прв пат организира повеќедневна работилница, наменета за графички дизајнери, на која ќе се разработува концептот на брендирање и визуелен идентитет на зададен клиент и проект, сето тоа во соработка со Dark Honey.

•	Ве интересира корпоративен идентитет? 
•	Сакате да ги зајакнете своите дизајнерски вештини и да научите да изработувате професионален концепт за брендирање? 
•	Сакате да научите како ефективно да ја презентирате својата идеја пред клиент? 
•	Сакате поефективно да управувате со времето во процесот на дизајнирање? 
•	Сакате да се усовршите во правилно распределување на работните задачи во тимот сочинет од графички дизајнери од повеќе земји? 
Целта на оваа работилница е сите слушатели да ги доусовршат своите знаења и вештини  од аспект на корпоративниот идентитет на една копанија стартувајќи од:  анализа на бриф од клиент, доаѓање до идеја, создавање на концепт лого, однос со клиенти, презентација, управување со време, соработка со клиент и заработка. 

Содржина:

• Визуелен идентитет од аспект на графичкиот дизајн
Брендирање како уметност и филозофија 
Разбирање на постоечки бренд и анализа
Брифинг
• Работа во тим
Фази на проектот
Управување со време
Тимска задача
• Фази на брендирање
Прва презентација – бренд концепт
Подготовка на Guideline Booklet
Финален производ
• Одржување на бренд
Адаптација
Подобрување

Цена: 2.500 денари

За кого е наменета работилницата?
Уметнички директори, графички дизајнери и фриленсери кои работат на проекти за графички дизајн и имаат искуство со брендирање.

Локација: NextGen CoWorking Центар, ул Ленинградска 102г, 1000 Скопје
Google Map: https://goo.gl/maps/JrToFdt5nVS2

План на обука: 3 сесии по 3 часа по сесија
8 ноември 18:00-21:00 | 11 ноември 10:00-13:00 | 14 ноември 18:00 - 21:00 часот

Предавач: Хамза Најџар
Основач и извршен директор на Dark Honey.
Дипломиран графички дизајнер на Петра Универзитетот за уметност и архитектура, Јордан. Креативен лидер, уметнички директор, графички дизајнер, фотограф, видеограф. Со графички дизајн се занимава повеќе од 10 години, а во последните 5 години специјалност му е корпоративното брендирање: F&B брендирање, модни брендирање, рекламирање и креативни консултации. http://darkhoney.net/hamza-najjar/

Бенефити за учесниците:
Вештини:
Ќе дознаете за најновите трендови во дизајн на брендирање на клиент.
Ќе научите за тимска работа од далечина.
Ќе научите како да дадете креативна насока за брендирање.
Искуство:
Ќе ги научите сите чекори на уникатниот процес на брендирање во Dark Honey, од првата интеракција со клиентот до крајната испорака на финалниот дизајн.
Ќе вежбате заедно со напредни графички дизајнери.
Ќе се сретнете со креативни брендови од вашата област.
Можности:
Бидете дел од креативната заедница на Dark Honey, каде што можете да споделувате материјали и содржини поврзани со графички дизајн и брендирање.
Работете на меѓународни проекти како фриленсери.
Претворете го своето знаење, идеи и искуства во вистинска работа.

Технички услови
•	Изборот на посетителите ќе се базира на нивните портфолија.
•	Потребно е претходно знаење за користење на Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. 
•	Официјален јазик на работилницата е англиски.
•	Посетителот пожелно е да донесе свој лаптоп и USB. Ако нема лаптоп, да биде нотирано во апликацијата.

Контакт лице: м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија
Телефон: (02) 3130-900