TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Sunday, Nov 12 at 19:00h - 20:30h

Already started

GUESTS

52interested
12going
1invited

Details


Ако се чусвтвувате уморно, напнато и не знаете како да се ослободите од стресот, пробајте јин јога! 

Во денешниот начин на живот кој претежно се темели на машки принципи, со брз и динамичен ритам, нашето тело и умот бараат понежна серија на асани кои ќе ни помогнат целосно да се опуштиме. А тоа е јин јогата.

Јин ја симболизира женственоста, месечевата енергија, ноќ, пасивност, вода, земја. Затоа јин јогата се практикува седејќи или лежејќи на под, со споро темпо, пасивно и со изразени елементи на медитација. Времетраењето на секоја асана е најчесто од 2-5 минути а се движи и до 20 минути по асана. На прв поглед изгледа многу лесна за практикување бидејќи се изведуваат помалку на број и лесни вежби, во кои нашето тело е опуштено и мирува. Но, токму тука е замката – да останеме потполно мирни и пасивни (и физички и ментално) во една иста положба долго време а навикнати сме на брзо темпо на живот и вртоглава активност на нашиот мозок (јанг стил на живеење). 

Просечниот човек може да го задржи вниманието на еден објект, слика или мисла околу 3-5 секунди. А јин јогата од нас бара да останеме пасивни најмалку 3 минути. Затоа, јин јогата е истовремено лесна но и предизвикувачка бидејќи нашиот мозок, после кратко време ќе почне “панично да вришти” дека е време да ја смениме положбата на телото или ќе ни наметнува различни изговори да продолжиме со размислувања за секојдневни грижи. И тука доаѓа до израз медитативниот аспект на јин јогата – да го насочи вниманието (концентрацијата) на дишењето и да ја прифатиме моменталната состојба како таква и покрај очајничкиот крик на умот да ја напуштиме асаната. 
Задржувајќи се долго време во една асана, дејството на асаната започнува прво од површината, од мускулните ткива и се насочува кон длабоките сврзни ткива – лигаменти, зглобови и коски. И тоа особено во карличниот предел и долниот дел на ‘рбетниот столб, каде се акумулира стресот. На тој начин се овозможува ослободување на насобраниот стрес и напнатост во карлицата а истовремено се балансира токот на енергијата во телото. 
Покрај овие предности, јин јогата овозможува поголема мобилност и флексибилност на телото, сврзните ткива и зглобовите, зголемување на издржливоста, намалување на нивото на стрес и анксиозност и длабока релаксација.

Времетраењето на часот е 90 минути.

Часот го води Гордана Михајловска, сертифициран инструктор по јога и долгогодишен јога практикант.

Напомена: 
•	Понесете си удобна и топла облека. Вежбите се пасивни и релаксирачки и не треба да чувствувате неудобност во вид на стегање или ладно. 
•	Последниот оброк да биде најмалку 2-3 часа пред почеток на часот.

Учество: 250 денари / 100 денари за членови на 108 Yoga House

Повеќе информации и пријавување во инбокс или на моб. 070/346-376 и 070/250-774

Поради ограничениот број на места Ве молиме пријавете се на време.