TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

205interested
34going
13invited

Details


На 13.08.2017 (недела) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно  искачување на еден од највисоките врвови предвидени во предизвикот - Веливар на планината Дешат, висок 2373 метри надморска височина. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик "12 Врвови" кој беше девети врв за искачување во рамки на проектот.

Целиот ден го поминуваме низ најразновидна природа и најживописни глетки во густа букова и дабова шума, 3 леднички езерца: Локув и двете Требишки: Северно и Јужно Гашово Езеро, на дланка ги гледаме целиот Рекански крај со манастирот Св. Јован Бигорски, градот Дебар и Дебарското Езеро, целата Бистра со врвовите Карбула и Меденица, соседните високи врвови на Крчин и Кораб, одиме низ ливади преполни со секакви шарени цветови и бујни и студени потоци и извори, одиме на вистинско целодневно уживање. 

Цена на превоз 600 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Почетна точка: с. Битуше, 08:00 h
Завршна точка: с.Жировница
Должина на патеката: 20,1 км
Вкупно времетраење: 8 часа (4,5 часа искачување и 3,5 часа слегување)
Тежина на акцијата: средна
Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Симпо, Хотел Карпош, City Mall, Влае, пекара Цујо - Ѓорче Петров.
Пријавување најдоцна до 10.08.17 
Лице за контакт: Зоран Костадинов - 070 641 998.

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка подготовка како и да бидат подготвени за промени и импровизирање на теренот. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. 

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 10.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260