TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by:

ikigai

GUESTS

127interested
80going
891invited

Details


„Нов Град“ е дводневен настан кој ќе се оддржи на 11ти (сабота) и 12 (недела) во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Настанот е поделен на концертна вечер на која ќе настапат три македонски групи и филмска вечер – ревија на кратки македонски филмови и анимации.

Сабота, 11 ноември, тераса, 21 ч.

Концерти:

К.Н.Н.Т (фуриозно електро-индустријал- панк дуо од Скопје составено од Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал. Постојат од 2010, зад себе го имаат и-пито „Нежно“ за домашната издавачка етикета „Шарла“. Свиреле Во Србија, Албанија и низ скоро цела Македонија, ова им е премиерен настап во Кочани.

https://soundcloud.com/k-n-n-t

https://sharla.bandcamp.com/album/nezhno-ep

https://knnt.bandcamp.com/


„Sweet Rapscallions“ се повеќечлен арт колектив од Битола кој создава авангарден, психоделичен, навидум мрачен поп кој се забавува врз амбиент од електроника, семплови и пулсирачка атмосвера. Во креирање на нивната музика освен класични инструменти, користат уреди од домаќинството, машини не наменети за музика и различни ударалки. Во февруари годинава за Шарла го издаваат деби албумот снимен од настапот во живо во музичкото радио „Канал 103“.  Моментално настапуваат како трио.

https://soundcloud.com/sweetrapscallions

https://sharla.bandcamp.com/album/stereo-memory-live-at-kanal-103-lp

„Anna O“ се Кочански бенд. Единствениот активен авторски бенд во градот. Деби албумот им се вика „Подочњаци“, скромната македонска критика рече дека е еден од најдобрите албуми за 2015, а „Anna O“ го свиреа на концерти и фестивали насекаде низ Македонија. Освен во Кочани. Ова е деби концертна промоција на „Подочњаци“. Или на новиот албум кој го снимија пред еден месец а ќе излезе во 2018та. Но тоа и не е толку важно.
 
Anna O. Премиерно. Во Кочани.

https://kranrecords.bandcamp.com/album/--4


______________________________________________________


Недела, 12 октомври, Мала Сала, 20 ч.

Ревија на македонски кратки филмови и анимации:


„Чевли“ (2016) - Бранко Костески
 
„Ќе дојдат децата“ (The Children Will Come) (2016) – Ана Јакимска
  
„Човекот кој не беше таму“ (The Man Who Wasn’t There) (2017) и „The man who wouldn't die“ (2015) – Гоце Цветановски

„Девојката што паѓа“ (2015) – Владимир Лукаш 

„Кружното патување на Марето“ (2015) – Жарко Иванов
 
“Пепи и Муто“ (2015) – Георги Уковски 

“Конзо“ (2013) и “People’s Front” (2012) – Иван Ивановски

„Зелени ѕидови – црна храна“ (2015) – Сандра Ѓоргиева

„Направи Сам“ (2013) – Андреј Георгиев



Настанот „Нов Град“ е поддржан од Министерството за Култура во рамките на манифестацијата „Нов Културен Бран“.

Влезот за двете вечери е слободен.