TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-19 - 2001-03-25

Тенковите на АРМ влегоа во Тетово

Вест - 20.03.2001

ЗАТИШЈЕ НА ФРОНТОТ ПОД ШАРА Во Тетово вчера беше мирно, а раздвиженоста на граѓаните по улиците беше речиси невообичаена. Работат големите фирми, училиштата се затворени, а отворени се само маалските дуќани и лебарниците. Влегувањето на тенковите поздравено со детонации од стра Колона на АРМ во ...

Во Штип пребегаа 120 лица

Вест - 20.03.2001

Во текот на изминативе неколку дена, а најмногу вчера, во Штип пристигнаа 120 раселени лица. Тоа се главно стари жени и деца од Тетово и сосема мал дел од Гостивар. Тие се сместени кај свои роднини и пријатели, а во општинската организација на Црвениот крст само се евидентирани.

Обесени петмина наркодилери во Иран

Вест - 20.03.2001

Техеран, 20 март - Пет лица, кои се осудени поради продавање дрога, вчера се јавно обесени во Техеран. Петмината наркодилери, меѓу кои и една жена, се осудени на смртна казна од револуционерниот суд поради продавање дрога во источниот дел на Техеран.

Осуден дилер се жали дека не знаел оти поседувал хероин

Вест - 20.03.2001

АПЕЛАЦИОНЕН СУД ВО СКОПЈЕ Апелациониот суд од Скопје одржа јавна седница на која расправаше по поднесените жалби за пресудата на Сулејман Хаџид. Од Судскиот совет во скопскиот Основен суд 2 Хаџид бил прогласен за виновен и осуден на две години затвор за кривично дело : неовластено производство и ...

ДНП: Прекин на воените дејства и преговори

Вест - 20.03.2001

- Претседателството на Демократската национална партија (ДНП), вчера издаде соопштение во кое се вели дека "предлага предност да се даде на прекинот на воените дејства, бидејќи без замолкнувањето на оружјето не можат да се решат постојните проблеми".

И бракот се крои по Фенг шуи

Вест - 20.03.2001

Поради зголемениот интерес на младите да стапат во брак на 16 јуни, кој според уметноста Фенг шуи е најповолен ден за впловување во брачните води, властите на Хонг Конг беа принудени да обезбедат доплнителени објекти за одржување на венчавките.

Владо Бучковски : Димовска и Андов ја минираа новата влада

Вест - 20.03.2001

Доста Димовска, Стојан Андов и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поради теснопартиски интереси се виновниците за пропаѓањето на идејата за широка коалиција, смета СДСМ. Портпаролот Владо Бучковски го пренесе ставот на партијата дека понудата сеуште е отворена.

Ширум светот годинава убиени 20 новинари

Вест - 20.03.2001

Вашингтон, 20 март - Повеќе од 20 новинари се убиени ширум светот минатата година за време на вршење на својата должност, се вели во годишниот извештај насловен "Напад над печатот во 2000 година", што вчера го објави Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк.

Пит и Анистон преговараат за деца

Вест - 20.03.2001

ЛОНДОН, (Ројтерс) - Филмската sвезда и кршач на женски срца Бред Пит вели дека е прекрасно да се биде во брак со Џенифер Анистон и дека планираат да имаат деца. "Бракот е супер. Одлично се чувствувам што се нафатив да појдам по еден ваков пат со една прекрасна жена која сака со мене да го сподели ...

Граѓаните ги повлекуваат девизите од банките, менувачниците држат астрономски курсеви

Вест - 20.03.2001

ТУРБУЛЕНЦИИ НА МАКЕДОНСКИОТ ДЕВИЗЕН ПАЗАР Банките продолжија со лимитираната продажба на ГМ, освен Стопанска банка, која вчера привремено ја стопираше продажбата поради масовното подигање на девизните заштеди на шалтерите Вчера, шалтерите на Стопанска банка беа преполни со штедачи кои масовно ги ...