TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Sunday, June 18 at 20:00h - June 20 at 22:00h

Already started

GUESTS

83interested
75going
799invited

Details


ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ  И ШМИНКА 
на фотографите и make-up артистите од ЕВА

Љубители на фотографијата, уметноста и убавината, ве покануваме на изложба на фотографии и шминка, на неколкучасовно дружење, коктел и дискусија низ разгледување на делата на нашите креативци - фотографи и make-up артисти.

Фотографиите кои ќе бидат изложени во два дела се дел од завршниот проект на програмата за фотографија и програмата за професионална шминка  и се одраз на индивидуален израз на курсистите и креативноста поттикната низ процесот на учење и уметничко растење на секој поединечно, но и заедно како група која пулсира и меѓусебно се храни со идеи и информации. На изложбата ќе се претстават неколку групи курсисти по фотографија и шминка од летниот семестар ‘17  од ЕВА  и ќе им бидат доделени сертификати за успешно завршување на програмите.

Едукатори – ментори на изложувачите:

Елена Фиданска – главен предавач по фотографија / Ирена Мила Јовановска – гостин предавач по фотографија

Јована Коциќ и Марија Мојсова – главни предавачи по професионална шминка

Изложбата е и повик за донација за малиот Гоце Марковски, болно детенце со инспиративен дух, но и жилав борец со позитивен став кон животот. Целта е да собереме што повеќе средства, да придонесеме и помогнеме Гоце да се лекува во Германија, да се избори со тумор на мозокот и повторно да има безгрижно детство. Со купување на една фотографија донирате 300 денари за Гоце. Член од семејството ќе биде присутен на изложбата и средствата ќе му бидат предадени нему.

Ден денела, ден за уметност и убави нешта!
18-ти јуни, Public Room, 20:00ч.

Ве очекуваме!