TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Tuesday, March 21 at 12:00h - 14:00h

Already started

GUESTS

150interested
74going
406invited

Details


Мрдни со прст / Lëviz me gisht и „Будење“ не би ги смениле нашите другари и другарки со Даунов синдром и ретки болести за ништо во светот, ама ние светот би го промениле за нив. 

Затоа решивме да ја заокружиме кампањата „Будење“ на денот кога и ја почнавме. Денот кога гласно почнавме да говориме за она што можат нашите другари и другарки, за што сонуваат и што сакаат да бидат. Признаваме дека ова наше „Будење“ беше прекрасно, со многу чиста љубов и убава енергија, нови искуства и пријателства кои траат. По будењете време е да мрдаме со прст! Нашите нови другари Мрдни со прст / Lëviz me gisht на 21-ви март, од 12 часот на градскиот плоштад во Струмица заедно со здружението Здружение за помош и поддршка на лица родени со Down syndrome ВЕРА Струмица ни припремија радости. 

Ќе имаме дневна журка, ќе го славиме денот на пролетта и светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Ќе се заблагодариме на нашите другари и другарки кои беа дел од кампањата „Будење“ и на нивните фамилии, кои  не’ научија колку значи емпатијата во едно општество, како изгледа чистата љубов, и што е трпение. Инаку ќе се журкаме со Toni Zen Official, ќе не’ забавува пантомимичар, ќе не’ цртаат по лице, Ѕуљо ќе се шета со неговите големи дрвени нозе околу нас, ќе летаат балони, ќе даруваме бонбони!

Едно научивме со целата кампња, а тоа е: Љубовта и поддршката не бројат хромозоми. 

Мајка Анче и Daniela, Irena Mila, Elena, Verica, Ivanna, Teano, им се заблагодаруваат на општина Струмица, Public Room, печатницата „ Макрпомет “ - Штип, UNIQA Macedonia, комплекс „Бела Вода“, Sara Milenkovska и нашите најнови другари Мрдни со прст, за поддршка низ целата кампања. Навистина бевме едно и знам дека тука не завршува нашето будење и мрдање со прст.