TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Wednesday, Sept 13 at 21:00h - 21:50h

Already started

GUESTS

38interested
13going
534invited

Details


Премиерата на перформансот ,, Зоо приказна’’по Едвард Олби се одржа во мај 2017 година во
Враца, Бугарија, на фестивалот за камерни театарски форми и беше одликувана со награда за
театарски експеримент. Во соработка со Мал драмски театар се одигра и на овогодинешниот фестивал ,,Ристо Шишков'' во Струмица, а претходната изведба ја имаше на АКТО фестивалот во Битола во склоп на петте изведби поддржани од манифестацијата ,,Нов културен бран'' на Министерството за култура.Следуваат изведби во Куманово, Штип,Прилеп и Кавадарци, сите во текот на месец септември. Во овој перформанс, ликот на Питер е публиката.
Ликот на Џери е во постојана комуникација со секој гледач во публиката, кој тој своевремено и
своеволно го определува како таков или различен од она што е. Односно гледачот може да
биде перцепиран како животно, инсект, предмет или да ја менува неговата општествена или
сексуална определба. Оваа навидум комична приказна раскажана од забавниот, комичен,
интелигентен и себеироничен лик-Џери, завршува трагично заради неговата ненадејна смрт
кога ,, Питер’’ изреволтиран од него, несакајќи го убива.
Човекот-отфрлен од општеството е мртов човек. Стравот како оружје за себеуништување.
Стравот на поединецот кон општеството и обратно. Дали убиецот е самиот поединец или
општеството? Перформансот е ,,Space specific theatre’’ и трае 50 (педесет) минути.
Оваа изведба е поддржана од манифестацијата ,,Нов културен бран'' на Министерството за култура на Република Македонија.