TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Wednesday, April 11 at 21:00h - 00:00h

Next year

GUESTS

3.2Kinterested
557going
59invited

Details


10 години подоцна -->> Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, повторно пристигнува пред македонската публика: LORD OF THE DANCE на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје на 11-ти април 2018. По точно 10 години и 5 целосно распродадени настапи кај нас, светското денс-совршенство овој пат, во Вип арената „Борис Трајсковски“, ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“.

Најголемата ирска танчерска сензација во митската авантура на ова шоу со себе носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчери. Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“

LOTD досега собори повеќе светски рекорди – Флетли во Гинисовата книга на рекорди е запишан како човекот со најбрзите нозе на светот, со незамисливи 35 удари во секунда; шоуто се изведуваше дури 21 пат по ред во „Вембли“ арената во Лондон; за само 10 дена беа продадени 250.000 влезници на турнејата во Австралија и „Lord of the dance'“ постојано ги соборува сите рекорди во продажбата на влезници ширум светот, оставајќи ја публиката без здив, желна за уште повеќе магија.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на МкТикетс на 1-ви ноември (среда) кога воедно ќе бидат објавени и цените.