TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Monday, Oct 9 at 19:00h - Oct 11 at 19:00h

Already started

GUESTS

201interested
45going
307invited

Details


Почитувани,

Со задоволство Ве покануваме на предавања од областа на археологијата од страна на проф. мр. сц. Драго Обрадовиќ кои ќе се одржат во салата на Христијанската Адвентистичка Црква на улица Петар Поп Арсов бр. 25 во Скопје. Предавањата ќе се одржуваат секој ден од 09-11 Октомври (понеделник - среда) , со почеток во 19:00 часот.

Професорот Драго Обрадовиќ од Хрватска е универзитетски професор, а воедно и стручњак за археологија, меѓународен патник и истражувач на археолошки локалитети. Предавањата се уникатна можност да се запознаете со сензационалните археолошки откритија на блискиот исток кои сведочат за библиските вистини.

На неговото тридневно гостување во Скопје, ќе имаме прилика да ги слушнеме следниве теми:
Понеделник - „Тајните и чудата на древниот Египет“
Вторник - „Славата на древниот Вавилон“
Среда - „Кумран - најсензационалното откритие на сите времиња“

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

Ве очекуваме!