TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Wednesday, Sept 13 at 20:00h - 00:00h

Already started

GUESTS

159interested
88going
156invited

Details


ХУМАНИТАРНА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКАТА КНИГА „ЈАС БЕЗ СЕНКА“ ОД ТЕОДОР БОГОЕВСКИ 

Ве покануваме на хуманитарна промоција на првата поетска книга на Теодор Богоевски насловена „Јас без сенка“, која ќе се одржи во среда (13.9.), во 21 ч., во Кантина (Дебар Маало). Издавањето на оваа книга го помогна Издавачки центар ТРИ, а сите средства собрани од продажбата ќе одат во прилог на хуманитарната акција за купување на потребната количка што ќе му овозможи на Тео осамостојување и поголема слобода на движење по кои долго копнее.

Тео Богоевски  е амбициозен студент на Правниот факултет. Храбар човек кој отворено зборува за својот хедикеп. Младич кој не може со полни раце да заграби од животот и да го направи следниот чекор без туѓа помош. Поетска душа која промислува за љубовта и пријателството, за отуѓеноста на луѓето, за животот погледнат од инвалидска количка... Проникнете во неговиот мал свет и неговата голема душа – и направете добро дело!