TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Saturday, Aug 12 at 08:00h - Aug 13 at 12:00h

Already started

GUESTS

94interested
75going
675invited

Details


ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО ГОЛАК – Делчево, на ден 12-13 август 2017 година (сабота-недела), организира планинарски марш по повод првиот наставник по физичко воспитување во Општина Делчево - Никола Боински,со  следната маршута : 
          Град Делчево 595 м.н.в. – Манастирски комплекс Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Трајанов Рид 760 м.н.в. -  Долна Богданица 946 м.н.в. – Спортски терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1536 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон  1508 м.н.в. - Врв Мала Чавка 1517 м.н.в.  Се враќаме по истиот пат наредниот ден 13.08.2017 (недела),можно е патеката да ја промениме заради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.Кој сака може да учествува само еден ден,односно во сабота да го искачи врвот и да се врати назад.
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 4 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова,габерова и борова шума.
- Патеката на некои места минува низ густа шума но не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.Патеката е средно тешка. 
- Потребна Опрема :
Шатор,вреќа за спиење,Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки кондури за летно време,Ранец за дводневна акција најмалку 45 литри,Планинарски стапчиња,Челна лампа,Рачна светилка,Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри,Јакна и полари заради тоа што вечерта на оваа висина може да биде посвежо.

-Прв ден 12 август 2017 год.(сабота) собирање на учесниците од 07.30 до 08 часот.Тргнување во 08 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме до манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в.на подножјето на планината Голак,каде ќе имаме мала пауза (овде може да се наполни планинска вода),потоа продолжуваме над 3 Реон по месноста Трајанов Рид  760 м.н.в.каде ќе имаме мала пауза,потоа продолжуваме кон Долна Богданица 946 м.н.в. па Спортски терени на Голак 1400 м.н.в. од каде продолжуваме до врв Чавка 1536 м.н.в.По кратка пауза за фотографирање продолжиме кон Манастирот Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв мала Чавка 1517 м.н.в.од таму се враќаме кај спортските терени 1400 м.н.в.Во 14 часот ќе имаме ручек (планинарско гравче ) со салата,како и пијалоци кои се обезбедени од ПСД ГОЛАК Делчево.Потоа ќе ги поставиме шаторите  каде ќе логоруваме.Во близина има чешма со вода за пиење како и Вила Гранит којa работи и во која има јадење и пиење ако некој сака.Вечерта ќе имаме слободни активности како и дружење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Потребно е сите шатори да бидат на едно место  заради безбедност и прегледност.
 - Ќе доделиме Благодарница за секое планинарско Друштво како и за најстар и најмлад планинар,по што ќе следи забавно рекреативен дел,односно кај спортските терени 1400 м.н.в.има игралишта за фудбал,кошарка и тенис  па кој сака може да рекреира.Кој сака може да направи и кратка обиколка околу спортските терени.Имаме инструктор по јога па кој сака може во договор со инструкторот да медитира и да прави вежеби.Во овој период на Голак има повеќе видови на чаеви па кој сака може да си набере.

-Втор ден 13 август 2017 год.(недела) се враќаме назад за Делчево во 09 часот по истата маршута како и на 12.08.2017 год.со што можеме да ја смениме маршутата.

-ПСД ГОЛАК Делчево обезбеди возило со кое ќе се транспортираат сите ранци од Делчево до Спортските терени на ГОЛАК,со што би било добро сите да си носат мал ранец кој ќе служи за носење на вода и на неопходните работи,со тоа движењето ќе биде олеснато и релаксирано. 

Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба за вечера и доручек, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ........
Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Информација: - Од самиот простор кај црквата Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци. 

Организација :
ПСД ГОЛАК Делчево : – Претседателство : Љупчо Чучуковски,Јонче Атанасовски,Валентина Чучуковска,Лоренцо Трајановски – Секретар : Дарко Тодоровски

Водич: Љупчо Чучуковски 
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 4-ца.

ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 10 август (четврток) 2017 год.(четврток) Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил psdgolakdelchevo@yahoo.com 
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ МЕЃУНАРОДЕН СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!