TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

37interested
17going
83invited

Details


Третата епизода од серијалот за историјата на уметноста (и цивилизацијата) се фокусира на индустриската револуција, особено на викторијанско доба во Британија од 19-тиот век.

Науката и техниката го постигнуваат зенитот во развојот, општеството го следи тој развој и неминовно се менува. Џон Раскин, критичар на уметноста, уметник и писател од викторијанското доба, ги согледува промените, но истовремено и ги критикува.  Тој смета дека алиенацијата на луѓето од природата е причина за истите. Местото на природата ги заземаат машнините. А ним не им е грижа за човечката духовна состојба. Во новото време на пари и машини, повеќе нема простор ниту за бог, ниту за природата.
 
Раскин го анализира отуѓувањето на работниците од трудот, кој наместо да ги надоградува, ги оддалечува од животот и истовремено ги умртвува. Она што за Раскин претставувала индустријализацијата, ние  денес можеме да го поистоветиме со глобализацијата. Тоа значи дека ние всушност и се немаме ослободено од лошите услови за работа и отуѓувањето, само сме ги поместиле и прошириле во различни делови од светот. Истовремено тој зборува за работниците кои се робови исто како и векови претходно. Тие се експлоатирани робови кои водат полу-живот.

Она што го прави животот вреден за живеење, според него, е уметноста. Таа не е дистракција од суровоста на животот, таа е самиот живот. Таа е предлог за она каков животот може да биде, преку враќање кон природата. 

Оттука, Раскин за разлика од другите современици критичари на уметноста, особено ги почитувал делата на Вилијам Тарнер, уметник од времето на романтизмот. Неговите дела не се само пејсажи, туку се емоции од искуството при набљудувањето на природата,  емоции од нејзината моќ.

Раскин зборува и за архитектурата, која ги изразува вредностите на цивилизацијата. Духовното здравје на една цивилизација се препознава преку архитектурата. И грешките на цивилицијата еднакво се огледуваат во архитектурата. Тој врз база на падот на Венеција по ренесансата, го предвидува падот на Британската империја по индустриската револуција. 

Во оваа епизода, на наше големо задоволство, гостин-воведничар ќе биде историчарот на уметност Bojan Ivanov.

Иако ова е епизода од четвроделен серијал, сепак тие не се директно поврзани и може да се следат и без претходните епизоди.

===

Серијалот „Ова е Цивилизација“ секој понеделник во јуни, предвидува проекција на различни епизоди од документарни филмови во авторство на уметничкиот критичар Метју Колингс, чија намера е да се анализира историјата на уметноста, а со тоа и цивилизацијата, преку разгледување на конкретни дела кои се сметаат за вредни достигнувања од областа на уметноста, а кои воедно направиле фантастичен цивилизациски исчекор предизвикувајќи, преиспитувања и дилеми во мноштво различни области од човековото живеење. Целта на проекциите, кои се своевидни лекции по уметност за почетници, е да се обидеме да ја направиме уметноста разбилива пред се за луѓето кои не се уметници или историчари на уметност. Оттука, ќе се обидеме да одговориме на прашања од типот: Како и зошто античките скулптури на совршени тела се појавиле па исчезнале во христијанството, како оштествените промени како француската буржоаска револуција и индустријализацијата влијаеле на уметноста, како реди-мејд предметот или монохромната слика се врвни современи уметнички дела во 20тиот век.