TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Monday, Oct 9 at 10:30h

Already started

GUESTS

401interested
104going
639invited

Details


TAKT со гордост Ви го најавува настанот на кој премиерно ќе се промовира краткото видео насловено ,,Девојки како нас’’, во кое се прикажани осум успешни примери на македонски спортистки, секоја како хероина во својата спортска дисциплина и секоја со инспиративна и мотивирачка порака за тоа како спортот благородно влијаел во нејзиниот живот.

Нашата визија е дека преку ова видео ќе се инспирират и охрабрат што поголем број на девојки да спортуваат, да станат помоќни и со тоа да придонесат кон промоција на родова рамноправност и застапеност во спортот.

Видеото е изработено во рамките на проектот "Зајакнување на девојки преку спорт" со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Програма:
•	Обраќање на Силвија Митевска, претседателка на TAKT
•	Обраќање на Вилем Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија
•       Обраќање на Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт
•	Обраќање на Дрита Ислами, атлетичарка и олимпијка
•	Прикажување на видеото 
•	Коктел

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на information.takt@gmail.com.