TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Monday, March 5 at 20:30h - 23:00h

Next year

GUESTS

1.6Kinterested
722going
483invited

Details


ЛЕГЕНДАРНИТЕ ТОТО ЗА ПРВ ПАТ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,
Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека еден од најголемите американски бендови на сите времиња- ТОТО, за прв пат доаѓа во Скопје, со концерт во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење, на 5-ти март 2018та година, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“. 
Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена "40 Trips Around The Sun", со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.
- Јас, David, Steve и Joseph сме задоволни и истовремено возбудени за долгогодишниот успех на бендот. Оваа јубилејна турнеја, по повод 40 години од постоењето на ТОТО ќе биде многу специјална турнеја за секој од нас и за сите наши фанови низ светот- вели гитаристот Steve Lukather.
За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци. 
Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.
Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од:

Партер 990 денари
Фан Пит 1500 денари
Silver seats 1200 денари
Golden seats 1500 денари
ВИП 2000 денари

Доколку сакате да бидете дел од ова уникатно музичко уживање, ова е концерт што едноставно не смеете да го пропуштите!
Се гледаме на 05ти март!

Авалон Продукција