Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства кои се случуваа во тоа време и кога ова МВР беше нарекувано со едно друго име. Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат. https://t.co/SB8AV7RYkm
На припадниците на САЕ ТИГАР јавно им оддавам признание за сето она што го прават во сите оперативни акции, а посебно во ОА Безбеден град, во која покажаа дека нема апсолутно можност за ниту еден криминалец да ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните. https://t.co/AtuOD1GaDv
Имаме изолирана поголема група со која работиме, очекувам во нареден период ќе имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент во однос на лажните дојави за бомби.
Храбро чекорејќи во петтата деценија од своето постоење, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР се профилираше во високоспецијализиран тим на обучени полициски службеници, секогаш беспрекорно подготвени да се спротивстават на новите предизвици во борбата против криминалот. https://t.co/qblKuDUQeQ
За кривичното дело ‘разбојништво’ бележиме намалување за 70,83%, за периодот јануари-февруари 2023 споредбено со минатата година. Од една страна, имаме намалување на криминалитетот, од друга страна имаме зголемување на откривачката функција. https://t.co/Gz9oYnHfPM
Со посебен пиетет положив цвеќе пред споменикот на загинатите бранители од 2001, а по повод 22 години од успешната полициско-воена акција на македонските безбедносни сили кои го ослободија тетовското Кале и извојуваа победа за време на воениот конфликт од 2001 година. Слава им! https://t.co/Fq6lmbzs3g
🇲🇰🇷🇸Топло добредојде во Белград од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ - потврда за долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. https://t.co/aePyw0WSHHhttps://t.co/YXzx9Ar48Y
Моите политички амбиции се остварување на целите на државата. Исто како кога бев премиер, дел од потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО, подигањето на македонското знаме пред НАТО. Следната цел за која силно посакувам е членството во ЕУ. Државата и граѓаните пред сѐ.🇲🇰 https://t.co/S8cer3dZb9
На средба со заменик Шефот на Мисијата на @USEmbassySkopje, Н.Е. Ерик Мејер, упатив благодарност за досегашната соработка и поддршка на Соединетите Американски Држави години наназад конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на МВР.