TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

174interested
0going
459invited

Details


Следната Обука за пишување на предлог проекти од ЕУ и други донатори, во организација на ПРОЕФЕКТ е на следниот термин: 
- 12-13 Октомври (Четврток и петок), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 12/10/2017 од 10:00 до 12:00.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до декември 2017).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневната обука за развој на проектни концепти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве ЕУ и други донаторски програми (кои се отворени во моментов):
1. Мали грантови на Амбасадата на САД (Рок: 15/10 за концепти за повикот на 1/12) 
2.Повик за грант апликации на IPA II CSF &MP за „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ (Рок: 24/10)
3. USAID Проектот за граѓанско учество - Барање за апликации за грантови за стратешка поддршка # CEP-SSG-02 (Рок: 31/10)
4. Глобалниот повик на ЕИДХР за 2017 (Рок: 09/11)
5. Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија (Рок: Ноември 2017)
6. Вишеградски фонд – Мали и стандардни грантови (Рок: 1/12)
7. NED National Endowment for Democracy (Рок: 22/12)
8. Грантови на Civica Mobilitas II (ад-хок грантови кои се постојано отворени до 31/03 2018 )

Покрај нив учеснициите ќе можат да се запознаат и со повици од ЕАСИ програмата за вработување и социјални иновации: 
1. Поддршка на трансакцискте трошоци за финансиите на социјални претпријатија (Рок : 1/12)

Во рамките на COSME програмата за развој на конкуретноста на малите и средни петпријатија се отворени следниве повици:
1. COSME програма: Иновациски Брокер за јавни наавки (Рок: 21/11/2017)
2. COSME програма:Европска инкубациска мрежа за Центри за иновација (во областа на модата и туризмот) - (Рок: 18/10/ 2017)

Ќе бидат претставени следниве повици на Програмата Creative Europe кои се со краен рок до октомври 2017 година: 
Во делот на МЕДУМИ, оваа програма ги има следниве отворени повици
1. Поддршка за ЕУ Проекти за соработка 2018 и проекти за одбележување на Европската година за Културно наследство 2018 (Рок. 22/11/2017 и 18/01/2018)
2. Поддршка на ТВ Програмирање 2018(Рок. 16/11/2017 и 24/05/2018)
3. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 23/11/2017 и 26/04/2018)
4. Поддршка на подготовка на аудиовизулени содржини (Рок. 23/11/2017 и 19/04/2018)

Програмата Европа за граѓаните има еден отворен повик за 
1. Оперативни грантови - структурна поддршка за Европските тинк тенкови и за Граѓанските организации на Европско ниво (Рок. 18/10/2017 )

Во зависност од интересот учесниците ќе дознаат и за 20-на постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година. 

Посебен фокус ќе биде даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до декември 2017.
Исто така ќе се презентираат и предвидените повици на Програмата Erasmus Plus  кои се на почетокот на 2018 г.

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците. 

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) . 

Пополнетата апликација за учество (на следниот линк: https://goo.gl/forms/1Sw8bmm1urb7qRxl2 ) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk