TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Sunday, Oct 8 at 13:00h - 15:00h

Already started

GUESTS

148interested
60going
18invited

Details


Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ве поканува на работилница за лица и родители на деца со посебни потреби која ќе се одржи на 08 октомври 2017 година во Јавна соба. Настанот е во рамките на проектот “Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” кој е поддржан од Британската амбасада во Македонија.
 
Целта на настанот е размена на искуства меѓу лицата и родителите на деца со посебни потреби и мотивирање на самите лица за земање активно учество во општествениот и културниот живот.
 
Гости на настанот ќе бидат танчерите од танцовото студио за лица со посебни потреби - Ларондина од Велика Британија. Училиштето постои дванаесет години и има значајни достигнувања  како на национално, така и на меѓународно ниво. Во оваа прилика тие ќе ја споделат приказната околу потребата за формирање на вакво училиште и нивната работа, раскажувајќи кој е нивниот мотив за успех.

Агенда:

12:30 – 13:00 Пристигнување

13:00 – 13:30 Воведно обраќање
Вероник Гарет – Едукаторка за работа со деца со посебни потреби
Неда Чаловска Димовска – Проектна координаторка и правна советничка во  Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
Анџелина Алесандре – Претставничка на танцовата група Ларондина

13:30 – 14:30	Работа во групи
Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во една од четирите работни групи и отворено да дискрутираат на следните теми:
1.	Сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост
Сесијата ќе ја води Весна Турмаковска од здружението на граѓани Х.Е.Р.А/Платформа за сексуално и репродуктивно здравје и права на лица со попреченост
2.	Интервенции во рана возраст 
Сесијата ќе ја води Ивона Здравеска – едукатор за работа со деца со посебни потреби
3.	Како да се живее со попреченоста?
Сесијата ќе ја води Снежана Матовска – родител на лице со Даунов синдром
4.	Права и достапност до услуги на лицата со попреченост – искуството на Македонија и Велика Британија 
Сесијата ќе ја води Неда Чаловска Димовска, а активно ќе учествуваат и гостите од Велика Британија

14:30 – 15:00
Мала закуска и можност за разменување на искуства од работните групи

За учесниците кои доаѓаат надвор од градот Скопје, патните трошоци ќе бидат надоместени во висина на повратна автобуска карта.

Контакт лице од Хелсиншки комитет за човекови права на РМ: Неда Чаловска Димовска, тел: 077 699 411, е-адреса: neda.calovska@mhc.org.mk.