TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Saturday, Oct 7 at 10:30h - 16:00h

Already started

GUESTS

581interested
79going
442invited

Details


Истражете ги древните пејсажи, завладејте од троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години!

Билети на: bit.ly/kokinoWSW

По повод Светската недела на вселената, во сабота (07.10) го освојуваме Кокино, мегалитската опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане. Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Датира од 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

По посетата на Кокино, вклучуваме и посета на црквата св.Ѓорѓи во центарот на селото Старо Нагоричане.

Што да понесете со себе?
- топла облека и зимска јакна (поради силниот ветер на Кокино)
- удобни патики или чизми
- вода и храна (од наша страна обезбедуваме само по 1 мало шишенце вода и мала закуска)

Поаѓањето со автобускиот превоз е во сабота, 10:30 часот, од Дрво Декор. Би ве замолиле за пристигнување 10тина минути пред тргнувањето за да немаме задоцнувања. 
Пристигнување назад во Скопје, околу 16 часот, истиот ден. 

***

За Светска недела на вселената:

Светска недела на вселената е интернационален настан кој се одржува секоја година од 4-10 октомври во 86 држави низ светот и вклучува речиси 2700 настани. Целта е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година. 

Овие датуми одбележуваат два историски битни настани:

4 октомври 1957: Лансирање на првиот сателит Спутник 1, со што се отвора патот за истражување на вселената.

10 Октомври 1967: Потпишувањето на Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.

Светската недела на вселената во Македонија се одбележува преку низа на настани со вселенска тематика, во организација на World Space Week Macedonia.

Билети на: bit.ly/kokinoWSW