TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Saturday, Nov 11 at 21:00h - 00:00h

Already started

GUESTS

66interested
64going
283invited

Details


Ротаракт Клуб Куманово се приклучи кон заеднички проект на Ротаракт Клубовите од Босна – опремување на постоечи детски игралишта со елементи (справи) кои ќе можат да ги користат и децата со посебни потреби.

Целта на овој проект, чиј носител е Ротаракт Клуб Бијељина, е инклузија на децата со посебни потреби, за да им се овозможи непречен раст и развој, заедно со останатите деца, во средина која нема да им ги ускратува активностите на отворено. На овој начин, децата со одреден хендикеп, уште од рани години би станале свесни дека се рамноправни членови на општеството, а самиот проект ќе придонесе до хумано унапредување на заедницата.

Се работи за справи кои овозможуваат употреба без напуштање на инвалидските колички, односно пружаат посигурна положба за време на нивното користење.

За таа цел, Ротаракт Клуб Куманово, заедно со тимот на Lounge Bar „The Yard“ Ве поканува на хуманитарна забава на 11ти ноември 2017 година во 21.30 часот, каде, заедно со Shine (Дамјан Пејчиновски и Јордан Манов), ќе дадеме придонес за започнување на овој проект кој ќе биде од непроценливо значење за децата кои секогаш и на секого несебично шират насмевки и љубов.