TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

179interested
91going
317invited

Details


Конференција: 
Наративите во полу-авторитарни режими (случајот со Македонија)
Организатор: Heinrich Böll Stiftung – Sarajevo
https://ba.boell.org/bs 
https://www.facebook.com/hbssarajevo/

13 Септември 2017 година
18.00 – 21.30
Младински Културен Центар – Кино Фросина, Скопје

Во текот на последната декада голем број на интелектуалци, претставници од невладиниот сектор, меѓународни организации и европската комисија, Република Македонија ја дефинираа како заробена држава, демократура, делумно слободна држава или полу-авторитарен режим. И покрај разликите во дефинициите, сите се сложни дека македонското општество се карактеризира со широко распространета политичка корупција и контрола од страна на државата врз политичкиот, општествениот и културен живот. Во некои аспекти, општеството е изложено и на крајно десничарски и националистички политики и проекти, како и ширење на идеи и верувања, кои имаа и се уште имаат силно влијание на развојот на и така слабата демократија во Република Македонија. На тој начин, загрозени се основните принципи и вредности на либералната демократија, како што се почитувањето на човековите права, родовата еднаквост, положбата на LGBTI заедницата, слобода на говорот и слободни медиуми. Истовремено, десничарските конзервативни и националистички политики имаа силно влијание на политиките на сеќавање и културата. Со цел да се оправдаат и легитимираат овие политики, поранешната влада и владеачки партии со подршка на разни здруженија на граѓани, јавни личности и интелектуалци обликуваа и развиваа низа на наративи, кои служеа за легитимирање на овие политики и проекти. Сето тоа не претставуваше само напад врз основните вредности на либералната демократија, туку и создавање на големи разлики помеѓу „нас“ и „нив“, на меѓуетничко, но и на интраетничко ниво. Исто така, овие наративи ги засилија авторитарните тенденции и вредности во македонското општество. Целта на конференцијата е да се анализираат овие наративи кои беа насочени кон повеќе сегменти од општеството, културата, човековите права, политиките на сеќавања, политичкиот дискурс и медиумите. Во две сесии свои погледи ќе претстават луѓе кои подолго време работат во областите опфатени од ова прашање и кои ќе ги претстават своите искуства и истражувања. 

Програма

Прва сесија (18.00 – 19.30)
Игор Мицевски, Билјана Котевска, Кристина Леловац и Славчо Димитров
модератор, Сефер Тахири

Втора сесија (20.00 – 21.30) 
Ирена Стефоска, Ивана Драгшиќ, Дарко Стојанов, Миша Поповиќ и Влора Речица 
модератор, Љупчо Петковски