TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Wednesday, Sept 13 at 20:00h - 21:30h

Already started

GUESTS

241interested
98going
1.1Kinvited

Details


Скопје танцов театар
Сезона 2017/2018
Уметнички директор Рисима Рисимкин


КОЖА
Современа танцова претстава 


Претставата се состои од три дела, Котел на Рисима Рисимкин, Погрешно  на Адријана Данчевска и Истиот извор на Матеа Киселичка. 

Прв дел

КОТЕЛ
Кореограф и режисер: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски

Танчери: Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Јована Зајкова, Сара Цветковска, Синан Кајтази, Фисник Смани и Ники Мусоли.

Кореографијата се бави со физичкиот аспект на човечкото дејствување, во кое нема никакви емоционални и психолошки граници. Како во котел телата се мешаат и постепено зовриваат. При тоа го откриваме односот на поединецот кон групата и обратно, во свет во кој не препознаваме убавина.

Втор дел

ПОГРЕШНО / WRONG 
Кореограф: Адријана Данчевска
Музика: ВЕРКА
Аудио eдитор: Горан Ристевски 
Костими: Благој Мицевски
Танчери: Матеа Киселичка, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Јована Зајкова, Сара Цветковска 

се после се после се …


Трет дел

ИСТИОТ ИЗВОР
Кореографија и режија: Матеа Киселичка
Музика: Kaoru Wada, Yoshida Brothers, Kathryn Kluge and Kim Allen Kluge, Byron Metcalf, Istvan sky.
Костими: Благој Мицевски
Танчери: Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Јована Зајкова, Сара Цветковска 
Во соработка со: Bujinkan Tori - Skopje


Инспирацијата произлезе од самата суштината на боречката вештина нинџуцу, која се базира врз концептот дека сите физички аспекти на постоење потекнуваат од истиот извор, односно од суштинското постоење на петте елементи, каде преку разбирање на истите си овозможуваме себеси да бидеме во хармонија со “шемата на тоталност”.
Кореографското дело го следи физичкиот и карактерниот развој на првите четири елементи, со цел да го достигне највисокото ниво на човечката свест и неговото физичко постоење во петтиот елемент, достигнувајќи го врвот во вештината на движење.

Земја - Како камен, цврти, стабилни, силни
Вода - Како бранови, флуидни, флексибилни, адаптабилни
Празнина - Нашиот дух, мисла, интелект и креативна енергија. Спонтаност и инвентивност.

*****


СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР е првата компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како оснивач и уметнички директор, која активно работи, во континуитет на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на европската танцова сцена. Работата на овој театар промовира нова естетика кај нас и се бави со истражување и продукција во областа на современиот танц. 
Скопје танцовиот театар има повеќе целовечерни продукции зад себе: “Меѓусвет“; “Орландо“; “Човек во ходникот“;“ХОТ“; “Потрага“, серијата представи под име “ИМПУЛС“, потоа “О!(тело), “СМС (сите мои слики), “Блесок“, “Кожа“; како и повеќе кратки кореографии. 
Во неговиот репертоар, покрај делата на Рисима Рисимкин, се изведуваат дела на короеграфите: Џенис Бренар, Шон Скантелбјури, Њујорк, САД; Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун, Тим Персент, Холандија; Катцура Кан, Јапонија; а учествуваат и голем број професори-гости од странство.  
На сцената на Скопје танцовиот театар свое деби, како млади кореографи имаа: Матеа Киселичка, Љупчо Атанасов, Адријана Атанасова, Дора Кокољ, Адријана Данчевска,  Валентино Апостоловски,  Андријана Андреева, Александра Петрушевска и Јакуб Мунко. 
Скопје танцовиот театар има остварено повеќе гостувања, низ Македонија, и во странство, и тоа на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, Хрватска; Саем за танц, Дизелдроф и Културбункер во Келн, Германија (2012); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија (2013), “Meet in Beijing”, интернационален фестивал во Пекинг, Кина (2015), “Open stage program“ во Хаг и Ротердам, Холандија (2015); Share festival во Братислава, Словачка (2017).
 Скопје танцовиот театар го добива својот кадар од Skopje Dance Academy – првата академија за современ танц во Македонија и единствена во регионов за создавање ан танчери за современ танц, чија програма се реализира во соработка со престижната Ротердамска академија за современ танц од Холандија. 


Рисима Рисимкин  е еден од водечките македонски кореографи и уметнички директор на Интернационалниот фестивал за танц ТАНЦ ФЕСТ и Скопје танцовиот театар, кој е прва официјална компанија за современ танц во Македонија. Докторира на државниот универзитет “Кирил и Методиј“ во Скопје на тема “Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа во 20 век“, а магистрира на Универзитетот во Пловдив, Бугарија, на Академијата за Музичка и Танцова уметност (АМТИ) на отсек за кореографија, балетска режија и педагогија, со звање балет-мајстор. Од октомври 2010 година, ја води првата академија за современ танц – Skopje Dance Academy во соработка со престижната Rotterdam Dance Academy, од Холандија. Во периодот од 2005 – 2013 е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО во Париз, Франција, во два последователни мандата. Во сезоната 2012-2103 година, Рисимкин е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција. 
Оснивач е на Интерарт културниот центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројува меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија. Во 2011 година е прогласена за една од 10-те топ менаџерки во Република Македонија. 
Рисима Рисимкин ја претставува Македонија како кореограф во Aркус, Данска; Лајпциг, Келн и Диселдорф, Германија; Солун, Грција – Европска Културна Претстолнина; Лисабон, Португалија – EКСПO – Национален ден на Македонија; Нијамеј, Нигер (2005); Санвинченто, Хрватска; Белград, Србија; Софија и Бургас, Бугарија; Подгорица, Црна Гора, Лондон, Велика Британија, Ротердам, Хаг и Амстердам, Холандија; Пекинг, Кина и др. 
Во 2010 година Рисимкин работи како гостин-кореограф во Ротердам, Холандија и во Националниот балет Љубљана, Словенија. Во 2012 година Рисимкин е учесник на културната олимпијада во Лондон, како кореограф на претставата “Хернри шести“ на Битолскиот театар во проектот на Глоб театарот од Лондон. Во 2016 година работи како гостин-кореограф во Nine Contemporary Dance Company од Пекинг, Кина. Премиерата на претставата “Р.Е.М.“ се одржа како дел од церемонијата на затворање на Интернационалниот фестивал за современ танц во Пекинг, “The New”, а во април 2017 година е на европска турнеја и гостува на танц Фест во скопје, Егзодос фестивалот во Љубљана, Словенија и во Новиот Регентс театар во Хаг, Холандија.


Адријана Данчевска е танчер и кореограф во Скопеј танцовиот театар. Завршува Скопје танцова академија, под менторство на проф д-р Рисима Рисимкин, а во моментов работи и како нејзин асистент. Учествува во севкупната продукција на Скопје танцвоиот театар, а гостува и на проекти надвор од земјава. Како кореограф, за Скопје танцовиот театар создава повеќе кратки кореграфии: “32°”, (дел од претстават “Импулс“); "Alive somewhere else" (2014); "Four" (2016); "СИМБОЛ"(2016) и "Wrong" за Универзитетот за убави уметности од Цирих. Настапува со Скопје танцовиот театар на сите негови гостувања во и надвор од земјава и тоа: фестивал за нтанц и невербален театар, Сенвинченто, Хрватска, ИТС фестивал, Амстерам, Холандија, Келн, Германија, Пекинг, Кина, "Open stage program" во Хаг и Ротердам, Холандија и   Интернационалниот фестивал “SHARE” во Братислава,  Словачка. Дел е од China-CEEC Summer Dance camp, исто така работи со Yukio Suzuki на проектот на Танец Прага и Balkan Dance Project vol.1.

Матеа Киселичка е танчер и кореограф во Скопје танцовиот театар. Завршува Скопје танцова академија, под менторство на проф д-р Рисима Рисимкин, а во моментов работи и како нејзин асистент. Учествува во севкупната продукција на Скопје танцвоиот театар, а гостува и на проекти надвор од земјава. Како кореограф, за Скопје танцовиот театар создава повеќе кратки кореграфии: "Изгубено" (2012), изведена на Македонските вечери во Ну Јорк, Америка; “Загреј го студот“ (2013);  “Дел од мене”, (дел од претставата “Импулс“, (2014); "Создадени Суштества" (2015), “Најди некој” (2016). Настапува со Скопје танцовиот театар на сите негови гостувања во и надвор од земјава и тоа: Фестивал за танц и невербален театар, Сенвинченто, Хрватска; ИТС фестивал, Амстерам, Холандија; “Саем на танцот” Келн, Германија; “Meet in Beijing” Пекинг, Кина; "Open stage program" во Хаг и Ротердам, Холандија; Интернационалниот фестивал “SHARE” во Братислава,  Словачка.