TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Sunday, Nov 12 at 11:00h - 15:00h

Already started

GUESTS

99interested
22going
165invited

Details


// Concept 37 во соработка со Paratissima Skopje организираат работилница за најмалите уметници. Твориме на тема „Животни“, а  работилницата ја води студиото за керамика Kerakamika Cafe, Make your own Ceramics.

Право на учество имаат сите деца без ограничување на возраста. Траењето на работилницата за глазирање зависи од Вас, како и од големината на предметот кој ќе го изберете.

Оваа недела Ви нудиме избор на неглазирани животни од бела керамика, кои ќе имате можност да ги персонализирате по ваш вкус и желба. 

Глазурите кои ги користиме се безоловни и безбедни за работа од страна на деца, како и предметите кои ќе ги изработат ако имаат употребна вредност, може да се користат во допир со храна и се одржуваат во машина за садови. Боите не оставаат флека на облеката додека се работи со нив.
Откако ќе се обојат(изглазираат) керамиките , ги земаме на печење, и Ве известуваме кога ќе бидат готови да си ги подигнете од Концепт 37 или од Керакамика ( чаршија ).

Бројот на местата е ограничен. 
Работилницата ќе функционира по принципот прв дојден, прв услужен, па затоа побрзајте! Пријавувањето е на лице место во Concept 37 почнувајќи од 11 часот во недела.

Во работилницата се вклучени сите потребни материјали за работа, керамика по желба, сокче за секое дете и кафе за родител. Цената за учество е 500 денари.