TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-11-05 - 2001-11-11

Милијардерот Мајкл Блумберг нов градоначалник на Њујорк

Вест - 08.11.2001

ЊУЈОРК, 8 ноември (Ројтерс) - Републиканскиот милијардер Мајкл Блумберг (59) е победникот во трката за градоначалник на Њујорк кој потроши рекордни 50 милиони долари за да го порази ветеранот во политиката - демократот Марк Грин.

Њујорчани гласаа за нов градоначалник

Вест
2 поврзани вести »

Тероризмот дилема и за ОН

А1 - 11.11.2001

Кофи Анан и Џорџ Буш денска отидоа да го посетат местото на злосторот, местото на Светскиот трговски центар, каде што загинаа повеќе од 6.000 луѓе, кажано по њујоршки го посетија сега бришаниот простор. Во Обединетиоте Нации пак останува дилемата или разликите околу дефинирањето на тоа што е ...

Почнува генералното собрание на ОН

А1
2 поврзани вести »

Слога Ј. и Победа гостуваат

Дневник - 10.11.2001

СПОРТСКИ ВИКЕНД ФУДБАЛ: Прва лига, 14. коло, денеска (14 ч): Македонија ЃП - Работнички К. Утре (14): Силекс - Слога Ј, Куманово - Осогово, Беласица ГЦ - Победа, Вардар - Цементарница, Пелистер - Напредок. Втора лига, денеска (14): Турново - Слога, Тиквеш - 11 Октомври, Брегалница - Борец, Јака - ...

Тиквеш на чело, Младинец изненаден од Компрад

Вест
2 поврзани вести »

Стојановска ќе плива на Отвореното првенство на САД

Дневник - 06.11.2001

- Во крајот на ноември ќе учествувам на Отвореното првенство на САД во пливање, кое ќе се одржи во Њујорк - ни изјави Весна Стојановска, македонската репрезентативка, која од есенва учи гимназија на Флорида (САД). - Во следните две недели ќе ги имам најважните натпревари за моето училиште, меѓу ...

Двегодишен затвор за измамник со лажни работни визи

Вест - 06.11.2001

Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје, обвинетиот Зоран Петровски со два прекари Џексон или Џак, за две кривични дела: измама, го прогласи за виновен и му изрече затворска казна од 2 години. Според обвинителниот акт, сега осудениот Петровски, пред четири години за два месеци успеал да излаже ...

Риби-непланирани промени

Дневник - 06.11.2001

Денешниот ден ќе ви донесе некои непланирани промени во љубовниот живот. Тоа го правите поради некое незадоволство, а како оправдување ја наметнувате монотонијата во љубовната врска. Не барајте премногу од партнерот, возбудувањата не доаѓаат кога се е по ваша волја.

Американците трупаат командоси во Авганистан

Дневник - 06.11.2001

ЗА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ЕФИКАСНОСТА НА БОМБАРДЕРИТЕ Пентагон се уште не размислува за голема копнена интервенција во која би учествувале илјадници американски војници поддржани со тенкови и артилерија Нови тимови американски командоси во текот на викендот се префрлени на територијата на Авганистан, ...

Митингот во Солун последен филтер за настап на ЕП

Дневник - 06.11.2001

ПЛИВАЊЕ - Меѓународниот пливачки митинг "Александар", кој во првата недела на декември ќе се одржи во Солун, ќе биде последен филтер за македонските репрезентативци - кандидати за настап на Европското првенство (ЕП) во кратки базени - изјави Димитрија Поповски, пливачкиот селектор на Македонија.

Архаичната убавина на женското тело кај Ѓоргиев

Вест - 06.11.2001

ГАЛЕРИЈА Во Културно информативниот центар во тек е изложбата на Станко Ѓоргиев. Поставени се триесетина слики масло на платно, скоро сите со големи формати. Ѓоргиев кој скоро дваесетина години е присутен на македонската ликовна сцена работи во стилот на експресионистите.

Хрватска може да поднесе барање за членство во ЕУ пред 2006

А1 - 06.11.2001

„Нема алтернатива на спогодбата за стабилизација и асоцијација, која Хрватска ја потпиша со Европската Унија минатата недела“, изјави премиерот Ивица Рачан, додавајќи дека доколку Загреб успешно ја исполни спогодбата може да поднесе барање за членство во Унијата и пред крајот на 2006 година.