TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

119interested
24going
702invited

Details


Институционализацијата на лица со попреченост во 19тиот и раниот 20ти век беше во подем. Но втората половина на 20тиот век ја бележи појавата на движења и кампањи кои го акцентираат растењето во заедница наспроти институција. На кои начини како заедница можеме да бидеме вклучени во животот на луѓе со физичка/ментална попреченост? Дали имаат доволно поддршка семејствата со деца со попреченост кои решиле да не го дадат детето во институција? Придружете ни се на филмска проекција на „Моето лево стапало” (“My Left Foot”), филм заснован на вистинска животна приказна, каде заедно ќе дискутираме за овие и други прашања. 

„Парализиран уште од самото раѓање, Кристи е етикетиран како „беспомошен”. Но мајката на Кристи секогаш безрезервно го поддржува. Користејќи го само своето лево стапало, единствениот дел од телото што му е подвижен, Кристи учи да пишува, а подоцна станува и познат писател и уметник.”

Говорнички:
Теано Кардула, активистка
Цветана Зафировска, дефектолог

Време: 17ч, сабота (11.11.2017)
Место: Социјален центар „Дуња“ (спроти градежен факултет)
Влез бесплатен!