Атина, (МИА) - Македонската Влада не побара воена помош од Грција, но доколку тоа го побара, јасен е ставот на официјална Атина - таа е против каква било воена интервенција во соседните земји, изјави грчкиот министер за одбрана Акис Цохаsопулос, во интервју за атинското радио "Флеш".
ПОРАДИ ВЛОШЕНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА Домот на културата "Кочо Рацин" ќе го одложи пролетното еко-дефиле по повод Деновите на пролета и на екологијата поради влошената безбедносна состојба во земјава. Еко-настанот требаше да се одржи од 21 до 28 март.
Москва, (МИА) - Ситуацијата во Македонија излегува од контрола поради постојаните напади на албанските екстремисти, предупреди рускиот претседател Владимир Путин. "Прво на албанските сепаратисти им се даваше оружје, а сега никој не знае како да излезе на крај со нив", нагласи Путин во обраќањето ...
Два телескопи, кои се поставени на изгаснатиот вулкан на Хаваите, Мауна Кеа, се поврзани на таков начин што заедно сочинуваат еден оптички инструмент, што е доволно силен да ги открие планетите надвор од нашиот Сончев систем, соопшти вчера американската Агенција за истражување на вселената (НАСА).
Бујановац, (МИА) - Припадниците на заедничките воено-полициски сили на Југославија продолжуваат со реализација на планираните задачи за обезбедување на границата кон Република Македонија, соопшти денеска Командата на овие единици.
Бујановац, 20 март - На подрачјето на јужна Србија во текот на завчерашниот ден албанските екстремисти во повеќе наврати и на различни локации повремено отварале оган од автоматско оружје и со тоа го нарушиле договорениот прекин на огнот.
Дубаи, 20 март - Во Оман е родена шесторка, што за последен пат во тој арапски емират е забележано пред 30 години. Трите девојчиња и трите момчиња, родени во болницата "Султан Кабус", се во добра здравствена состојба. Во извештаите не се наведува името на мајката и нејзината националност.
Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ вчера ветија силна политичка помош за Македонија во борбата против албанските терористи, но студено го примија предлогот тука да се испратат трупи од западните земи. Петнаесетмината министри во разговорите со министрот Срѓан Керим ја истакнале ...
ОПШТИНА ЧАИР ГИ УТВРДИ ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА ГОДИНАВА Реконструкција се предвидува на патните правци Радишани - Љубанци, Бутел - Љуботен, Љуботен -Раштак, локалниот пат од селото Љуботен до детското одморалиште во Љубанци, патот Визбегово - Шуто Оризари, локалниот пат од Кучевишка Бара до приклучокот ко ...
ЛОНДОН, (Ројтерс) - Тој е среќен, мирен и отворен кон светот, тешко фановите да поверуваат во тоа, знаејќи го Ник Кејв како икона на независната сцена, со наклоност кон мрачни балади полни со темни стихови за уништена љубов. Но, со новиот албум и стихозбирката што треба да излезе во април, Кејв ...